Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат)
и се украсуваат во текот Велика недела (Страсна недела), најчесто на
Велики четврток или Велики петок. Бојосаните јајца обично се ставаат во
кошница наполнета со слама така што наликува на птичјо гнездо. Обичај
кај сите христијани бил и се уште е дарувањето велигденски јајца. При
тоа се водело сметка секој член на семејството и секој гостин да добие
јајце со одредена симболика; момчињата и девојките добивале јајце со
исцртано венче за да си најдат животен сопатник, а деверот добивал јајце
исцртано со будилник или рака со прстен, часовник и цвеќе.
При капењето на децата, во водата се
ставало црвено јајце и со него им се триеле челото и образите за да
бидат црвени, како симбол на здравјето. Првите бојосани јајца биле
наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се
верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па
затоа било за заштита одградоносни облаци, за подобар род на полињата го
закопувале во земја на лозјето или во нивата. Се сметало дека дури и
лушпите од велигденското јајце имаат заштитна функција. Има различни
легенди за традицијата за вапцување јајца. Една од нив е дека кога Исус
Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла
јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено.
Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата
жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува
крст по челата за здравје. Останатите јајца се обојуваат во различни бои
и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата -
крстот, зелената - Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.
Нема коментара:
Постави коментар