Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 3. август 2016.

Блез Паскал



Блез Паскал (Blaise Pascal; 19 јуни 1623 - 19 август 1662) — француски физичар, математичар и филозоф. Како дете, покажувал натпросечни способности, а се образувал кај својот татко. Првите дела му биле од областите на природните и применетите науки. Дал значајни придонеси во конструкцијата на механичките сметања и проучувањето на течностите, ги објаснил притисокот и вакуумот.
На возраст од шестнаесет години напишал дело од полето на проектната геометрија,  работел заедно со Пјер де Ферма од 1654 на полето на теоријата на веројатност и извршиле огромно влијание врз развојот на модерната економија и социјалните науки.
Во 1642, започнал  истражување за сметачките машини и успеал да создаде механички калкулатор,наречен Паскалин.
Во  1654 ја напуштил математиката и физиката и се посветил на филозофијата и теологијата. На оваа тема напишал два труда  „Провинциски писма“ и „ Мисли“.
Познат е по својот трактат за аритметичкиот триаголник. Како и по трудот  за циклоидот и неговата примена во пресметување на волуменот на цврстите тела.
Во текот на својот живот многу влијаел врз математиката. Неговиот "Трактат за аритметичкиот триаголник" ( Traité du triangle arithmétique) во 1653 опишал табеларно претставување на биномни коефициенти, што денес се нарекува Паскалов триаголник.
Најголемиот придонес на Паскал за филозофијата на математиката било делото “За геометрискиот ум“ (De l’Esprit géométrique), првобитно напишано како предговор на еден учебник “Елементи по геометрија“
Во чест на неговите придонеси во науката, името Паскал е дадено на SI мерната единица за притисок, на програмскиот јазик -Паскал, и на Паскалов закон (важен принцип во хидростатиката), а воедно, како што беа споменати погоре, на Паскаловиот триаголник и опклада. Паскаловиот развој на теоријата на веројатноста бил значаен придонес и извршило големо влијание во математиката. Првенствено аплицирана на коцкањето и опкладите, денес оваа теорија е крајно значајна во економијата.
Во литературата, Паскал е еден од позначајните автори на францускиот класичен период и денес се чита како еден од најголемите мајстори на француската проза. Неговата употреба на сатирата подоцна влијаеле на полемистите. Содржината на неговата книжевна работа најдобро се памети по неговото силно противење на рационализмот на Рене Декарт.
Во Франција, престижната годишна награда Блез Паскал им се доделува на заслужните научници.
Епитафот на Блез Паскал во Црква Сент-Етјен-ди-Мон, 5-ти арондисман во Париз.

Нема коментара:

Постави коментар