Македонија - ризница на здрава храна
ТИКВА
ТИКВАТА
КАКО ЛЕК
Тиквата
е одличен лек за бубрезите и заболениот желудник, а мошне е успешна и како
диетално јадење кај дебелите особи. Кај овие болни третманот со тиква се покажа
како мошне успешен и во случаите каде не помогнале многуте лекови. Против
водената болест, болестите на желудникот и на бубрезите кои не се воспалени
треба да се зема многу тиква во облик на салати, сокови и компоти. Слична е
препораката и кај лекувањето на псоријаза, воспалението на тенките црева, како
и против зачестеното повраќање за време на бременоста. Срцевите болни, но и
оние кои страдаат од шеиќерна болест, гихт, ревматизам, би требало тиквата да
ја конзумираат секојдневно.
Ви
препорачувам еден од многуте испробани рецепти за подготвување на јадења од
тиква:
Од
тиквата отстранете ја кората, а месото исечкајте го на помали парченца, па
додадете неколку парчиња црвен домат и малку исечкан кромид. Динстајте на тивок
огин во сопствен сок. Додадете малку слатка или кисела павлака, но не смеете да
посолувате. Оваа јадење треба да го јадете барем еднаш дневно, подолг временски
период.
Мевлем
и облоги за рани
Суровото
месо од тиква, изгмечено, е одлична облога за преморените нозе, проширени вени,
како и за гангренозните места, а исечено на тенки кришки се става на кожните
чирови и на ограничените жаришта на гнојните воспаленија (апсцеси). Семките од
тиква од дамнина важат за добро средство против цревни паразити, особено кај
децата, каде што се комбинираат со рицинусово масло. Семките по лупењето можат
да се издробат и да се измешаат со еднаков дел на сурово млеко за да добиете
каша. Семките од тиква се одличен извор на фосфор мошне важен за раст на
коските. Сушените и во прав мелените семки од тиква служат како средство за
рани, а влегува и во составот на чајните мешавини против шеќерната болест. Маслото
од семките од тиква е одличен лек за рани, особено изгореници и како мошне
успешно средство за рацете и нозете испукани од студ.
Ви
предлагам да зготвите:
ШТРУДЛА
ОД ТИКВА
Потребни
состојки: 300 g тесто за штрудла или
готови кори,
500 g месо од тиква, 1лажица суво грозје, 1 лажица крупно сечкани бадеми, ½ лажишка
цимет, 3 кесички ванилин шеќер, 2 лажици кристал шеќер, путер за мачкање, шеќер
во прав за посипување.
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Исчистеното
месо од тиква исечете го накоцки и сварете го во малку вода. Потоа измиксирајте
го во каша. Ставете ги бадемите, шеќерот, циметот и ванилин шеќерот. На влажна
крпа ставете една кора од тестото, испрскајте ја со стопениот путер, покрилте
со друга кора, исто испрскајте со путерот, па по должината на подолгиот раб
ставете половина од филот. Свиткајте ја кората и ставете ја во намастано тавче.
Така направете и со другите кори и на крај премачкајте ги со путер. Печете ја
штрудлата 35 минути во рерна загреана на 200°С. Откако ја извадите од рерната
посипете ја со шеќерот во прав.
ТИКВА
ЗА УБАВИНА
Бидејќи
има добро дејство врз кожата, аособено врз онаа помрсната и наклонета кон
митисери и акни, тиквата може да се користи и за подготвување на освежителни и
хранливи маски за лице. Ситно ренданата тиква се меша со јогурт и оваа каша се
става на чисто лице. По 30 до 60 минути треба да се измие со млака вода или со
млак чај од камилица. Доколку кожата на лицето е сува, место јогурт подобро е
да се употреби слатка павлака измешана со 1 лажичка маслиново масло.
Се смотала, се завила, на плот се обесила?
(тиква)
Нема коментара:
Постави коментар