Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

Приказивање постова са ознаком Македонија. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Македонија. Прикажи све постове

петак, 25. јул 2014.

СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА



Старата скопска чаршија се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Кале до реката Серава. Отсекогаш била атрактивен простор за сите патеписци и посетители на Скопје во минатото.

Турскиот патеписец Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-61 година забележал:
„Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (Памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.“

Првите податоци за постоењето на чаршијата датираат од 12-ти век, а во тоа време кога Македонија била под власт на Отоманската империја, на неа се наоѓале џамии, сараи и анови, како и други турски споменици.
Чаршијата претпрела огромни шети со земјотресите во 1555 и 1963 година, пожарот во 1689, како и двете светски војни. Повеќе пати била обновувана.

Од Византискиот, од Отоманскиот, па и од перидот на српската власт во Македонија, знаменитости кои биле изградени некогаш, а се’ уште ја красат чаршијата се Капан ан (денес преуреден во пивница и национален ресторан на долниот спрат, како и ноќен клуб на горниот), Куршумли ан, Даут-пашин амам (умтничка галерија), Чифте амам (уметничка галерија), црквите Св. Спас и Св. Димитрија, манастирот Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник , вилаетскиот конак „Уќимат“, старата турска пошта, безистенот, Камен мост и тврдината Кале. Изграден е и Музејот на Старата скопска чаршија.

четвртак, 19. јул 2012.

Скопје


СКОПЈЕ

Октавијан Август (латински:Gaius Iulius Caesar Octavianus Augustus)
 Скопје е формирано во времето на римскиот Император Октавијан Август ( 13 - 11 година пред новата ера ) под името Скупи. Се развил од логор ( castrum ) на двете Македонски легии ( Петта Македонска и Четврта Скитска ) кои и служеле на Римската држава. Скупи бил дел од областа Дарданија и дел од провинцијата Мезија.

Името Скупи (скупи = колиба, засолниште, стреа ) за прв пат се појавува кај племето Пеонци. Скупи им значело “населба на див народ“.

Во 694 година после Христа, Словенското племе Брсјаци го завзеле Скупи и му го дале името Скопје.

Од 974 до 1014 година Скопје станува дел од државата на Цар Самоил.

Во 1346 година, српскиот цар Душан е крунисан во Скопје кое станало главен град на неговото царство.

1392 година Скопје го освоила Отоманската Империја и станал Ускуп.
1555 година се случил силен земјотрес во Скопје.

На 25 октомври 1689 година Скопје било освоено од Австро - Унгарскиот генерал Пиколомини , кој го запалил поради чума, од која и самиот генерал после неколку дена заболел и умрел во Скопје.

Во 1869 година на Камениот мост бил наденат на кол и фрлен во реката Вардар легендарниот војвода Карпош, наречен “Селски крал“, водач на востанието на Кратовските рудари.

Во 1836 година во Скопје е отворено првото јавно Словенско училиште. Најголем придонес за тоа има Јордан Хаџи - Константинов - Џинот.

На 12 октомври 1912 година после 5 века владеење, од Скопје се протерани Османлиите и Скопје потпаѓа под српска окупација .
За време на Прва Светска Војна, Скопје е под Бугарско – Австро Унгарска окупација .
По завршувањето на Првата Светска Војна , во 1918 година Скопје станува дел од Југославија , управувана од диктатурата на српскиот крал.
Во Втора Светска Војна, Скопје било окупирано од Бугарската фашистичка држава.
На 13 Ноември 1944 година, Скопје било ослободено од Македонската Ослободителна Војска и од тогаш педесетина години било главен град на една од федеративните републики на Југославија - Македонија.

Во 1962 година се случи голема поплава на реката Вардар во Скопје.


На 26 Јули 1963 година се случи силен земјотрес и го разурна Скопје со илјадници жртви.

На 8 Септември 1991 година, Скопје станува главен град на новата независна држава Македонија.
Денешно Скопје - град кој умее да се радува.

субота, 14. јул 2012.

ШАРПЛАНИНЕЦ

Кучето три дена да го храниш - три години ќе те памети, а човекот три години да го храниш - за три дена ќе заборави.

Расата шарпланинец е автохтон расен тип на куче. Расата е создадена самостојно, природно и изворно без значително влијание на човекот. Тоа е и нејзината најголема предност и супериорност над останатите раси. Како претци на шарпланинецот се спомнуваат волкот и чакалот. Од некои извори се смета дека на нашиве простори е одомаќено во Х. век п.н.е. Најверојатни се претпоставките дека со миграциите дошол од Азија во Европа и на Балканскиот полуостров, заедно со преселба на номадските племиња. Во ФЦИ (светска кинолошка федерација) за прв пат е регистриран 1939 година под реден број 41. Планинските масиви со кои е опкружена Република Македонија (Шар Планина, Бистра, Стогово, Кораб и др.), со својата конфигурација на теренот, природните и климатските услови, генетски извонредно го стабилизираат шарпланинецот со што тој е во светскиот врв на генетски постојаните раси. Името шарпланинец го добил токму затоа, за да се распознае, одвои и разликува од другите раси. Меѓутоа, на тој спој помеѓу природата и шарпланинецот се вмешува човекот за да оствари употребни и екстериерни вредности на расата. Благодарејќи на човекот кој со својата негрижа и не внимание успева на шарпланинецот да му нанесе неправда и со него да манипулира на сите начини, па со децении го става во кинолошки заборав за да до пред некое време не се знае ни за неговото име. За прв пат за него се слуша во триесетите години од овој век. Сестраната употреба на шарпланинецот придонесе тој да се чува низ целиот свет. Разбирливо, најмногу се чува во Македонија (Тетово, Гостивар, Скопје, Прилеп, Битола) и Србија и Црна Гора. Во Европа најголем број на шарпланинци има во Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Финска, Италија и др.. Во светот исто така шарпланинецот се чува во Северна Америка, Канада и Австралија. Македонија е меѓу ретките држави во светот каде што кучето и човекот го носат во себе вековниот однос на дружба и соживот, а не на слугување и потчинетост. Шарпланинецот што оди со стадата овци не дозволува да го дресира овчарот. Тој учи од другите кучиња.
 Општ изглед и некои карактеристики
Пес со силна конструкција, работна кондиција, мирен темперамент, добродушен, по потреба доста остар, складно граден со добра поврзаност на телото, со височина над средните раси. Приврзан кон господарот, неподмитлив и бестрашен чувар на стада и имоти, отпорен на сите климатски услови во природниот амбиент. Минималната долна граница на височина кај машките единки е 64 cm, кај женските единки 58 cm. Масатакај машките единки е најмалку 40 кг, а кај женските единки е најмалку 35 кг. Должината на трупот е во просек од 8 до 10 % поголема од висината. Забалото е потполно и во вид на ножици. Очите се со облик на бадем, темнокостенлива боја, погледот е смирен и бестрашен. Ушите се во облик на буквата V, соборени и прилепени со главата. Градниот кош е длабок, градите се широки и мускулести. Обемот на градниот кош треба да е најмалку 20% поголем од височината. Опашката е долга, најмалку треба да го допира скочниот зглоб. Во коренот е силна, а кон врвот постепено се намалува. Прекриена е со густо влакно, а на долниот дел со долго влакно што ја прави раскошна. Шепите се силни со припиени прсти, ноктите треба да се темно пигментирани. Одот треба да е грациозен, со долги и лесни чекори. Најмногу сака да оди во среднодолг висок кас. Во галоп трча со долги и одмерени скокови. Влакното му е грубо и право. Под влакното има пократко, фино и многу густо подвлакно. Должината на влакното на гребенот не смее да биде пократко од 9 см. Бојата се движи од светло медова до темно железна боја. Белата, црната и црвената многу ретко се сретнуваат во популацијата.
                                                                                                                      Н. Савевски
Александар и неговото куче Перитас
Се претпоставува дека кучето на Александар Македонски - Перитас, бил шарпланинец. Античкиот историчар Плутарх во неговата биографија за Александар Македонски во еден пасус пишува дека кучето на Александар, кое се викало Перитас загинало бранејќи го својот господар и паднало смртно рането во скутот на господарот. Од благодарност на Перитас му бил подигнат град со неговото име. Според сочуваните скулптури, Перитас личи на денешниот шарпланинец.

субота, 17. март 2012.

МОЈАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА (Струмица)

Струмица

     Струмица, град лоциран во југо-источниот дел од Македонија. Со вкупна популација од околу 100.000 жители, со сите околни населби, Струмица е најголемиот културен и економски центар во овој дел. Старото име на градот, Астраион во превод би било градот под ѕвездите. Чисто небо покриено со ѕвезди. Градот е познат по Царевите Кули. Едно од најпознатите случувања во Струмица е карневалот, кој е остаток од паганските традиции. Оваа манифестација се одвива секоја година околу тримери.
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Околу градот Струмица се распослани селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води и Чепели.
Цареви Кули

Денешното име градот го добил според името на ќерката на некој локален словенски владетел - Струма, за која и денес се раскажува во преданието, а чиј гроб сведочи за нејзиното предвство. Бугарскиот кнез Борис во 864 година, станал христијанин и набргу потоа христијанството се раширило и низ нашите краишта. Тогаш биле добиени (од византиската црква) коските на 15 Тивериополски маченици, ископани во Тивериопол во Мала Азија и пренесени во Струмица — Тивериопол. За нив била изградена црква. Како епископија Струмица постои низ целиот среден век и во црковните документи го задржува грчкото име, Тивериопол.
15 Тивериополски маченици

Од 986 до 1018 г. Струмица се наоѓала во рамките на државата на Самуил и на неговите наследници. Од 1018 до 1330 г. егзистирала во рамките на Византија, со покуси прекини од крајот на 12. до средината на 13. век. Имено тогаш со неа владееле локалниот феудалец Добромир Хрс (од околу 1185 до 1202 г.), а потоа наизменично Бугарите, Латините од Солун и царевите од Никеја. Србите ја зеле Струмица во 1330 г., а Турците во 1385 г.   Во турскиот период Струмица постои како градче со мешано турско и христијанско население и седиште е на една голема каза.
Смоларскиот водопад

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.
Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
Струмица

Реката Струмица или Струмешница е река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влива како десна притока на реката Струма. Должината на реката е 114 километра, од кои 81 на територијата на Република Македонија и 33 на територијата на Република Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Колешкиот водопад

Колешкиот водопад кој се наоѓа на планината Беласица, еден од ретките во Македонија, восхитува во секое годишно време - лете ќе ве освежи, а зиме ќе ве зачуди со својата замрзната убавина! Сега, до него може да се стигне лесно и брзо, благодарение на патеката што ја изградија жителите на селото Колешино. Селото Колешино се наоѓа во близината на Ново Село, Струмичко. До него води асфалтен пат, преку Ново Село.

ВОДОЧА – Манастир Св. Леонтиј


На излезот од селото Водоча, на само четири километри северозападно од Струмица, се издигаат куполите на црквата Свети Леонтиј, древното седиште на Струмичките митрополити. Водочкиот манастир за прв пат се спомнува во повелбите на византискиот цар Василиј Втори во 1018 годна кога била уништена Самуиловата држава и биле ослепени 14000 војници од Самуиловиот ред. Поради оваа вадење на очи, селото го добило името Водоча.




Манастирот Св. Богородица - Вељуса е изграден во средниот век, во византискиот период, на оддалеченост од 7 км западно од Струмица во с. Вељуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември стар и 4 декември нов стил). Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија , туку и на Балканот.


субота, 3. март 2012.

Шарко и Жапко го спасуваат светот (Doggy & Froggy Save The World)

http://www.volvoadventure.org/projectsGallery.aspx?year=2011



http://www.volvoadventure.org/projectsGallery.aspx?year=2012
Шарко и Жапко го спасуваат светот





Вовед:
Проектот е од областа на екологија, поточно ги опфаќа повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2010 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 12 години сме ГЛОБЕ училиште, 4 години ЕНО училиште, 2 години АРМАЛОВО училиште, 4 години ЕКО училиште, а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко.
Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата.
Цели на проектот:
- Сакаме на сите жители на нашиот град да им ја наметнеме грижата за нашата планета;
- Сакаме да не подржат сите училишта ширум светот и да влијаат на  жителите во своите земји; 
- Сакаме да живееме во почиста и позелена средина

- Сакаме целосно да се исфрлат од употреба најлонските  кеси;
- Сакаме целосно да се отстранат пластичните шишиња;
- Не сакаме диви депонии;
- Сакаме секое празно место да биде засадено со дрво или цвет?


Како ја истраживме потребата од нашиот проект 
Направивме повеќе истражувања. Најинтересниот начин на прибирање на значајни информации е од најмалите соученици. Им одржуваме неколку работилници (изработувавме играчки и честитки од отпад) и им дадовме задача да набљудуваат и да не известуваат, како се однесуваат возрасните во нивното семејство: 
Кога одат да купуваат, дали носат платнени торби? 
Како ги мијат рацете?
Дали се тушираат или ја полнат кадата при бањање?
    Какви светилки користат? 

Истражување во однос на историјата на нашиот проект: 
13 години успешно го спроведуваме меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија), 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: "Македонија – ризница на здава храна"; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др. 
Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда – Емилија Лазаровска).
Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме повеќе од 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда на регионален натпревар– Вера Трајчева, 2010 год. III награда - Ангела Трајковска)
Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.
За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.


Каква беше ситуацијата на самиот почеток од проектната активност?
Ситуацијата на нашите почетоци е помалку интересна од почетоците на нашите претходници. Како што раскажуваат, редовно ги мереле температурите на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, облачност, но немале интернет и не можеле редовно да ги праќаат податоците. Оделе во интернет кафулиња, и по разни претпријатија молеле да им се дозволи да ги испратат податоците. Кога ја собирале пластиката и отпад по дворовите им се смееле врсниците. На нас тоа не ни се случува. Имаме интернет дома и никој не ни се смее за нашата работа. Често не пофалуваат, но ние сакаме да ни се придружат.


http://www.youtube.com/watch?v=1HXnNfqhPS8&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=z0Y5P4wkPqc&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=GMCjDlM7lHQ&feature=channel_video_title

На приложените линкови можете да видите:
  • Внесовме над 9500 податоци на ГЛОБЕ,
  • Освоивме награда за труд на тема ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – 2009 и 2010,
  • Редовно учествуваме на ЕКО конкурси и освојуваме награди,
  • Освоивме награди за трудовите на теми од ЕКОЛОГИЈА во 2009 и 2010,
  • Освоивме награда во конструкторство 2010 (Теслин трансформатор од отпадоци),
  • Изработивме еколошка машина која пренесува енергија,
  • Направивме ЕКО календар,
  • Организиравме неколку кампањи против климатските промени и др.
Наши досегашни резултати:
- Научивме да организираме ефектна ЕКО – кампања,
  • Научивме да изработиме еко – постер, еко – маска, еко – флаер, еко – парола, еко – порака и друг пропаганден материјал за подигнување на еколошка свест.;
  • Ја запонаваме пошироката јавност со наши проекти.
  • Засадивме многу дрвја.
  • Исчистивме многу депонии.
  • Учиме да соработуваме со локалната самоуправа и медумите;
Ги учиме возрасните да ја почитуваат нашата планета, да направат секој ден да биде Ден на планетата Земја и да ни ја остават во наследство здрава.
 
Како го мериме нашиот успех:
По квалитетот на трудовите со кои учествуваме на разни натпревари и добро се пласираме, по заклучоците до кои доаѓаме со нашите истражувања, а подоцна биле потврдени од некои научни институции, по количествата на собраните пластични шишиња, по бројот на засадените дрвца . . . .

Кус опис на проектот:
Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета.

Историја на проектот:
Проектот Шарко и Жапко го спасуваат светот започна на 21.09.2007 год. Кога се приклучивме кон виртуелното еколошко училиште ЕНО, со седиште во Финска.
Ја прифативме нивната маскота – жабецот Франк, на која за многу кусо време и додадовме и нашата маскота, малото кученце – Шарко. Се што сработиле малите Шарко и Жапко запишавме во стихови. Со стихотворбата е опишана историја на нашиот проект.

ШАРКО и ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТ

Предминатата година
малиот Шарко,
го спасуваше светот,
а минатата садеше дрвја
и го боеше цветот.

Оваа година,
малиот Шарко
се здружи со умниот
жабец Жапко.

Сега се во мисла,
двете умни глави:
Што понатаму
со светот да се прави?

Само со работа
не гледат спас,
ќе мора силно
да кренат глас.

Решија цврсто
двете умни глави,
на загадувањето
крај да му се стави.
Им се придруживме вчера,
кренавме глас,
за планетата наша
побаравме спас.

Шарко и Жапко,
добро се согласуваат
и од секој отпадок
нешто ново составуваат.

Најдобри се другари
и не мислат на делба,
од секој собран отпадок
прават нова желба.

Направија честитки
за божиќ што отиде
сакаат чисто и весело
на сите да ни биде.

Денес пак се тука,
со нив се е можно,
од Вас сега бараат
да настапите сложно.

Од вас помош бараат,
кренете го гласот,
ппријатели наши,
во вас лежи спасот.

Активности од една манифестација:
КАМПАЊА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
  • На 21 септември наутро се поделивме на две групи,
  • Помалата група (30 ученици) отидоа во Ѕвон – МТВ,
  • Другите отидоа во училишниот двор каде точно на пладне садеа дрвја, одржаа говор и мала приредба за Шарко и Жапко
  • Од дворот отидоа на плоштад каде на случајните минувачи им делеа флаери и страничници со еко пораки.
  • Целиот настан го следеше новинарот од Наш свет и развигор.
  • Ги известивме пријателите низ целиот свет (сите ЕНО виртуелни училишта од 120 земји) кои на ист начин го одбележале овој ден – Ден на мирот.

Резултати од активностите:
Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика и за натпреварите по метеорологија .
Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија.
Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.
За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.
Забележуваме дека екологија е се почеста тема по медиумите, често не канат да гостуваме во училишните ТВ емисии, за нас пишуваат медиумите.
Сметаме дека сме едни од виновниците што се намалува употреба на најлонските кеси, што имаме помалку депонии и се зголеми продажбата на штедливите светилки.

Користена литература:
трудови од нашите соученици
ОУ "Димитар Миладинов"
Општина Центар Скопје
Клуб "Млади истражувачи"
април 2011