ИЗВОР
Господи,
Дај мирно да примам
се она што ќе го донесе денешниот ден.Како и тоа
потполно да се предадам на твојата света волја.
Упатувај ме и помагај ми
секој час во текот на овој ден.
Какви вести и да чујам
научи ме мирно да ги примам
и со цврсто уверување
дека се станува со твојата света волја.
Управвај со моите мисли и чувства
во сите мои дела и зборови.
Не позволи во сите непредвидени случаи
да заборавам дека се доаѓа од тебе.
Научи ме правилно да се однесувам
спрема своите родители и спрема ближните.
Никого да не налутам, ниту да ожалостам.
Господи
Дај ми сили
да го поднесам заморот на денешниот ден
како и се она што ќе се слчи
во тект на денот.
Ти управвај со мојата волја.
И научи ме да се молам,
да верувам,
да се надевам,
да истрпувам,
да проштевам
и да љубам.
(молитва со која започнуваше секој работен ден во далечната 1998 или 1999 година - не се сеќавам точно, тогаш ја научив и е дефинитивно најубавата молитва)