СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ
Според
житието Свети Прохор Пчињски потекнувал од некое село од Овчеполието.
Родителите, татко му Јован и мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што
долго немале деца. Поради тоа биле несреќни и секогаш го молеле Бога да
им даде пород. И по многу години Бог ги дарувал со машка рожба на која и
ставиле име Прохор. Му се радувале и го воспитувале во христијански
дух, а кога пораснал сакале да го оженат, да формира семејство и да го
наследи имотот. Но Прохор сакал да му се посвети на Бога. Еднаш во
црквата ги слушнал овие зборови од светото Евангелие: „Кој го сака
својот татко, или својата мајка повеќе од мене, не ми е достоен, кој ја
сака жената или децата повеќе од мене, не ми е достоен; кој сака да го
земе својот крст и по мене да дојде - стопати ќе биде примен и вечниот
живот ќе го наследи“. По излегувањето од црквата Прохор се упатил кон
планината и започнал испоснички живот. Најпрвин живеел во една пештера
во близината на селото Старо Нагоричане, Кумановско. Се хранел со зелје и
корења од трева, живеел во пост и молитви, зиме на мраз, лете во пот.
На тоа место без да види човек, а дружејќи се само со дивите ѕверови
минал 32 години.Тука имал средба и со Роман Диоген, идниот цар на
Византија, на кого му ја претскажал иднината. Имено, житието раскажува
дека еднаш кога Диоген бил на лов во овој крај бркал една срна. Срната
дошла пред пештерата и легнала пред нозете на светецот. Потоа по неа
дошол и Диоген кој се исплашил од глетката и се засрамил од старецот,
поради што почнал да бега од местото. Но и се изненадил кога старецот го
повикал по име: „Диогене, немој да бегаш, но врати се, и јас сум
човек“. А кога се вратил кај старецот барајќи прошка и благослов овој му
рекол: „Диогене, речено е да одиш во Цариград и да бидеш цар, но кога
ќе дојдеш на престолот спомени ме мене, старецот, поради пророштвото што
ти го изреков“. Диоген навистина станал цар на Византија во периодот
1067-1071 година, и тогаш го заборавил светиот Прохор. Овој пак
монашкиот живот го продолжил во планината Козјак во една пештера во
близината на реката Пчињ,а каде што и умрел на 14-тиот ден од месецот
октомври, а неговото тело долго не се распаднало. Царот Роман Диоген
навистина заборавил на светиот старец но еднаш тој му се јавил во сонот и
му рекол: „Ја заборави твојата облека и мене старецот“. Тогаш тој
тргнал да го бара на местото каде што ја имал чудната средба со него и
со срната. А кога не го нашол, за спомен изградил убава црква што и
денес ги восхитува случајните и намерните посетители на селото Старо
Нагоричане. А кога сакал да се врати во Цариград пак во сонот му се
јавил светецот и му рекол дека ако го бара ќе го најде во планината.
Царот со придружбата тргнале низ планината и на едно место виделе како
бел орел излегува од една пештера. Во таа пештера го нашле телото на
светецот уште нераспаднато. Царот и придружбата се поклониле пред
светите мошти, и ги понесле кон реката со намера да ги положат во
манастирот посветен на неговиот спомен. На едно место ковчегот со
светите мошти застанал и не можеле да го помрднат, а светецот во сонот
му рекол на царот: „Нема да ме однесеш оттука“. Тука е изграден
манастирот што го носи името на Свети Прохор Пчињски, а неговите свети
мошти и денес лежат во црквата од десната страна на олтарот. Царот Диоген
по овие настани среќен се вратил во Цариград. Свети Прохор Пчињски
починал на 14 септември (с.с.), но поради тоа што на овој ден се
празнува големиот празник Воздвижение на чесниот крест (Крстовден)
празнувањето на преподобниот Прохор е пренесено на 15 јануари
(с.с.). Најстариот портрет на Свети Прохор Пчињски заедно со портретот на
Свети Јоаким Осоговски се среќаваат во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо
Нагоричане (по обновувањето) завршени во 1318 година, како единствени
претставници на локалниот култ.Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.
Приказивање постова са ознаком СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ. Прикажи све постове
недеља, 31. јул 2016.
уторак, 10. јул 2012.
ПРИКАЗНА ЗА ЧУВСТВАТА
ПРИКАЗНА ЗА ЧУВСТВАТА
Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата. Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперуга, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно. Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави... го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор.
Пријавите се на:
Постови (Atom)

