Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

Приказивање постова са ознаком КОЛАЧИЊА. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком КОЛАЧИЊА. Прикажи све постове

недеља, 31. јул 2016.

КОЛАЧИЊА

КОЛАЧИЊА
Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи. Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столицата со колачите, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: "види молим те", да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче. Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната. Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста. Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !