Terje Isungset има
свирено внатре во заледени водопади, на врв од 3000 метри на глечер. На
масивни ледни санти и на температура и до -33 степени Целзиусови.
Иако можеби звучи чудно, но овој прв и
единствен леден музичар, овие услови за работа се составен дел од
неговата кариера. Овој Норвежанин свири на ледени инструменти повеќе од
10 години и е основач на норвешкиот годишен Леден музички фестивал.
Љубов кон „ледената музика“ за првпат почувствувал на 20 години, кога
бил повикан да свири на концертот под замрзнатиот водопад. Како
инструменти користи сталактити и сталагнити образувани природно во текот
на грубата норвешка зима. На неговиот репертоар има тапани, тромбон,
харфа, труба.. Најнеобичниот инструмент што го има направено од мраз е
леден тромбон издлабен во 2500 години стар глечер. До сега имал 50
настапи, што во ледени стандарди е долг период.
Нема коментара:
Постави коментар