Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

ТИКВА

Македонија - ризница на здрава храна 



ТИКВА      
Тиква е едногодишно растение, може да има ползаво стебло долго и до 10 метри. Потекнува од Мексико, откаде што Шпанците ја пренеле во Европа. Првиот запис за тиква потекнува од Кристофер Колумбо кој во дневникот запишал дека тиквата прв пат ја видел во Куба. Денес кај нас тиквата се сее како градинарска култура. Лековити својства имаат семките и месото од тиквата. Таа е важна поради богата содржина на масло (семките содржат 40 – 50%), потоа фитостеринот, белковините (околу 1%), глобулинот, едестинот, лецитинот, јаглените хидрати (5 -10%), фитинот, смолите, ензимите, емулзинот и малку силициумова киселина. Овој зеленчук има многу минерални материи, особено натриум, фосфор и манган, како и витамини, особено А и С.
ТИКВАТА КАКО ЛЕК
Тиквата е одличен лек за бубрезите и заболениот желудник, а мошне е успешна и како диетално јадење кај дебелите особи. Кај овие болни третманот со тиква се покажа како мошне успешен и во случаите каде не помогнале многуте лекови. Против водената болест, болестите на желудникот и на бубрезите кои не се воспалени треба да се зема многу тиква во облик на салати, сокови и компоти. Слична е препораката и кај лекувањето на псоријаза, воспалението на тенките црева, како и против зачестеното повраќање за време на бременоста. Срцевите болни, но и оние кои страдаат од шеиќерна болест, гихт, ревматизам, би требало тиквата да ја конзумираат секојдневно.
Ви препорачувам еден од многуте испробани рецепти за подготвување на јадења од тиква:
Од тиквата отстранете ја кората, а месото исечкајте го на помали парченца, па додадете неколку парчиња црвен домат и малку исечкан кромид. Динстајте на тивок огин во сопствен сок. Додадете малку слатка или кисела павлака, но не смеете да посолувате. Оваа јадење треба да го јадете барем еднаш дневно, подолг временски период.
Мевлем и облоги за рани
Суровото месо од тиква, изгмечено, е одлична облога за преморените нозе, проширени вени, како и за гангренозните места, а исечено на тенки кришки се става на кожните чирови и на ограничените жаришта на гнојните воспаленија (апсцеси). Семките од тиква од дамнина важат за добро средство против цревни паразити, особено кај децата, каде што се комбинираат со рицинусово масло. Семките по лупењето можат да се издробат и да се измешаат со еднаков дел на сурово млеко за да добиете каша. Семките од тиква се одличен извор на фосфор мошне важен за раст на коските. Сушените и во прав мелените семки од тиква служат како средство за рани, а влегува и во составот на чајните мешавини против шеќерната болест. Маслото од семките од тиква е одличен лек за рани, особено изгореници и како мошне успешно средство за рацете и нозете испукани од студ.
Ви предлагам да зготвите:
ШТРУДЛА ОД ТИКВА
Потребни состојки: 300 g тесто за штрудла или готови кори, 500 g месо од тиква, 1лажица суво грозје, 1 лажица крупно сечкани бадеми, ½ лажишка цимет, 3 кесички ванилин шеќер, 2 лажици кристал шеќер, путер за мачкање, шеќер во прав за посипување.  
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Исчистеното месо од тиква исечете го накоцки и сварете го во малку вода. Потоа измиксирајте го во каша. Ставете ги бадемите, шеќерот, циметот и ванилин шеќерот. На влажна крпа ставете една кора од тестото, испрскајте ја со стопениот путер, покрилте со друга кора, исто испрскајте со путерот, па по должината на подолгиот раб ставете половина од филот. Свиткајте ја кората и ставете ја во намастано тавче. Така направете и со другите кори и на крај премачкајте ги со путер. Печете ја штрудлата 35 минути во рерна загреана на 200°С. Откако ја извадите од рерната посипете  ја со шеќерот во прав.
ТИКВА ЗА УБАВИНА
Бидејќи има добро дејство врз кожата, аособено врз онаа помрсната и наклонета кон митисери и акни, тиквата може да се користи и за подготвување на освежителни и хранливи маски за лице. Ситно ренданата тиква се меша со јогурт и оваа каша се става на чисто лице. По 30 до 60 минути треба да се измие со млака вода или со млак чај од камилица. Доколку кожата на лицето е сува, место јогурт подобро е да се употреби слатка павлака измешана со 1 лажичка маслиново масло.

Се смотала, се завила, на плот се обесила? 
                                                                       (тиква)


ЛУК

Македонија - ризница на здрава храна
ЛУК
Лукот меѓу народот е познат како природен антибиотик, како зачин и лек познат со векови, а последниве години интензивно се испитува  неговото својство. Докажано е дека ги ублажува воспаленијата на слузницата кај настинките, ги убива штетните бактерии, го јакне одбрамбениот механизам во телото, а превентивно влијае против инфаркт и мозочен удар. Анализата на лукот покажува дека станува збор за комплетен продукт, кој содржи од се по малку: масти, белковини, јаглени хидрати, минерали и некои витамини. Вo 100 g лук има околу 181 mg калциум, што е меѓу најголемите вредности во светот на билките. Содржи 30 mg витамин С, а многу е важно дека содржи два силни оксиданси: селен и германиум, кои заедно со витаминот С се одлична одбрана против слободните радикали кои се одговорни за дегенеративните болести и за брзото стареење. Речиси нема болест за која народот не ја испробал моќта на лукот, но најмногу се користи како антисептик, односно средство за антибактериско влијание. Особено е популарен за дезинфекција на слузницата, против настинките и грипот, ја олеснува кашлицата и се користи за искашлувањето како чај или течност за инхалирање на синусите, но и суров (здробен лук) со мед.Лукот се користи свеж, како паста,сок, маст, облоги, чај, тинктура, екстракт за инхалација, сув прашок, таблети и маслен екстракт во капсули.
Дали лукот и препаратите од него се еднакво делотворни?

Суровиот лук е најсилно средство, но се одбегнува поради силната миризба, а ако сакаме побрзо да се ослободиме од цревните бактерии и вируси ќе го користиме.

Во стариот Египет лукот го сметале за свето растение. Уште тогаш служел за храна, но на голема цена бил токму за тоа што се верувало дека е особено лековит. Евреите, Грците и Римјаните исто така лукот го употребувале за храна и како зачин. Нашиот народ многу ја цени лековитоста на лукот и верува дека спречува и лекува многу болести: го јакне организмот, го подобрува варењето, ја чисти крвта и цревата, го намалува крвниот притисок и др. Во лукот се наоѓа материја алин  која го спречува развитокот на некои бактерии слично како и прочуениот лек пеницилин. Се смета дека лукот особено добро дејствува на работата на органите за варење на умствените работници кои малку се движат.

Доколку посакате народна превентива искористете го овој рецепт:

200 g лук здробете го и натопете го во еден литар ракија. Течноста треба да стои две недели. Потоа се процедува и се чува во фрижидер. Се пијат по 20 капки од течноста, секоја вечер.



Ни лук јал ни лук мирисал - народна мудрост


четвртак, 1. децембар 2011.

ДУЊА


Македонија ризница на здрава храна

ДУЊА
Дуњата потекнува од југозападна Азија, односно од Персија и Анадолија. Дрвото на дуњата може да израсне и до седум метри, а плодот е во форма на јаболко или круша, со златножолта до црвена боја и покриен со влакненца што лесно се симнуваат. Има пријатен мирис, а сировото месо етврдо и со киселкаст вкус. Оваа овошје било популарно кај старите Грци кои ја подготвувале така што го ваделе месото од средината на дуњата, ја полнеле со мед, ја ставале на плех и ја печеле. Дуњата во грчка митологија симболизирала љубов и среќа. 
Римјаните од оваа овошје добивале етерични масла, кои ги употребувале за парфемите.
Во франција е позната со векови, а не се употребува само во кујната туку и за козметички и медицински потреби.
Дуњата што ние ја познаваме се разликува од таа од западна Азија и од тропските предели каде што е помека и посочна. Во подрачја со поладна клима, оваа овошје е со правилна форма, со жолта боја кога е зрела и малку тежок мирис. Витамини и протеини има во изобилство. Сирово, оваа златножолто јаболко во 100 g има 238 килоџули енергија. 0,4% се протеини, 0,1 % масти, 15,3 % јаглени хидрати. Богата е со диетални влакна и со витамин С. Семките содржат 15% масло и протеини со мал дел амигдалин. Главната состојка на семките е слуз, а ја има и во обвивката. Содржи мали количества бета каротин. Поради присуство на пектин од оваа овошје се подготвува вкусен мармалад. Плодовите се берат од средината на септември до крајот на октомври, што зависи од климатските услови на местото во кое се одгледува дуњата. За лекови се употребуваат плодовите, лисјата и семките на овошјето. Слузот од семките на дуњата се добива со ставање на семките во вода, а се применува за лекување рани настанати поради долготрајно лежење на болниот, изгореници, отворена и распукана кожа, како и облоги при воспаленија на очите. 
КОЛАЧИ ОД ДУЊИ 
Потребни состојки: 120 g масло, 70 g шеќер, 2 јајца, 300 g пченично остро брашно од тип 400, половина вреќичка прашок за печиво. За преливот: лесен џем од праски, 1 kg дуњи, една лажица лимонов сок, 50 g грубо сечкани лешници, еден ванилин шеќер.
ПОДГОТОВКА:
Од маслото (путерот), шеќерот, јајцата, брашното помешано со прашокот за печиво замесете тесто. Оставете го во фрижидер неколку часа. Тестото расукајте го и оставете го во кружен калап и премачкајте го со џемот. Над џемот распоредете ги изренданите дуњи, кои сте ги наросиле со лимонов сок. Печете го во рерна 20 min на температура 180˚С. Потоа попрскајте го колачот со лешниците и ванилиниот шеќер и печете уште 10 минути.

СИРЕЊЕ ОД ДУЊА 
Дуњата е многу богата со пектин, поради што е особено погодна за подготовка за овошно желе и сирење.
Потребни состојки: 2 kg исчистени дуњи, 600 g шеќер, еден лимон, масло.
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги дуњите, излупете ги, пресечете ги на половина, исчистете ги од семки, исечкајте ги на коцки и варете ги во вода додека не омекнат. Испасирајте ги и крчкајте ги на ниска температура 15 минути. Додадете лимонов сок, шеќер и оставете ги да се варат со постојано мешање уште 30 минути. Топлото сирење од дуњи излејте го во соодветни калапи, кои претходно сте ги намачкале со масло, изладете го сирењето, извадете го од калапите и исечкајте го.

Си заљубив едно моме