Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 10. децембар 2011.

Дедо Мраз

 Дедо Мраз
      Дедо Мраз е личност која им носи подароци на децата за Бадник, Божиќ, за Свети Никола (во западна култура) или за Нова година (во источноевропски земји). Некои веруваат дека Дедо Мраз потекнува од Христијанството, други веруваат дека е митскиот бог Один, а некои пак мислат дека токму компанијата Кока Кола го измислила во раните години на ХХ век за да им се зголеми продажбата на нивниот производ преку зимскиот период. Во рано - христијанскиот период Дедо Мраз бил христијанскиот бискуп Св. Никола од Мира. тој им давал подароци на сиромашните жени да можат да соберат чеиз и што побрзо да пронајдат сопруг.
Во Белгија и Холандија се претпоставува дека Дедо Мраз е скандинавскиот бог Один, бог на мудроста, војната и смртта. Легендата вели дека Один правел забави за другите богови за време на божиќните празници за да им дадат почит на паднатите воини, а дека тој на забавата пристигал јавајќи го неговиот коњ Слепнир. Децата во овие држави имаат обичај во нивните чорапи да ставаат слама, моркови или шеќер за коњот на Один, за кои пак, тој им возвраќал со подароци кои им ги оставал во ноќта додека спијат.
Народните приказните од јужна Австрија и северна Италија го опишуваат Дедо Мраз како страшно и ужасно чудовиште кое направило многу гревови и да му се простат гревовите цел живот мора да разнесува подароци на сите деца ширум светот.
Во Британската верзија Дедо Мраз или Таткото Божиќ, бил брадест човек облечен во волнен зелен капут. Во Америка пак, Дедо Мраз, е весел старец кој во придружба на неговите ирваси им разнесува подароци на децата за Божиќ.
Денешниот Дедо Мраз живее во Лапонија со својата сопруга. Преку цела година, со голема помош од џуџињата, изработуваат подароци за сите добри деца ширум светот. Доколку сте биле добри можете да му пишувате:
Santa Claus
Arctic Circle
96930 Rovaniemi
Finland
Среќна Нова 2012 година!
(За да посакаш среќа, здравје и успех на секого, не ти е потребен часовник, но убаво е да знаеш како е создаден часовникот.)
     Една кинеска легенда зборува дека пред 3000 години пред нашата ера двајца кинески астрономи од тоа време биле осудени на смрт затоа што пропуштиле да го предвидат затемнувањето на сонцето. Низ историјата, многу народи и држави, својата историја ја означувале по времето на владеење на некои свои владетели или некој важен настан во нивната историја. Римјаните времето го сметале од основањето на нивниот град. Менувањето на годишните времиња и природните појави за определување на времето, за сите народи имало подеднакво значење и користејќи ги нив успеале да направат календари за подолги временски периоди кои служеле во практични цели, а најмногу во земјоделството. Некои од тие календари биле многу сложени, а други многу едноставни и точни. Во времето на Аристотел времето било толкувано и сфаќано како мера или функција на движењата и промените што настануваат во природата. Подоцна, во 17 век, во времето на ренесансата, толкувањето за времето претрпува измени. Сега тоа е сфаќано како универзална димензија спрема која можат да се мерат другите величини.
Англискиот физичар, астроном и математичар, Исак Њутн дал класична формулација за времето според која тоа е – апсолутно, реално и математичко време, по себе и по сопствената природа тече рамномерно, без никаква врска со било што надворешно – Од оваа концепција произлегло, времето да се сфати како идеален и апсолутен стандард, кој овозможува да се определи брзината и забрзувањето кај движењата, времетраењето на некоја појава и др. Постои само една стандардна мера за времето, во целата Вселена. Уште од самите почетоци во проучувањето на времето и неговото толкување се наметнува потребата за неговото мерење. Првиот и наједноставен часовник бил Сонцето. Колку повеќе Сонцето се издига над хоризонтот толку повеќе се доближува пладне, а колку пониско се спушта над хоризонтот толку повеќе се доближува ноќта. Пред повеќе од 3000 години, египетските астрономи времето во денот го определувале по должината на сенката на некое дрвено стапче наречено гномона.

        Вавилонците гномоната ја наместувале на полукружна плоча или полутопка на која биле нацртани кружни линии. Ваков часовник не требало да се навива. Тој можел да се користи само дење, кога има сончева светлина.
Старогрчкиот филозоф Платон направил воден часовник наречен клепсидра. 
         Клепсидрата претставува инка, наполнета со вода која истекува полека, во капки, а поделците нацртани на инката покажувале колку е часот. Денот и ноќта траеле 24 часа, но нивната должина не била еднаква. Денот започнувал со изгрејцонце, а завршувал на зајдисонце. Во лето часовите биле подолги, а во зима пократки.
Пред 800 години, во Европа се појавил првиот часовник со тркалезен механизам. Тој имал само една стрелка која ги покажувала само часовите. Во 1714 година англискиот парламент распишал награда за изработка на точен часовник кој нема да греши повеќе од четири минути за време од шест недели, колку што траело патувањето со брод од Англија до Америка. Таков часовник направил Англичанецот Џон Харисон и му додал и втора стрелка, која ги покажува минутите. Во 1760 год. На часовникот му е додадена и трета стрелка, која ги покажува секундите. Денес Часовниците се многу усовршени и со голема точност можат да го мерат времето, не само минутите и секундите, туку и илјадити делови од секундата.
Зошто Дедо Мраз секогаш знае да се врати дома?
    Северната страна на шумските дрвја има мов и лишаи. Тоа знаење им користело за многу загубени патници или ловци и ги спасило од многу непријатности.  
Но како да му се помогне на оној што се загубил во крај каде што нема стебла?
Како да се снајдете при облачно небо, ако се најдете на лединка без дрвја?
        Во Америка, ловците се снаоѓале според растението силфиум чии лисја секогаш се поставени во правец исток – запад. Истото растеније го пренесоа во европските ботанички градини, но тука не ја покажа својата необична особеност. Листовите му растеа во различни правци.
Во Европа расне едно растение со слични својства. Тоа е дивата лоѓика која е многу распространета. Ако ја најдеме на сува земја каде што нема други повисоки растенија и сенки, нејзините листови се поставени во правец север – југ. Поради тоа изгледа како да сме ја сплеснале со нешто од источна и западна страна. Кога расне меѓу повисоки растенија, листовите и се различно поставени. Кога се осамени, со положбата на листовите се бранат од дехидратација. Кога се поставени во правец север – југ, ги погодуваат само сончевите зраци од исток и запад, кога нивната сила е најмала. На пладне кога е најжешко, тесната страна од листот е свртена кон сонцето и на тој начин не губи многу течности. Положбата на лисјата на овие растенија ни покажува како растенијата се приспособуваат кон својата околина, како се борат за живот и ако го знаеме тоа можеме да го искористиме за снаоѓање во просторот.



Нема коментара:

Постави коментар