Дванаесеттиот месец, а воедно и последен во годината, е месецот декември.
Декември е зимски месец. Од астрономски аспект месецот е важен затоа
што околу 22-от ден од месецот започнува зимата, односно Сонцето се
наоѓа во зимскиот солстициј (зимска повратна точка). Со почетокот на
зимата и денот е најкраток за сметка на ноќта. Името на месецот
потекнува од латинскиот збор decem што во превод значи десет (месецот
декември за време на Помпилиј бил десетти по ред).
Нема коментара:
Постави коментар