Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 11. новембар 2011.

ИЗВОР (молитва над молитвите)

ИЗВОР

Господи, 
Дај мирно да примам
се она што ќе го донесе денешниот ден.
Како и тоа
потполно да се предадам на твојата света волја.
Упатувај ме и помагај ми
секој час во текот на овој ден.
Какви вести и да чујам
научи ме мирно да ги примам
и со цврсто уверување
дека се станува со твојата света волја.
Управвај со моите мисли и чувства
во сите мои дела и зборови.
Не позволи во сите непредвидени случаи 
да заборавам дека се доаѓа од тебе. 
Научи ме правилно да се однесувам
спрема своите родители и спрема ближните.
Никого да не налутам, ниту да ожалостам.
Господи
Дај ми сили
да го поднесам заморот на денешниот ден
како и се она што ќе се слчи
во тект на денот.
Ти управвај со мојата волја.
И научи ме да се молам,
да верувам,
да се надевам,
да истрпувам,
да проштевам
и да љубам. 

(молитва со која започнуваше секој работен ден во далечната 1998 или 1999 година - не се сеќавам точно, тогаш  ја научив и е дефинитивно најубавата молитва)


2 коментара:

  1. Молитвата е прекрасна... ме потсети на една Молитва кон сонцето, на северноамериканските индијанци, (за племето не се сеќавам), во која му се обраќаат на Сонцето како на врховен бог, да им даде љубов и добрина на луѓето.

    ОдговориИзбриши
  2. Дали сте знаеле дeка:
    "Кај Македонците било единствено верувањето во Сонцето и
    затоа нивните молитви се упатени кон небото, додека сите останати народи верувале во Земјата и затоа нивните
    молитви до ден денешен се кон Земјата (некои се наведнуваат, други клек нуваат, трети легнуваат, четврти ја бак нуваат итн.).Историска измама е дека Македонците принесувале живи луѓе како жртви. Вистина е дека Македонците не верувале дека Бог ќе им даде дожд.
    Нивното сфаќање било дека жртвувањата не помагаат и дека треба свртување кон себе. Затоа ги измислиле системите
    за наводнување, а луѓето ги учеле да земаат во рацете канти и самите да ги наводнуваат полињата и бавчите со
    зеленчук."
    КОЛКУ Е ТОЧНО НЕ ЗНАМ, НО МИ СЕ ДОПАЃА.

    ОдговориИзбриши