Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

уторак, 11. август 2015.

ЛЕБЛЕБИЈА (НАУТ)

МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА

ЛЕБЛЕБИЈА (НАУТ)
Леблебијата е градинарска култура, која најмногу се одгледува во нашата земја и во Далматинска загора. Таа е мешункаста белковинска билка и високовредна намирница за исхрана на човекот. Нејзиното семе, слично на семето на сојата или на сушеното зрно грашок, има светлокафена боја, а се користи како вариво или како додаток на друг зеленчук за приготвување на вкусни и здрави јадења. Од леблебијата се прави и брашно, кое е многу здраво. Од него може да се приготвуваат разни пецива. Леблебијата е одличен извор на витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи доста железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Содржи и големи количини на калицум, кој ги јакне коските, магнезиум, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки. Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 - 23,3 % белковини, 53,5 - 63,6 % јагленохидрати, 4,1 - 5,5 % растителни масла, 3,3 - 5,5 % целулоза и 3,2 - 3,4 % минерални материи. Леблебијата е многу здрава намирница. Таа го регулира нивото на шеќерот во крвта, па затоа често им се преопрачува на дијабетичарите. Големата количина на железо која ја има леблебијата, ја прави погодна за исхрана на слабокрвните лица. Магнезиумот во леблебијата ги релаксира нервите и мускулите, го регулира крвниот притисок, го јакне инунитетот и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабет. Леблебијата им се препорачува на срцевите болни и на болните од дијабет. Леблебијата е природен лек против овие заболувања, но и го намалува ризикот од нивното настанување. Леблебијата е нискокалорична намирница, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост.

ХУМУС 

Потребно:

- 200 g варена леблебија;

- 100 ml вода во која се варела леблебија;

- 40 g таан;

- 2-3 лажици лимонов сок;

- 2 чешниња лук;

- 50 ml малсиново масло;

- 1 лажица исечкан магдонос;

- половина лажичка мелен црвен пипер.

Подготовка:

Леблебијата потопете ja во вода и оставете ja да кисне преку цела вечер. Вака омекнатa, варете ja околу  два часа или се додека комплетно не омекне, водејќи сметка да не се распадне, а потоа исцедете ја. Водата од нлеблебијата, во која сте додале малку сол, зовријте ја повторно и оставете ја да се излади. Леблебијата, заедно со водата, лимоновиот сок и лукот, иситнете ги во блендер за да добиете изедначена маса. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, магдоносот, црвениот пипер и таанот и помешајте уште еднаш. Доколку смесата ви излезе премногу густа, додадете уште малку од водата во која се варела леблебијата. Подготвениот намаз ставете го во фрижидер и оставете го добро да се излади. По желба можете да го декорирате со маслинки или гранче магдонос.

субота, 20. јун 2015.

Џек Килби

1923 - 2005

Џек Килби (Jack Kilby) во 1958 година, работејќи на минијатуризација на електрични кругови, но незадоволен од постигнатите резултати, доаѓа на идеја составните компоненти на електричното коло да бидат направени во еден блок (монолит) од полуспроводнички материјал и на тој начин го создава прв интегриран круг. Тој го направил и прв интегриран круг кој профункционирал. Со изработката на сите компоненти од еден блок на полуспроводен материјал и со додавање метален пласт на крајот за нивно меѓусебно поврзување, отпаѓа потребата од дискретни елементи, нема потреба од рачно поврзување и лемење, а процесот на производството се автоматизира. За овој пронајдок Килби заслужено добива Нобелова награда во 2000 година.

Од првиот прототип на Килби до денес, развојот на интегриран круг поминува долг пат. Неговата идеја води кон развивање на нова индустрија со масовно производство, процесот на производството на интегрираните кругови станува автоматизиран со најмодерни машини и материјали и во строго контролирани услови. Денешните интегрирани кругови содржат повеќе од 100 милиони елементи на површина од 1 cm2.



Третата генерација на компјутери се појавува во периодот 1965-1970 и е наречена ера на интегрирани кругови (кола). Интегрираните кругови, кои се нарекуваат и полупроводнички чипови се состојат од голем број на транзистори поставени на заедничка полупроводничка основа. Роберт Нојс (Robert Noyce) од Fairchild корпорацијата и Џек Килби (Jack Kilby) од Texas Instruments во 1958 година, независно еден од друг, ги открија можностите за користење на интегрираните кола. Поставувајќи огромен број на транзистори во еден чип и поврзувајќи ги во компактна целина, овозможиле огромно зголемување на моќта на компјутерите и значајно намалување на нивната цена. Џек Килби е добитник на Нобелова награда за физика во 2000-та година, за ова негово откритие. Од изработката на првиот интегриран круг, бројот на транзистори поставени во еден чип двојно се зголемувал секоја втора година, намалувајќи ги истовремено големината и цената на компјутерите и зголемувајќи ја нивната моќ. Третата генерација на компјутери можела да извршува инструкции во милијардити дел од секундата (10-6s). Физичката големината на компјутерите од третата генерација била многу помала од нивните претходници. За разлика од просторот кој бил потребен за сместување на компјутерите од првата и втората генерација (неколку десетици квадратни метри), за сместување на еден компјутер од третата генерација доволно било едно работно биро. И со третата генерација на компјутери продолжила генералната тенденција во развојот на компјутерските системи: намалување на димензиите, намалување на потрошувачката на електрична енергија потребна за работа на компјутерите, намалување на ослободената топлина во нивното работење, зголемување на доверливоста и зголемување на брзината на обработка на податоците.