РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОУ Димитар Миладинов Општина Центар Скопје
Г О Д И Ш Н О Г Л О Б А Л Н О
И
Т Е М А Т С К О П Л А Н И Р А Њ Е
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ПО
Ф И З И К А ЗА V I I ОДДЕЛЕНИЕ
ЗА УЧЕБНАТА
2011/2012 ГОДИНА
Директор: Славјанка Димова Предметен наставник: Аида Петровска
бр |
Наставна тема
|
Обработка на нова наставна содржина |
Нум. задачи |
Активности |
Лаб. вежби |
Тематски тест |
Вкупно |
реализација |
1. | Тела, супстанци, физички величини и мерења на физичките величини |
7+1 |
2 |
1
|
2 |
1 |
14 |
IX X |
2. | Движење и сили | 11 | 2 | 3 | 3 | 2 | 21 | X XI XII |
3. | Енергија | 7 | 3 | 3 | 2 | 2 | 17 | I II III |
4. | Внатрешна енергија и топлина | 8 | 3 | 5 | 3 | 1 | 20 | III IV V VI |
Вкупно |
| 34 | 10 | 12 | 10 | 6 | 72 |
|
ПЛАН И ПОДГОТОВКА НА ЧАСОТ
Вовед во физиката
Посебни наставни цели:
Ученикот/ученичката:
да се запознае со предметот на изучување на физиката;
да го разбере поимот материја и својствата на материјата;
да се запознае со поимот експеримент преку определени примери.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
објаснува за предметот на изучување на физиката;
набројува природни појави и дава примери за физичките појави;
врши класификација на физичките појави;
разликува супстанца и физичко тело, т.е. може да каже дали во природата има повеќе тела или супстанции;
дава примери за движење на материјата;
набројува постапки и методи што се користат при изучување на појавите;
објаснува зошто физиката е експериментална и теориска наука.
Корелации со темата и други предмети:
Историја,граѓанска култура, искуства од секојдневниот живот;
Природна група предмети: географија, хемија, биологија
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
Разговор за тоа што знаат или слушнале учениците за физиката, природните појави, експериментот и сл.
Разговор за големите откритија и биографијата на познатите физичари и нивната улога и значење за развојот на цивилизацијата.
Изведување на експеримент (за мотивирање на учениците): електризирање на стаклена прачка, дејство на магнет врз магнетна игла, презентирање на некои апарати и инструменти кои ги има во кабинетот.
Наставни средства и материјали:
- училница, училишен прибор, учебник, работна тетратка, нагледни средства: магнет, магнетна игла, стаклена прачка, свилена крпа, иситнета хартија, електроскоп и други апарати и инструменти.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката при влезот во VII одд. преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
разговор и усна повратна информација;
ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема: 1
Тела, супстанции, физички величини и мерења на физички величини
Реден број | Структура на темата Тела,супстанции, физички величини и мерења на физичките величини | Време на реализација |
1 | Запознавање со програмата (лесно и интересно) |
СЕПТЕМВРИ -ОКТОМВРИ |
2 | Дијагностички тест |
3 | 1.1 Тела |
4 | 1.2 Градба на телата |
5 | 1.3 Мерење на физичките величини. Време |
6 | Лабораториски вежби |
7 | 1.4 Мерење на должина |
8 | Нумерички задачи |
9 | 1.5 Мерење плоштина и волумен |
10 | Нумерички задачи |
11 | 1.6 Мерење маса |
12 | Лабораториски вежби |
13 | 1.7 Густина на телата |
14 | Активности (повторување на темата) |
15 | Контролен (тематски) тест |
Наставни цели: Ученикот/ученичката:
да се оспособи да ги разликува различните агрегатни состојби на телата;
да го опишува преминувањето на телата од една во друга агрегатна состојба;
да ја свати градбата на телата;
да се запознае со поимот физичка величина и мерење и SI системот (величини, ознаки, единици мерки и нивни ознаки);
да знае да мери должина, време, плоштина, волумен и да ги изразува со соодветните единици мерки;
да знае дека масата е мерка за количество на супстанца и дека таа не се менува без разлика каде и да се наоѓа телото во космосот;
да ја опишува густината на телата.
-
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
ги набројува агрегатните состојби на супстанцијата, давајќи примери за секоја;
ги објаснува својствата на агрегатните состојби;
дефинира што е атом, молекула, меѓумолекуларни сили и меѓумолекуларно растојание;
скицира градба на супстанцијата;
ги знае основните мерни единици во SI системот;
групира основни мерни единици од изведени;
употребува симболи за физичките величини и мерните единици;
набројува мерни инструменти за време, должина и маса;
ги набројува елементите на шублерот;
умее да мери време, должина, плоштина, волумен, маса и густина на телото;
математички ја изразува густината на супстанцијата;
претвора од една мерна единица во друга;
решава задачи во кои пресметува густина, маса и волумен на тело.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Користење искуство од секојдневниот живот.
Користење знаења и вештини стекнати од предметите ЗПО, Природни науки, Техничко образование и Математика.
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
Набљудување на различни тела во непосредна околина;
експерименти: загревање вода до вриење, мешање капки калиев перманганат со вода, мешање вода и алкохол, ширење на мирис од парфем, мешање 100cm3 зрна од грав од една мензура и 100cm3 зрнца од ориз од една мензура во трета;
искажување на резултатите и разговор за нив;
проценување и мерење на време, должина, плоштина, волумен на тело со правилна геометриска форма;
определување волумен и маса на тело со неправилна геометриска форма;
покажување дека некои тела со еднаков волумен имаат различна маса и обратно;
разговор: потреба за воведување на поимот густина;
определување на густината на телата чија маса и волумен претходно беа определени, преку нивниот количник;
решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда
- училишен прибор, убник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: мензури, зрна грав и ориз, парфем, калиев перманганат, епрувети, решо, сад за загревање на водата, часовник, штоперка, шублер, метро, вага, тегови, коцки од дрво и ламарини со еднаков волумен и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката при влезот во VII одд. преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
разговор и усна повратна информација;
следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (мерење на време, должина плоштина, волумен, маса и густина, решавање на задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
сумативно оценување
Забелешка од реализацијата на темата:
ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 2 Движење и сили
Реден број | Структура на темата Движење и сили | Време на реализација |
16 | 2.1 Механичко движење. Рамномерно праволиниско движење |
ОКТОМВРИ – НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ |
17 | 2.2 Рамномерно забрзано движење |
18 | Лабораториски вежби |
19 | 2.3 Сила |
20 | Активности ( повторување) |
21 | 2.4 Еластична сила и мерење на силата |
22 | Лабораториска вежба |
23 | 2.5 Инерција, aкција и реакција |
24 | 2.6 Врска помеѓу силата, масата и забрзувањето |
25 | Активности |
26 | Контролен тест |
27 | 2.7 Земјина тежа. Тежина |
28 | 2.8 Триење |
29 | Нумерички задачи |
30 | 2.9 Тежиште и рамнотежа на силите |
31 | 2.10 Лост и негова примена |
32 | Лабораториска вежба |
33 | 2.11 Притисок |
34 | Нумерички задачи |
35 | Активности |
36 | Контролен тест |
Наставни цели:
Ученикот/ученичката:
да може да објасни што е механичко движење;
да определува кое тело се движи праволиниски, а кое криволиниски;
да научи кога едно тело се движи рамномерно, а кога забрзано;
да ги научи и разбере формулите со кои се изразува брзината, патот, забрзувањето;
да објасни што е сила и да ја прпознава во природата;
да го опишува начинот на кој делува гравитацијата, електричната и магнетната сила, да разбере како дејствува еластичната сила;
да го разбира поимот инерција и да знае дека мерка за инерција на телото е неговата маса;
да разберат дека силите секогаш дејствуваат во пар;
да ја осознае врската помеѓу силата, масата и забрзувањето;
да научи што е Земјина тежа и која е разликата меѓу Земјината тежа и тежината на телото;
да знае што е сила на триење и нејзиното значење во секојдневниот живот;
да се опише тежиште и рамнотежа на телата;
да научи што е лост и каде се применува;
да научи што е притисок, како се обележува, како се определува и да го препознава во примери од секојдневието.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
дефинира референтно тело и го објаснува поимот релативност;
дефинира патна линија или траекторија, знае што е брзина, со која единица мерка се изразува и ја користи формулата за брзина за да го пресмета патот или времето на движење;
дефинира забрзување, единица мерка за забрзување и решава едноставни задачи со примена на совладаните формули;
објаснува со кои четири елементи е дефинирана силата;
ги класифицира силите според дејството;
да ја црта и објаснува силата како вектор;
да црта графикон на зависноста на растегнувањето од силата;
да изработи динамометар и да мери сила со него;
дава примери за инерција од секојдневието;
демонстрира еднаквост на акција и реакција, го објаснува принципот на кој е заснован реактивниот мотор;
ја применува формулата со која се изразува врската меѓу масата, силата и забрзувањето при решавање на задачи;
го применува знаењето за Земјината тежа и тежината на едноставни задачи;
споредува силата на триење при лизгање и при тркалање и математички го изразува коефициентот на триење;
ги применува знаењата за тежината и рамнотежа на практични примери;
ја објаснува примената на лостот и решава едноставни задачи;
математички ја изразува зависноста на притисокот од површината и нормалата на силата и решавање на едноставни задачи.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Користење искуство од секојдневниот живот.
Користење знаења и вештини стекнати од предметот ЗПО, природни науки, техничко образование, математика и географија.
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
експерименти: определување на брзината на автомобилче на батерии; воведување на поимот забрзување со помош на топче кое се тркала по наведена рамнина, демонстрирање на електрични, магнетни и еластични сили;
разговор со учениците за промената на движењето и обликот на телото под дејство на сила;
табеларно и графичко прикажување на зависноста на растегнувањето на пружината од силата;
мерење со динамометар и воведување на мерните единици;
воведување на поимот инерција преку примери;
демонстрирање на врската помеѓу силата, масата и забрзувањето преку соодветен експеримент во кој се менуваат овие величини;
експеримент: истражување на зависноста на силата на триење од видот на подлогата, тежината и допирните површини;
табеларно и графичко прикажување на триењето;
соодветни истражувања на учениците со кои ќе дојдат до одредени заклучоци за рамнотежата на телата, примената на лостот и зависноста на притисокот од силата и површината;
решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: штоперка, автомобилче на батерии, метро, наведена рамнина, топче, стаклена прачка, свилена крпа, магнет, магнетна игла, пружина, статив, тегови, динамометар, прибор за одредување тежиште и рамнотежна положба на тела со различна форма, лост, пластични садови со ист и различни основи и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
разговор и усна повратна информација;
следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (изработка на динамометар, изработка на тебели и графици, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
-
сумативно оценување
Забелешка од реализацијата на темата:
ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 3 : Енергија
Реден број | Структура на темата ЕНЕРГИЈА | Време на реализација |
37 | 3.1. Работа |
Јануари - март |
38 | 3.2. Енергија. Кинетичка енергија |
39 | Нумерички задачи |
40 | 3.3. Гравитациска потенцијална енергија |
41 | Активности( повторување) |
42 | 3.4 Енергија на еластична пружина |
43 | Лабораториски вежби |
44 | Активности – подготовка за тест |
45 | Контролен тест |
46 | 3.5 Закон за запазување на енергијата |
47 | 3.6. Моќност |
48 | Нумерички задачи |
49 | 3.7. Прости машини |
50 | Лабораториски вежби |
51 | Нумерички задачи |
52 | Активности – подготовка за тест |
53 | Контролен тест |
Наставни цели:
Ученикот/ученичката:
да научи што е работа, што е енергија, какви видови на енергија постојат;
да научи каква енергија е кинетичката енергија и од кои величини зависи;
да може да ја опишува гравитациската потенцијална енергија и да ја поврзува со работата преку различни примери на претворање на енергијата;
да ја опишува елестичната енергија и заедно со гравитационата енергија да ги објаснува како облик на потенцијална енергија;
да научи што е моќност, како се пресметува и со која единица мерка се изразува;
да може да ја разбери суштината на принципот на работа на простите машини, кои овозможуваат со помала сила да се изврши иста работа.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
дава примери кога едно тело врши работа;
дефинира: механичка работа и математички ја изразува зависноста на работата од силата и патот;
дефинира енергија, опишува видови на енергија и ја поврзува енергијата со работата;
дефинира потенцијална енергија, математички ја изразува и од неа ја изразува h;
дефинира кинетичка енергија, математички ја изразува a како и m, и v;
го дефинира законот за запазување на енергијата;
објаснува што претставува перпетум-мобиле;
дефинира моќност и единица за моќност, математички ја изразува моќноста, а од неа работата и времето;
математички го изразува коефициентот на полезно дејство;
решава задачи во кои пресметува потенцијална и кинетичка енергија, моќност и го применува законот за запазување на енергијата.
Корелации меѓу темата и други предмети:
Искуства од секојдневниот живот;
Знаења стекнати од темата 2: Движење и сили
природана група предмети, математика
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
изведување на експеримент-делување со сила на тело (при хоризонтално повлекување на подлога и при подигање);
воведување на математички израз за работа на сила;
изведување на експеримент со цел да се разбери поимот кинетичка енергија (судар на различни тела);
пресметување на Земјината тежа и поврзување со гравитациска потенцијална енергија;
изведување експеримент: определување на работата на еластичната сила;
изведување експеримент: топка што скока, Јо-јо, топче што се ниша, со кои на ученикот ќе му се покаже дека енергијата во природата преминува од еден во друг вид;
изведување експеримент со цел да се воочи како еднаква работа може да се изврши за различно време (качување и трчање по скали);
воведување на математички израз за моќност и изведување на мерна единица;
преку примери, разговор и демонстрација се приближува на учениците принципот на работа на простите машини;
решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: неколку различни тела, пружина, пинг-понг топче, Јо-јо, математичко нишало, макари, наведена рамнина и др.
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигањата на учениците
формативно оценување
согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските;
разговор и усна повратна информација;
следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (демонстрирање на законот за запазување на енергијата, примена на макари, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
сумативно оценување
Забелешка од реализацијата на темата:
ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Тема 4: Внатрешна енергија и топлина
Реден број | Структура на темата ВНАТРЕШНА ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНА | Време на реализација |
54 | 4.1. Внатрешна енергија и топлина |
МАРТ - АПРИЛ - МАЈ - ЈУНИ |
55 | 4.2. Температура. Мерење на температурата |
56 | Лабораториски вежби |
57 | Нумерички задачи |
58 | 4.3. Промена на внатрешната енергија со работа и топлина |
59 | Активности( повторување) |
60 | 4.4. Пренесување на топлина |
61 | Лабораториски вежби |
62 | 4.5. Топлинско ширење на тела |
63 | Нумерички задачи |
64 | 4.6. Топлинско ширење на гасовите |
65 | Активности ( повторување) |
66 | 4.7. Количество топлина(определување на топлината) |
67 | Лабораториски вежби |
68 | 4.8. Размена на топлина |
69 | Активности - повторување на темата |
70 | Активности – подготовка за тест |
71 | Контролен тест |
72 | Активности – анализа на тестот |
Посебни наставни цели:
Ученикот/ученичката:
да научи што е внатрешна енергија и да ја објаснува промената на внатрешната енергија на телата;
да научи што е топлина, а што температура;
да се оспособи да мери температура и истата да ја изразува во 0С и К;
да научи на кои начини се пренесува топлината;
да разбере дека при загревање, телата, течностите и гасовите се штитат;
да разбере што е количество топлина;
до го опишува специфичниот топлински капацитет како својство на супстанцијата;
да објасни како настанува топлинската рамнотежа меѓу две тела со различна температура.
Очекувани исходи:
Ученикот/ученичката:
дефинира внатрешна енергија на тело;
дефинира еден степен Целзиусов;
знае да мери температура на тело и истата да ја исчитува;
претвора температура од Целзиусови степени во Келвини и обратно;
објаснува што е тоа термостат, а што биметална лента;
дефинира: струење, зрачење, количество топлина, специфичен топлински капацитет, закон за топлинска рамнотежа;
објаснува што е коефициент на линеарно ширење;
објаснува што е линиско, а што волуменско ширење;
објаснува што е аномалија на водата;
може преку примери од секојдневниот живот да го објаснува значењето на специфичниот топлински капацитет;
може да ја објасни топлинската рамнотежа меѓу две тела со различна температура;
решава едноставни задачи;
Корелации меѓу темата и други предмети:
Искуства од секојдневниот живот;
природана група предмети: математика, географија, хемија;
Активности и методи, форми на работа:
Во разработката на методските единици најмногу ќе се користи монолошко дијалошката метода и изведување експерименти.
изведување експеримент: мешање мастило во топла вода и во ладна;
врз основа на движењето на честичките на бојата, да се изведе поимот внатрешна енергија и поимот топлина како енергија која поминува од потопло кон поладно тело;
воведување на поимот температура и мерните единици;
вежба: мерење на температура со термометри и претворање на температурата од една во друга температурна скала;
изведување експеримент: удирање со чекан по метална плочка и воочување на промените на температурата на тие тела;
разговор за промената на температурата на дрвото и пилата кога се сечат дрвата, гумата од велосипедоти пумпата со која таа се пумпа и др. слични примени;
изведување експеримент: загревање метална прачка на која на еднакви растојанија се залепени восочни топчиња;
изведување експеримент со кој ќе се покаже струењето кај течностите со помош на струготини во вода;
работилница: облика и преминување на топлината од (човечкото тело на околината);
изведување експеримент: загревање на метална жица и воочување на промената на должината со загревањето;
демонстрирање на промената на волуменот и притисокот на определено количество гас со загревање;
графичко представување на промената на волуменот и притисокот од температурата;
изведување експеримент: загревање вода со одредена маса или мешање вода од различни маси;
решавање на нумерички задачи;
Наставни средства и материјали:
- училница, компјутер,табла, креда;
- училишен прибор, учебник, работна тетратка, училишна тетратка, збирка задачи;
- нагледни средства: решо, мастило, термометри, чекан, метална плочка, метална шипка, восок, струготини, метална жица, шпиртна ламба, колба и гумена тапа, садови за топлење на вода;
- наставни ливчиња и тематски тест.
Оценување на постигнувањата на учениците
формативно оценување
согледување на претходните искуства, знаења и вештини, на ученикот/ученичката преку разговор со него и неговата дискусија со другите ученици;
континуирано следење на односот на ученикот кон работата, соработката со врсниците, покажаната иницијативност, љубопитност, самостојност, точност во искажувањето и истрајноста во извршувањето на обврските.;
разговор и усна повратна информација;
следење и поддршка на самостојната работа преку изведбени активности (мерење на температура и нејзино изразување во 0С и К, изработка на табели и графици, решавање задачи), користејќи листи за бодување или чек листи;
Сумативно оценување
Забелешка од реализацијата на темата:
ЕКО СТАНДАРДИ:
Еко-Стандард 1 - Заштеда на енергија
- цел: подигнување на свеста на учениците за потребата од рационално користење на енергијата, како во училишната зграда така и надвор од неа;
истакнување на упатства за рационално користење на енергијата во училишната зграда;
редовно чистење на прозорците (еднаш неделно) за максимално искористување на сончевата енергија.
број на истакнати упатства за рационално користење на енергијата во училишната зграда;
чисти прозорци.
- прку одговори на еднставни прашања да ја сфатат потребата од заштитата на животната средина и искористувањето на енергијата;
-да изнајдат креативни начини да ја промоираат потребата од рационално користење на електрична и топлинска енергија;
-да прктикуваат со чисти прозорци да го овозможуваат процесот на пренесување на топлината со зрачење.
Еко-Стандард 4 – Уреден и еколошки двор
- цел: подигнување на свеста на учениците за почист и поубав училишн двор, а со тоа и свеста за здрава животна средина;
време на реализација: континуирано, нагласено во март;
точка на акција: означени места со изработени и поставени знаци видливи за сите во дворот (за место за игра место за одмор, место каде не треба да се гази и сл.);
индикатор: изработени и поставени знаци во дворот;
имплементација на Еко-Стандард:
Организирање на еко - работилници и еко - кампањи.