Nature-based solutions:
Training approaches for educators and teacher trainers
“Решенија засновани на
природата: пристапи за обука на наставници и едукатори”
е
едукативна обука наменета за професионален развој на наставниците, со посебен
акцент на интегрирањето на еколошкото образование и одржливиот развој во
наставниот процес. Главната цел на обуката е да им помогне на наставниците да
го разберат значењето на решенијата засновани на природата (Nature-Based
Solutions - NBS) и да стекнат практични знаења и вештини за нивна примена во
училишната средина.
Преку презентации, дискусии, групна работа,
размена на искуства и практични активности, учесниците истражуваат како
природата може да понуди решенија за современите еколошки предизвици, како што
се климатските промени, намалувањето на биодиверзитетот и деградацијата на
животната средина.
Посебен акцент е ставен на осмислување и планирање еколошки проекти што можат
да се реализираат во училиштата и да се поврзат со различни наставни предмети.
Обуката промовира современи педагошки пристапи,
како што се проектно и истражувачко учење, учење преку соработка и учење во
природа.
Преку користење дигитални алатки како Padlet, Kahoot и Google Forms,
наставниците имаат можност да разменуваат идеи, заеднички да развиваат проекти
и да ги презентираат своите предлози.
Особено
значајно е поврзувањето на обуката со европските рамки за компетенции GreenComp
и DigComp, преку кои се поттикнуваат еколошката свест, одговорниот однос кон
природата, одржливото размислување, дигиталната писменост и способноста за
заедничко решавање проблеми.
Обуката
претставува можност наставниците да ги збогатат своите професионални искуства
со нови идеи и применливи методи, да ја направат наставата поинтерактивна и
поврзана со реалниот живот и да ги мотивираат учениците да станат активни и
одговорни учесници во создавањето поздрава и поодржлива животна средина.
Нејзината најголема вредност е во тоа што не останува само на теоретско
запознавање со еколошките концепти, туку ги охрабрува наставниците да ги
претворат знаењата во конкретни активности и проекти во своите училишта.

