Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

уторак, 11. август 2015.

ЛЕБЛЕБИЈА (НАУТ)

МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА

ЛЕБЛЕБИЈА (НАУТ)
Леблебијата е градинарска култура, која најмногу се одгледува во нашата земја и во Далматинска загора. Таа е мешункаста белковинска билка и високовредна намирница за исхрана на човекот. Нејзиното семе, слично на семето на сојата или на сушеното зрно грашок, има светлокафена боја, а се користи како вариво или како додаток на друг зеленчук за приготвување на вкусни и здрави јадења. Од леблебијата се прави и брашно, кое е многу здраво. Од него може да се приготвуваат разни пецива. Леблебијата е одличен извор на витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи доста железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Содржи и големи количини на калицум, кој ги јакне коските, магнезиум, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки. Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 - 23,3 % белковини, 53,5 - 63,6 % јагленохидрати, 4,1 - 5,5 % растителни масла, 3,3 - 5,5 % целулоза и 3,2 - 3,4 % минерални материи. Леблебијата е многу здрава намирница. Таа го регулира нивото на шеќерот во крвта, па затоа често им се преопрачува на дијабетичарите. Големата количина на железо која ја има леблебијата, ја прави погодна за исхрана на слабокрвните лица. Магнезиумот во леблебијата ги релаксира нервите и мускулите, го регулира крвниот притисок, го јакне инунитетот и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабет. Леблебијата им се препорачува на срцевите болни и на болните од дијабет. Леблебијата е природен лек против овие заболувања, но и го намалува ризикот од нивното настанување. Леблебијата е нискокалорична намирница, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост.

ХУМУС 

Потребно:

- 200 g варена леблебија;

- 100 ml вода во која се варела леблебија;

- 40 g таан;

- 2-3 лажици лимонов сок;

- 2 чешниња лук;

- 50 ml малсиново масло;

- 1 лажица исечкан магдонос;

- половина лажичка мелен црвен пипер.

Подготовка:

Леблебијата потопете ja во вода и оставете ja да кисне преку цела вечер. Вака омекнатa, варете ja околу  два часа или се додека комплетно не омекне, водејќи сметка да не се распадне, а потоа исцедете ја. Водата од нлеблебијата, во која сте додале малку сол, зовријте ја повторно и оставете ја да се излади. Леблебијата, заедно со водата, лимоновиот сок и лукот, иситнете ги во блендер за да добиете изедначена маса. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, магдоносот, црвениот пипер и таанот и помешајте уште еднаш. Доколку смесата ви излезе премногу густа, додадете уште малку од водата во која се варела леблебијата. Подготвениот намаз ставете го во фрижидер и оставете го добро да се излади. По желба можете да го декорирате со маслинки или гранче магдонос.

Нема коментара:

Постави коментар