Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

Приказивање постова са ознаком ХЕМИЈА. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком ХЕМИЈА. Прикажи све постове

петак, 1. јун 2012.

МОЛЕКУЛИ


  МОЛЕКУЛИ
    Што е она што ги прави предметите кои ги гледате во вашата околина да се разликуваат едни од други? Што е она што ги дискриминира нивните бои, облици, мириси и вкусови? Зошто една супстанца е мека, друга тврда, трета течна или гасовита?    Mожеме да ги одговориме овие прашања со „Разликата меѓу нивните атоми го прави тоа.“ Многу материјали изгледаат различно и имаат различни својства иако ги содржат истите атоми. Причината за ова се различните хемиски врски кои атомите ги формираат за да станат молекули.
На патот до материјата, молекулите се втори по атомите. Молекулите се најмалите единици кои ги определуваат хемиските својства на материјата. Овие мали телца се направени од два или повеќе атоми. Атомите се држат заедно во молекули со хемиски врски кои се определени од електромагнетната сила на привлекување, што значи дека овие врски се формират врз база на електричните полнежи на атомите. Електричните полнежи на атомите, од своја страна, се определени од електроните во нивните најоддалечени обвивки. Пореденоста на молекулите во различни комбинации ја зголемуваат различноста на материјата која ја гледаме околу нас.
Хемиски Врски
 Хемиските врски се формираат преку движењето на електроните во најгорните електронски обвивки на атомите. Секој атом има тенденција да ја наполни највисоката обвивка со максималниот број на електрони кои ќе ги заштитува. Максималниот број на електрони што атомот може да ги држи во неговите највисоки обвивки е 8. За да го стори ова, атомите или примаат електрони од други атоми за да ги комплетираат електроните во нивните највисоки обвивки до осум, или ако имаат помал број на електрони во нивните највисоки обвивки тогаш тие можат да ги предадат овие на друг атом. Тенденцијата на атомите да менуваат електрони ја прави основната почетна сила на хемиските врски која ја формираат меѓу себе.
Оваа почетна и движечка сила, што всушност е, целта на атомите да го зголемат бројот на електрони во нивните највисоки обвивки до максимум предизвикува да атомот формира три типа на врски со други атоми. Тоа се, јонската врска, ковалентната врска и металната врска.
 
Јонски Врски
   Атомите комбинирани со оваа врска разменуваат електрони за да го комплетираат бројот на електрони во нивните највисоки обвивки до осум. Атомите кои имаат над четири електрони во нивните најгорни обвивки ќе примат електрони од атомите со кои тие ќе се поврзат. Молекулите формирани од овој тип на врски имаат кристална (кубична) структура. Познатите молекули на готварска сол (NaCl) се меѓу супстанците формирани од оваа врска.
Натриумовиот атом го дава најгорниот електрон на хлоров атом и станува позитивно наелектризиран. Со примање на електрон, хлорниот атом станува негативно наелектризиран. Двете форми на јонската врска преку овие две обратно наелектризирани полнежи се привлекуваат меѓусебно.
1- Натриумов атом
2- Хлорен атом
3- Натриумов јон
4- Хлорен јон
5- Натриумхлоридна молекула (NaCl)

Некои атоми формираат нови молекули со ковалентна врска, со споделување на електрони во нивните најгорни орбити.
1- Флуорен атом
2- Флуорна молекула (F2)
3- Водороден атом
4- Кислороден атом
5- Водна молекула (H2O)
      Научниците кои ги проучуваат врските меѓу атомите се соочиле со една интересна ситуација. Додека некои атоми менуваат електрони за поврзување, некои од нив ги споделуваат електроните во нивните најгорни обвивки. Понатамошните испитувања покажале дека многу молекули што се од критично значење за животот го должат нивното постоење на овие „ковалентни“ врски.
Прост пример за да подобро објаснување на ковалентните врски е преку водородот. Како што споменавме порано за електронски обвивки, атомите можат да носат максимум два електрони во нивните најгорни електронски обвивки. Водородниот атом има единствен електрон и ја има тенденцијата за да го зголемува бројот на електроните на два за да стане стабилен атом. Затоа, водородниот атомо формира ковалентна врска со вториот водороден атом. Тоа значи, дека двата водородни атоми ги споделуваат своите електрони како втор електрон. Со тоа се формира Н2 молекулата.

Врските меѓу металните атоми се многу различни од другите форми на хемиско сврзување – секој метален атом ги дава неговите надворешни електрони до заедничко место. Ова „море од електрони“ ја објаснува клучната особина на металите – нивната способност да пренесуваат струја.
1- Метално сврзување
2- Електрон
3- Алуминиумов јон
Метални врски
   Aко голем број на атоми се сврзат со поделба на меѓусебните електрони, ова се вика „метална врска“. Металите како железото, бакарот, цинкот, алуминиумот, итн., што ја формираат суровината на многу алатки и инструменти кои ние ги гледаме околу нас или ги употребуваме во секојдневниот живот, се здобила со цврсто и реално тело, како резултат на металните врски формиранни од атомите кои ги сочинуваат.
Соединенија
   Колку различни соединенија можат да формираат овие врски?
Во лабораториите, нови соединенија се произведуваат секојдневно. Моментално, можно е да се зборува за околу два милиони соединенија. Најпростото хемиско соединение може да биде мало колку молекулата на водород, но исто така постојат соединенија изградени од милиони атоми.
Колку најмногу различни соединенија може да формира еден елемент? Одговорот на ова прашање е многу интересен бидејќи, од една страна, постојат одредени елементи кои не реагираат со никои други (инертни или благородни гасови), додека, од друга сдтрана, постои јаглеродниот атом што може да формира 1,700,000 соединенија. Вкупниот број на соединенијата се претпоставува дека е околу два милиони. 108 елементи од вкупните 109 формираат околу 300,000 соединенија. Јаглеродот, сепак формира, 1,700,000 соединенија самиот по себе на извонреден начин.

1- Атмосфера
2- Хидросфера
3- Литосфера
Суровините на Универзумот и на Периодниот Систем: 92 елементи кои се наоѓаат слободни во природата и 17 елементи кои се направени вештачки во лаборатории или во нуклеарни реакции се подредени во систем наречен „Периоден Систем“ според бројот на нивните протони. На прв поглед, Периодниот Систем може да изгледа како група на кутии кои содржат една или две букви со броеви на горните и долните агли. Интересно, сепак, овој систем ги средува елементите на целиот универзум вклучувајќи го воздухот што го дишеме, како и нашите тела.
 Јаглеродниот Атом
   Јаглеродот е највиталниот елемент за живите суштества, бидејќи сите живи организми се составени од соединенија на јаглерод. Бројни страници не би биле доволни за да ги опишат својствата на јаглеродниот атом, што е многу важен за нашето постоење. Ниту хемиската наука не можела да ги открие сите својства.
Некои од најважните својства на јаглеродот.
Структури најразлични како клеточната мембрана, роговите на еленот, трупецот на дрвото, леќата на окото и отровот на пајакот се составени од јаглеродни соединенија. Јаглеродот, комбиниран со водород, кислород и азот во многу различни количини и геометриски положби, резултира со широк дијапазон на материјали со најразлични својства. Така, што е причината за можноста на јаглеродот да гормира околу 1,7 милиони соединенија?
ОЛЕИНСКА КИСЕЛИНА
     Едно од најважните својства на јаглеродот е неговата способност многу лесно да формира низи со редење на јагледони атоми еден врз друг. Најкратката јаглеродена низа е формирана од два јаглеродни атоми. И покрај неможноста за точна цифра за бројот на атоми што би го направиле најдолгиот јаглероден низ, можеме да зборваме за низ со седумдесет врски. Атомот што може да го формира најдолгиот низ по јагледорот е силициумовиот атом кој формира шест врски.
Причината на можноста на јаглеродот да формира низи со толку многу врски бидејќи неговите низи не се особено линеарни. Низите можат да се разгрануваат, а можат и да формираат полигони.
Во овој момент, формата на низата игра многу важна улога. Во две јаглердони соединенија, на пример, ако јаглеродните атоми се исти по број сепак се комбинирани со различни форми на низи, се формираат две различни супстанци. Карактеистики на јаглеродниот атом формираат молекули кои се важни за животот.
Некои молекули на јаглеродни соединенија се состојат од само неколку атоми; други содржат илјадници или дури и милиони. Исто така, никој друг елемент не е толку различен како јаглердоот во формирање на молекули со таква трајност и стабилност.
Јаглеродот е многу необичен елемент. Без присуството на јаглерод и неговите чудни особини, тешко дека некогаш би постоел живот на земјата. Со оглед на важноста на јаглеродот за живите суштества, Британскиот хемичар Невил Сиџвик (Nevil Sidgwick) го пишува следното во неговото дело Хемиски Елементи и Нивните Соединенија:
Јаглеродот е уникатен меѓу елементите во бројот и различноста на соединенијата кои може да ги формира. Повеќе од четвртина милиони се изолирани и опишани и тој се смета за основата на сите форми на живата материја.
Класата на соединенија формирани исклучиво од јаглерод и водород е наречена „јаглеводороди“. Ова е огромна фамилија на соединенија кои го вклучуваат природниот гас, течниот бензин, керозин и маслата за подмачкување. Јаглеводородите етилен и пропилен ја формираат основата на петрохемиската индустрија.
Јаглеводородите како бензенот, толуенот и терпентинот се познати на секој оној кој работел со бои. Нафталенот што ја штити нашата облека од молци е уште еден јаглеводород. Јаглеводороди комбинирани со хлор или флуор ги формираат анестетиците, хемикалиите употребени во апаратите за гаснење пожар и Фреоните кои се користат во фрижидерите.
ОД ТРИ СЛИЧНИ МОЛЕКУЛИ
ДО ТРИ МНОГУ РАЗЛИЧНИ СУПСТАНЦИ
   Дури и разлика во неколку атоми меѓу молекулите води до многу различни резултати. Овие две молекули С18Н24О2 и С19Н28О2 чиниш дека се многу слични со многу мали разлики во нивните јаглеродни и водородни компоненти, а сосема се две спротивни супстанци.
С18Н24О2 е естроген, а С19Н28О2 е тестостерон. Всушност, првиот е хормонот одговорен за женските особини, а вториот е хормонот одговорен за машките особини. Многу интересно, дури и разлика од неколку атоми може да предизвика разлика во полот.
С6Н12О2 молекулата наликува на молекулата на естрогенскиот и прогестеронскиот хормон. Што е оваа молекула, дали е таа некој друг хормон? НЕ, тоа е шеќерна молекула.
Од примерите на овие три молекули кои се создадени од елементи од ист тип, многу е јасно колку можат да бидат различни супстанците со различен број на атоми. Од една страна, постојат хормони одговорни за половите особини, а од друга, пак, стои шеќерот, основната храна.
Меѓумолекуларни Врски
Како молекулите се комбинираат за да ја формираат материјата?
Бидејќи молекулите стануваат стабилни по нивното формирање, тие повеќе не разменуваат атоми.
Што ги држи заедно?
Хемичарите произвеле различни теории. Испитувањата покажале дека молекулите можат да се комбинираат на различни начини во зависност од особините на атомот во нивниот состав.
Овие врски се многу важни за органската хемија, што е хемијата на живите материи, бидејќи најважните молекули од кои е составен животот се формирани како резултат на нивната способност да ги формираат овие врски. Да земеме пример со протеините. Комплексната три-димензионална форма на протеините кои се градбените делови на живите суштества, се формирани благодарение на овие врски. Ова значи дека слабата хемиска врска меѓу молекулите е најмалку потребна како силната хемиска врска меѓу атомите за формирањето на животот. Секако, силината на овие врски мора да биде со одредена мерка. Молекулите наречени аминокиселини се комбинираат за да ги формираат протеините, кои се многу поголеми молекули. Атомите кои ги формираат аминокиселините се комбинирани со ковалентни врски. Слабите врски ги комбинираат овие аминокиселини на таков начин што произведуваат три-димензионална распореденост. Протеините можат да функционираат во живите организми само ако ја имаат оваа три-димензионална распореденост. Затоа, ако овие врски не постоеле, ниту протеините, а со тоа ниту животот, не би постоеле.
„Водородната“ врска, тип на слаба врска, игра голема улога во формирањето на материјалите кои имаат голема важност во нашите животи. На пример, молекулите кои ја формираат водата, која е основата на животот, се комбинирани со водородни врски.

недеља, 5. фебруар 2012.

Дополнителна настава по предметот хемија за VIII одделение

Програма за допoлнителна настава
по предметот хемија
за VIII одделение
учебна 2011/2012 година



Наставник: Аида Петровска


Дополнителната настава се организира по потреба, за учениците кои имаат потешкотии во учењето или побавно напредуваат. Во овој вид на настава се применуваат индивидуални форми на работа, како и групна работа во микро групи. Програмата за работа е според потребите индивидуално за секој ученик, во рамките на критериумите и стандардите за постигнувањата на учениците.

Наставни теми
тема бр. 1: Оксидационо - редукциони реакции

Наставни содржини:

1. Определување на оксидациони броеви
2. Некои поважни оксидационо-редукциони процеси

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава ознака за оксидационен број, оксидационо-редукциона реакција;
  • да наведува елементарни честички, во состав на атомот со нивните карактеристики;
  • интерпретира со свои зборови поми за : оксидација, редукција, оксидационо-редукциона реакција, оксидационо и редукционо средство;
Активности и методи:
  • Читање податоци за оксидациони броеви од периоден систем
  • Вежби за определување на оксидациони броеви;
  • Определување на можни реакции според напонски ред на металите;


Tема бр. 2: Основи на хемиското сметање

Наставни содржини:

1. Пресметување на релативна атомска и молекулска маса
2. Масени удели и пресметување врз основа на хемиска формула
3. Пресметување врз основа на хемиска равенка

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава ознаки за величини ( маса, количество супстанца, моларна маса, релативна атомска и релативна молекулска маса) и единици;
  • интерпретира со свои зборови поми за: физички величини и единици, количество супстанца и мол, Авогадрова константа, моларна маса, масен удел, количествен удел,стехиометриски коефициент;
Активности и методи:
  • препознавање ознаки за основните величини и нивните единици од ЅI системот, користејќи табела
  • мерењња и евидентирање на податоци во табела;
  • речавање задачи од количество супстанца, удели и односи

тема бр. 3: Метали и неметали

Наставни содржини:

1. Општи својства на металите и калциум
2. Наоѓање, добивање и својства на алуминиум и бакар
3. Својства на неметалите
4. Наоѓање, добивање и својства на кислород
5. Наоѓање, добивање и својства и соединенија на водород
6. Наоѓање, добивање и својства и соединенија на јаглерод

Цели:
Ученикот треба:
- да знае да го определува местото на металите и неметалите во периодниот систем
  • да.интерпретира со свои зборови поми за: метал, руда, минерал, јаловина, корозија, легура, рециклирање, неметал, алотропска модификација,,катализатор, ефект на стаклена градина;
  • да ги наведува соединенијата на калциум, алуминиум, бакар, кислород, водород и јаглерод
Активности и методи:
  • Идентификување на местото на металите и неметалите во периодниот систем;
  • Набљудување на примероци од збирка на руди и примероци од чисти метали (железо, бакар, алуминиум, олово, цинк и др)
  • Споредување и воочувањена сличности и разлики на одделни примероци;
  • Дискусија за својствата на овие метали и неметали;

тема бр.4: Јаглеводороди

Наставни содржини:

1. Поделба на органските соединенија и формули што се применуваат во органската хемија
2. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкани
3. Својства и значење на алканите
4. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкени
5. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкини
6. Својства и значење на незаситените јаглеводороди
7. Својства и значење на пластични материјали и синтетички влакна


Цели:
Ученикот треба:
  • да препознае : алкани, алкени, алкини, според формулаѕа и името, и вид на хемиска врска во структурната формула;
  • Да ги итерпретира со свои зборови поимите: алкани, алкени, алкини, молекулска, структурна, рационална формула, хомологија, изомерија, јаглеводороди, супституција, адиција, поломеризација, радикали;
  • Да опишува физички својства на алкани, алкени и алкини;
  • Да ги именува првите десет члена од хомологната низа на алканите;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела и шема за класификација на органските соединенија и табела со хомологна низа на алканите
  • Моделирање на молекули на алкани, алкени и алкини користејќи атомски модели;
  • Вежбање и пишување на структурни молекулски и рационални формули на алкани, алкени и лалкини, доколку е даден бројот на јаглеродните атоми и номенклатура на истите;
тема 5: Кислородни органски соединенија

Наставни содржини:

1. Состав, поделба и номенклатура на алкохолите
2. Добивање, својства и употреба на етанолот
3. Наоѓање, состав и номенклатура на карбоксилни киселини,
4. Добивање, својства и употреба на оцетна киселина

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава алкохоли и карбоксилни киселини според формулата или името;
  • да ги итерпретира со свои зборови поимите: алкохоли, хидроксилна група, ферментација, монохидроксилни, полихидроксилни алкохоли, карбоксилни киселини, карбоксилна група, естерификација, естери;
  • да опишува основни својства на: алкохоли, етанол, карбоксилни киселини, оцетна киселина;
  • да именува претставници од алкохоли и киселини,
  • да набљудува и опишува својства и промени на супстанците;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела за хомологна низа на алкохоли и табела за карбоксилни киселини ;
  • Вежбање и пишување на структурни молекулски и рационални формули на монохидроксилни алкохоли и карбоксилни киселини и нивна номенклатура;
  • Дискусија за употреба на етанолот и оцетната киселина и за штетното влијание на алкохолот врз организмот;

тема 6: Биолошки важни соединенија

Наставни содржини:

1. Јаглехидрати- наоѓање, состав и поделба
2. Моносахариди – гликоза и фруктоза
3. Поим, состав и значење на дисахаридите
4. Наоѓање, состав и својства на полисахаридите
5. Состав, својства и значење на масти и масла
6. Наоѓање, состав и својства на белковини
7. Наоѓање, значење и именување на витамини

Ученикот треба:
  • да препознава: моносахариди, дисахариди, полисахариди, масти според формулата или името;
  • да ги итерпретира со свои зборови поимите:биогени елементи, биосоединенија, јаглехидрати, моносахариди, дисахариди, полисахариди, хидролиза, протеини (белковини), аминокиселини, пептидна врска, масти и масла, виши масни киселини, сапунификација, сапуни, коагулација, витамини;
  • да опишува основни својства на: јаглехидрати, белковини, масти и масла, преку нивни претставници;
  • да именува претставници од моносахариди, дисахариди и полисахариди
  • да набљудува и опишува својства и промени на супстанците;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела со класификација на јаглехидрати;
  • вежби за докажување на скроб, масти и масла и белковини во прехранбени продукти
  • Дискусија за значењето на јаглехидратите, белковините, мастите и витамините за човекот;
Забелешка
Програмата за дополнителна настава може да претрпи промени во зависност од интересот и потребите на учениците.

петак, 11. новембар 2011.

Оценување по физика и хемија



Оценување по физика и хемија





Оценување е процес на прибирање и интерпретирање информации за учење и постигнувања на учениците.

Оценување на учењето и постигнувањата на учениците по предметите физика и хемија се применува според стандардите во наставните програми по овие предмети во предметна настава изготвени од БРО. Тие произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на овие науки. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на овие науки.

1. Стандардите претставуваат прифатени описи на нивоата на квалитет и квантитет на знаењата што се очекува учениците да ги постигнат на крајот на определен период (наставна година; наставен циклус) на образованието.

2. Стандардите претставуваат конкретизирање и диференцирање на постигнувањата на учениците по нивоа. Тоа овозможува објективно и валидно гледање на нивните постигнувања и го олеснува нивното мерење, вреднување и оценување.

3. Нивоа на знаења и способности:
I    ниво – помнење
II   ниво – разбирање
III  применување
IV  анализа, синтеза, вреднување

Формативно оценување во текот на наставата.
1. Во формативното оценување ги користиме следните  
    методи (техники):
- разговори наставник / ученик
- презентации
- повратна информација (усна или писмена);
- набљудување и следење на активностите на ученикот за  
  време на часовите ;
- домашни задачи;
- експерименти;
- портфолио. . . .

2. Инструменти за следење и проверување на постигнувањата на учениците: вежби, чек листа; холистичка листа; аналитичка листа; анкета за самооценување.

Сумативно оценување на тримесечие, прво полугодие и на крајот од учебната година.
1. Критериуми за оценување на постигнувањата на учениците изготвени од БРО:
- za ocenka dovolen dva - nad 50% do 70% na I i II nivo i do 10% od III nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 26% do 39% od nastavnata programa.

-za ocenka dobar 3 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 10% do 50% na III nivo i do 10% na IV na nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 39% do 63 % od nastavnata programa.

-za ocenka mnogu dobar 4 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 50% do75% na III nivo i nad 10% do 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 63% do 76 % od nastavnata programa.
-za ocenka odli~en 5 - nad 90% na I i II nivo i nad 70% na III nivo i nad 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno nad 76 % od nastavnata programa.

2.Нивоа на знаења
Тип 1 задачи
Тип 2 задачи
Тип 3 задачи
-основни детали и процеси
- релативно лесни
-посложени идеи и процеси
-заклучуање на нешто што не е толку очигледно
- потешки
-знаење што го надминува поучуваното
-оргинално заклучување или примена
-тешки

3. Видови знаења:
  • декларативно знаење ( знаење на информации): основни поими, факти: искази со примери/предвидување; оргинални заклучоци.
  • Процедурално знаење (ментални процедури): правила, процедури, одлуки, решавање проблем, истражување.

4. Во сумативното оценување ги користиме следните методи 
    (техники):
  • есејски прашања,
  • усни одговори на поставени прашања,
  • усни презентации,
  • тестови ( најчесто тематски),
  • демонстрации. 

5. За изведување на сумативната оценка за една тема треба:
- примена на методите на оценување,
- утврдување на поени за секој метод,
- интерпретација на поените,
- формирање на оценка,
- известување за оценката.


6. За потребите на сумативното оценување треба да се  
    подготви табела на спецификација со:
- застапеноста на нивоа на знаења ( типови задачи, вид на 
  знаење) во конкретната тема;
- методите за утврдување, мерење на применетите нивоа на 
  знаења.
Декларативно-информации    ментални процедури          % на
                                                                                        застапеност

Тип 1
Тип2
Тип 3
Тип 1
Тип 2
Тип 3

% на застапеност
40
30
10
10
5
5

Објективни тестови
35
15
3
2


55
Проблемски прашања

15
5
10
2
3
35
Усни одговори


2
3
3
2
10

7. Изведување на сумативна оценка од оценките за повеќе независни теми. Пред да се пресметува просекот, треба да се пондерираат оценките според важноста / застапеноста на конкретните теми.



тема
уделот на темата
во проценти %
добиена оценка
пондирање
сумирање
Тела, супстанци, физички величини и мерења
30
3
3 х 0,30
0,9
Движње и сили
30
4
4 х 0,30
1,2
Енергија
20
3
3 х 0,20
0,6
Бнатрешна енергија
20
4
4 х 0, 20
0,8

100


3,50


8. Описното оценување е аналитичко оценување на постигнувањата на учениците: расчленување на делови, утврдување на еден или повеќе показатели кои ги поврзуваме со вредносни критериуми.

1. Описно и бројчано оценување на постигнувањата на      
     учениците во седмо одделение преку:
- дијагностичко проверување и оценување ( во почетокот од  
  учебната година) со примена на диагностички тестови,  
  усни прашања, решавање на задачи.
- формативно оценување во текот на наставата за 
  формирање на повратна информација за постигнувања на 
  учениците.
- микросумативно оценувања на крајот од секое тримесечје, 
  врз основа на сознанијата од формативното оценување од 
  чиишто резултати се оформуваат тримесечните 
  вреднувања за постигнувањата на учениците.
- сумативно бројчано оценување е глобано оценување на 
  постигнувањата на учениците на крајот од прво полугодие 
  и на крајот од учебната година.


недеља, 6. новембар 2011.

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

 Вовед

Јаглерод диоксидот (хемиска формула: CO2) e хемиско соединение составено од два кислородни атоми и еден атом на јаглерод. Тоа е гас при стандардни услови за температура и притисок и во таа состојба го има во земјината атмосфера. Јаглеродот диоксидот е гас без боја и мирис. Потежок е од воздухот и не гори. Овие својства на јаглерод диоксидот се причина тој да се употребува за гаснење на пожари. Јаглерод диоксидот малку се раствора во вода при што реагира со неа образувајќи јаглеродна киселина. Таа е непостојана и се разложува на вода и јаглерод диоксид. Поради тоа, јаглерод диоксидот се употребува за газирање пијалаци. Растенијата го користат јаглерод диоксидот од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглерод диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата. Јаглеродниот диоксид се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции, разградувањето на органската материја и од процесот на дишење кај живите организми. Исто така, тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење. Растенијата го користат јаглеродниот диоксид при фотосинтезата, користејќи го притоа и кислородот за да синтетизираат јаглехидрати. По ова, растенијата испуштаат кислород во атмосферата, кој е исклучително важен за респирацијата кај хетеротрофните организми, притоа формирајќи циклус. Јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.

Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона

 Прибор: 

Тегла, гумена ракавица, мало пластично шише, продупчена затка со гумено црево, дрвце, шпиритусна ламба, чаша или потсечено пластично шише.


Хемикалии:

Оцет, сода бикарбона, течен детергент за миење садови, црвена боја за колачи, варова вода.

Тек на работа:

Опит 1.

Во теглата ставаме малку сода бикарбона и оцет. Отворот на теглата затвораме со гумена ракавица. Ракавицата ќе се наполни со јаглерод диоксид кој се создал со хемиската реакција помеѓу оцет и сода бикарбона:

CH3
COOH + NaHCO3 → CH3COONa + CO2 + H2O

Оцетната кисекина е посилна од јаглеродната и ја истиснува од нејзината сол.

Опит 2.

Во едно пластично шише стави сода бикарбона и оцет. Во отворот од шишето внеси запалено шкорче. Шкорчето ќе се изгаси оти ослободениот јаглерод диоксид не гори ниту го подржува горењето.

Опит 3.

  Во истато шише од претходниот обид долеј уште малку оцет и затвори го со затка низ која поминува гумено црево. Цревцето од затката нурни го во потсеченото шише со варова вода. Со воведување на CO2 во варова вода Ca(OH)2 таа се заматува. Причина поради која се заматува е создавање на калциум карбонат CaCO3 кој се создава при таа реакција но не се раствора во вода па е забележлив.
Ca(OH)2
+ CO2 → CaCO3 + H2O

 Опит 4.

Во помало пластично шише стави малку сода бикарбона, течен детерџент за миење садови и обоен оцет со црвена боја за колачи. Со реакцијата на сода бикарбона, течниот детерџент за садови и црвенообоениот оцет се создава јаглерод диоксид. Јаглерод диоксид со течниот детерџент создава пена, која како црвена лава излегува од вулканот ( шишето ).
Заклучок:

За изведување на многу експерименти по хемија можеме да се послужиме со супстанци кои секојдневно ги употребуваме за некоја наша потреба, од одржувањето на хигиена до исхраната, а сепак да бидат атрактивни и интересни за секого. Не мораме да употребуваме посебна апаратура, туку можеме да се послужиме со пластичните шишиња и стакленки кои ги фрламе како отпад,

                                                                                                                                                    А. П.