МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
ДИЊА И ЛУБЕНИЦА
Дињата потекнува од јужна Азија, каде што расте диво, а лубеницата од тропска Африка. Пред повеќе илјади години се пренесени во другите краишта од сверот. Старите Египќани, старите Римјани и Грци се сладеле со дињи и лубеници, но првата земја во која дињата почнала да се одгледува интензивно, била Франција и тоа пред 300 години. Дињата и лубеницата му припаѓаат на родот на тиквите. Денеска дињата и лубеницата се одгледуваат во многу земји во светот и добиле многу варијанти во зависност од тоа каде и како се одгледуваат. Некои видови дињи се викаат ”канталупа”а некои “касаба”. Последните зреат подоцна во сезоната, полесно се одгледуваат и можат подолго да стојат при транспортирањето и по пазарите. Тој вид на диња има мазна жолтеникаво-зелена кора и е мошне голема.
Лубениците се уште поголеми и посочни. Лубеницата по бербата може да трае 14 до 21 ден, ако се чува на температура од 15 степени цезиусови. На пониски температури од околу 5 степени цезиусови лубеницата почнува да се расипува веќе по една седмица. Лубениците чувани на собна температура содржат повеќе витамини и се похранливи од изладените и свежо набраните лубеници. Лубениците се богати со антиоксиданси што успешно се борат против оштетувањата предизвикани од сонцето, хемикалиите и од загадувачите со кои се среќаваме во секојдневниот живот. Богати се со ликопен - антиоксиданс што им ја дава црвената боја, а корисен е за спречување на срцевите болести и на некои видови рак. Лубениците чувани на собна температура имаат 40% повеќе ликопен и 50 % повеќе бетакаротин кој во телото се претвора во витамин А.
СЛАТКО ОД ЛУБЕНИЦИПОТРЕБНО:
Варова вода, 1 kg шеќер, 1 kg дебела кора од лубеница (бело месо), 1 лимон, 1 ванилин шеќер.
ПРИГОТВУВАЊЕ:За слатко се избира посебен вид на лубеница кој има подебело бело месо (може и обична дебелокорка) Средината и кората се отстрануваат, а белото месо се сече на коцки кои се ставаат во варова вода да отстојат преку ноќ. Утредента се ставаат во чиста вода, па отстојуваат уште еден ден, со менување на водата два до три пати. Потоа коцките се ставаат неколку пати во чиста вода и се зовриваат. Добро се цедат и се боцкаат со игла. Во сируп од 1 kg шеќер проварен со 250 ml вода се варат од 15 до 20 минути со постојано вадење на пената. При крај на варењето се додава сок од лимон и ванилин шеќер и тенџерето се трга од оган. Откако ќе се излади се става во тегли.
МАРМАЛАД ОД ДИЊИ
ПОТРЕБНО:
3kg дињи, 900 g шеќер.
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Исчистени, ситно исечкани дињи ставете ги во тенџере и без шеќер варете ги. Откако ќе бидат до половина варени, додадете го шеќерот и постојано мешајте ги за да мармаладот добие убава жолта боја. Готов ќе биде кога при мешањето со дрвената лажица смесата ќе пошне да се одделува од ѕидовите на тенџерето. Врелиот мармалад се става во врели тегли и се ставаат во млака рерна за да се фати коричка на површината. Теглите добро затворете ги и оставете ги на ладно место. Вака приготвениот мармалад многу е вкусен и може да трае повеќе години.

СОК ОД ДИЊИ
ПОТРЕБНО:
3 kg дињи, 2 kg шеќер во прав, 4 лимони.
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Изберете меки и зрели дињи. Исешете ги на парчиња, а семките отстранете ги. Месото од дињите исечете го на коцки. На 2 kg исчистени дињи додадете 1,6 kg шеќер во прав и сок од 4 лимони. Сето тоа добро измешајте го, па во поклопен сад чувајте го 4 дена на сончево место. Потоа, сокот процедете го низ чиста газа, превиткана повеќе пати. Сокот сипајте го во шишиња и пастеризирајте го во водена купка 30 минути на 80 степени целзиусови.

Гатанка : Зелена паница пука од крв. (лубеница)
Нема коментара:
Постави коментар