Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

ЛУК

Македонија - ризница на здрава храна
ЛУК
Лукот меѓу народот е познат како природен антибиотик, како зачин и лек познат со векови, а последниве години интензивно се испитува  неговото својство. Докажано е дека ги ублажува воспаленијата на слузницата кај настинките, ги убива штетните бактерии, го јакне одбрамбениот механизам во телото, а превентивно влијае против инфаркт и мозочен удар. Анализата на лукот покажува дека станува збор за комплетен продукт, кој содржи од се по малку: масти, белковини, јаглени хидрати, минерали и некои витамини. Вo 100 g лук има околу 181 mg калциум, што е меѓу најголемите вредности во светот на билките. Содржи 30 mg витамин С, а многу е важно дека содржи два силни оксиданси: селен и германиум, кои заедно со витаминот С се одлична одбрана против слободните радикали кои се одговорни за дегенеративните болести и за брзото стареење. Речиси нема болест за која народот не ја испробал моќта на лукот, но најмногу се користи како антисептик, односно средство за антибактериско влијание. Особено е популарен за дезинфекција на слузницата, против настинките и грипот, ја олеснува кашлицата и се користи за искашлувањето како чај или течност за инхалирање на синусите, но и суров (здробен лук) со мед.Лукот се користи свеж, како паста,сок, маст, облоги, чај, тинктура, екстракт за инхалација, сув прашок, таблети и маслен екстракт во капсули.
Дали лукот и препаратите од него се еднакво делотворни?

Суровиот лук е најсилно средство, но се одбегнува поради силната миризба, а ако сакаме побрзо да се ослободиме од цревните бактерии и вируси ќе го користиме.

Во стариот Египет лукот го сметале за свето растение. Уште тогаш служел за храна, но на голема цена бил токму за тоа што се верувало дека е особено лековит. Евреите, Грците и Римјаните исто така лукот го употребувале за храна и како зачин. Нашиот народ многу ја цени лековитоста на лукот и верува дека спречува и лекува многу болести: го јакне организмот, го подобрува варењето, ја чисти крвта и цревата, го намалува крвниот притисок и др. Во лукот се наоѓа материја алин  која го спречува развитокот на некои бактерии слично како и прочуениот лек пеницилин. Се смета дека лукот особено добро дејствува на работата на органите за варење на умствените работници кои малку се движат.

Доколку посакате народна превентива искористете го овој рецепт:

200 g лук здробете го и натопете го во еден литар ракија. Течноста треба да стои две недели. Потоа се процедува и се чува во фрижидер. Се пијат по 20 капки од течноста, секоја вечер.



Ни лук јал ни лук мирисал - народна мудрост


Нема коментара:

Постави коментар