Емоционална интелигенција е термин кој почна да се користи во деведесеттите години од минатиот век. Денес, многумина зборуваат за два типа на интелигенција. Познавачите на емоционалната интелигенција велат: “Интелектуалната и емоционалната интелигенција не се спротивставени туку одделни способности. Кај секој од нас се испреплетуваат, па така, луѓе со висок коефициент на интелигенција и ниска емоционална интелигенција, или обратно, наспроти стереотиповите, се релативно ретки. Исто така, постои одвај видлива врска меѓу интелектуалната и некои видови на емоционална интелигенција, толку незначителна што тешко може целосно да ги раздели овие ентитети.”
Психолозите тврдат дека
разбирањето на личните емоции и емоциите на другите клучот за задоволно
живеење. Оние луѓе кои се самосвесни и чувствителни кон другите управуваат со
работите со мудрост и љубезност,
дури и во неповолни околности.
Оние што се “емотивно
неписмени”, го
минуваат својот пат низ животот обележани со недоразбирање, фрустрации и неуспешни врски.
Научното разбирање на оваа емоционална интелигенција може да ни овозможи да ги
тренираме нашите емоционални вештини и на тој начин можеме да водиме поисполнет
и продуктивем живот.
Сите слушнавме за IQ – “коефициент
на интелигенција, што е резултат добиен од неколкуте различни стандардизирани
тестови дизајнирани да се процени интелигенцијата.” Ние мислиме дека висок IQ е
корисен, на начин што подразбира да се биде паметен со напредни способности за
размислување.
Малкумина слушнавме за ЕQ – мерење на емоционална
интелигенција, исто така позната како ЕI. “Емоционалната
интелигенција (ЕI) е способноста да се идентификуваат, проценуваат и
контролираат личните емоции, емоциите на другите и емоциите на групите.”
Реалноста е дека поединецот со висок коефициент на
интелигенција може да добие добри оценки, или да биде во можност да решава
апстрактни проблеми под контролирани услови, но, таа, сепак не е показател за
неговата способност да успее во реалните животни ситуации. Спротивно на тоа,
некој со висока ЕQ ќе ја спроведе својата визија и ќе ги мотивира луѓето да ја
исполнат целта. Еден од клучните елементи е фактот дека развивањето на IQ е
потешко отколку покачувањето на вашата ЕQ. ЕQ може да се усовршува преку
менторство, набљудување и обука, додека коефициентот на интелигенцијата може да
биде вкоренет како општо правило. IQ има голема вредност и во вистински
околности може да доведе до голем успех, особено денес во нашиот високоразвиен
технички свет. Бил Гејтс, оснувачот на “Мајкрософт”, стана најбогат човек во светот со IQ
од 160. Просечен IQ е 100. Гејтс бил познат како насилник. Кооснувачот на “Мајкрософт”, Пол Ален, вели: “Бил Гејтс е многу, многу злобен кон мене.”
Постојат оговорања дека “Мајкрософт” е место каде што луѓето работеле
исцрпувачки, се додека не се предадат, редовно навредувани и омаловажувани како
дел од корпоративна средина. Обично се укажува на тоа дека “Мајкрософт” беше и се уште е место полно со
висок IQ и ниска ЕQ.
Луѓето со високо ЕQ имаат повеќе пријатели додека се
движат по патот кон успехот и уживаат во самото патување. Со висока ЕQ беше
Стив Џобс кој имаше таа способност да го убеди светот да го купи кој било уред
на “Аpple”. Луѓе со висока ЕQ се инспирирани да
им помогнат на другите, преку својата развиена емпатија тие поседуваат поголема
веројатност да бидат лидери во движењата за социјални промени и за глобално
подобрување. Со високо ЕQ беа: Мартин Лутер Кинг Џуниор, Далај-лама и Ганди. ЕQ
е добар индикатор за тоа колку човекот кој остварува личен успех ќе биде во
можност да ужива во тоа и на крајот да ја рашири љубовта кон другите.
Психолошките профили кога се работи за различните полови се разликуваат во одредени црти. На пример, кога имаме тип на маж со висока интелектуална интелигенција, тој е насочен кон поширокото поле на интелектуалните занимања и способности. Таков маж е амбициозен и продуктивен, предвидлив и настојчив и не се измачува со субјективни проблеми. Тој може да биде критичен и попустлив, префинет и повлечен, несигурен во сексуалните и сентименталните искуства, бесчувствителен и рамнодушен, емотивно ладен маж.
Од друга страна, кога имаме маж со висока емоционална интелигенција, се работи за некој кој е отворен, стабилен, весел, дружељубив, не е подложен на страв и загриженост. Ваквите луѓе се исклучително верни кон луѓето и идеите, се одликуваат со одговорност и етичност, а во своите врски се полни со разбирање и внимание. Нивниот емоционален живот е богат и разновиден. Тие се во согласност со самите себеси, но и со другите како и со општеството во кое живеат.
Жените со висока интелектуална интелигенција поседуваат интелектуална самодоверба, вешто ги изразуваат своите мисли, разговараат на интелектуални теми и имаат интерес за голем број на интелектуални и естетски области. Исто така, обично се интроспективни, подложни на анксиозност, постојано загрижени и со обилно чувство на вина. Се колебаат отворено да го искажат својот бес, иако тоа сепак го прават на индиректен начин.
Емоционално интелигентните жени се говорливи и директно и отворено си ги искажуваат чувствата, имаат добро мислење за себе, го сакаат животот и тој за нив значи се. Како и кај мажите од ист тип, тие се весели, отворени и своите чувства ги искажуваат на ист начин (немаат изливи на чувства заради кои потоа жалат). Добро поднесуваат стрес. Нивната социјална инвентивност им овозможува лесно да запознаат нови луѓе, доволно се во согласност со своето битие, па поради тоа се спонтани, ѓаволести и отворени за сите сексуални искуства. За разлика од жените со висок IQ, тие ретко се вознемирени, немаат чувство на вина и ретко паѓаат во состојба на безнадежност.
Емоционалната интелигенција е оној дел кој на човекот му обезбедува особини кои не прават почовечни. Не секогаш овие два типа на интелигенција работат синхронизирано во наша корист, понекогаш се случува токму спротивното, да си попречуваат еден на друг, но и двата се потребни да ја креираат целината на нашето битие.
Денес покрај IQ и EQ, се почесто се зборува за MQ и за BQ. Се вели дека треба да се фокусираме на зацврстување на нашиот EQ (емоционална интелигенција), MQ (морална интелигенција) и BQ (телесна интелигенција), наместо на IQ. Овие концепти можеби се тешки да се измерат но нивната важност е поголема од таа на IQ.
Емоционална интелигенција (IQ)
Коефициентот EQ (emotional intelligence) е можеби најпознат од трите, и се залага за: свесност за сопствените чувства и за чувствата на останатите, регулација на тие чувства, користење емоции соодветни за секоја ситуација, мотивација и градење врски.
Морална интелигенција (MQ)
MQ (moral intelligence) директно го следи EQ и го следи вашиот интегритет, одговорност, симпатија и простување. Начинот на кој се третирате самите себе е начинот на кој и другите луѓе ќе ве третираат. Почитување на обврски, одржување на интегритетот и искреноста се клучни за морална интелигенција.
Телесна интелигенција (BQ)
На крај, постои и коефициент на телесна интелигенција (body intelligence). Тој е одраз на она што го знаете за вашето тело, што чувствувате и како се грижите за него. Вашето тело константно ви кажува работи, ги слушате ли тие сигнали? Како се храните? Дали доволно се одмарате, и дали доволно вежбате и се грижите за телото? Иако изгледа дека овие прашања не се поврзани со бизнис, но телесната интелигенција влијае во прилична мера на вашата работа затоа што ги детерминира вашите чувства, мисли, самодоверба, свест и ниво на енергија.
Не е важно дали го поседувате најдобриот академски тренинг од најдобриот универзитет. Личност со понизок степен на образование а со целосно развиени EQ, MQ и BQ може да биде поуспешна од личност со импресивно образование која потфрлува во некоја од трите категории.
Да, се разбира дека е добро да сте интелигентни, да размислувате рационално и да имате висок IQ коефициент, но треба да знаете дека тоа не е доволно. IQ ќе ви помогне лично вам, но EQ, MQ и BQ ќе имаат корист и за другите околу вас. Ако успеете да ги усовршите овие често потценети форми на интелигенција, утврдено е дека придонесуваат за поголем успех и засилена професионална компетенција и капацитет. (инспирирано и дел превземено од брошурките на Зегин)
Нема коментара:
Постави коментар