Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 17. март 2012.

МОЈАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА (Струмица)

Струмица

     Струмица, град лоциран во југо-источниот дел од Македонија. Со вкупна популација од околу 100.000 жители, со сите околни населби, Струмица е најголемиот културен и економски центар во овој дел. Старото име на градот, Астраион во превод би било градот под ѕвездите. Чисто небо покриено со ѕвезди. Градот е познат по Царевите Кули. Едно од најпознатите случувања во Струмица е карневалот, кој е остаток од паганските традиции. Оваа манифестација се одвива секоја година околу тримери.
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Околу градот Струмица се распослани селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води и Чепели.
Цареви Кули

Денешното име градот го добил според името на ќерката на некој локален словенски владетел - Струма, за која и денес се раскажува во преданието, а чиј гроб сведочи за нејзиното предвство. Бугарскиот кнез Борис во 864 година, станал христијанин и набргу потоа христијанството се раширило и низ нашите краишта. Тогаш биле добиени (од византиската црква) коските на 15 Тивериополски маченици, ископани во Тивериопол во Мала Азија и пренесени во Струмица — Тивериопол. За нив била изградена црква. Како епископија Струмица постои низ целиот среден век и во црковните документи го задржува грчкото име, Тивериопол.
15 Тивериополски маченици

Од 986 до 1018 г. Струмица се наоѓала во рамките на државата на Самуил и на неговите наследници. Од 1018 до 1330 г. егзистирала во рамките на Византија, со покуси прекини од крајот на 12. до средината на 13. век. Имено тогаш со неа владееле локалниот феудалец Добромир Хрс (од околу 1185 до 1202 г.), а потоа наизменично Бугарите, Латините од Солун и царевите од Никеја. Србите ја зеле Струмица во 1330 г., а Турците во 1385 г.   Во турскиот период Струмица постои како градче со мешано турско и христијанско население и седиште е на една голема каза.
Смоларскиот водопад

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.
Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
Струмица

Реката Струмица или Струмешница е река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влива како десна притока на реката Струма. Должината на реката е 114 километра, од кои 81 на територијата на Република Македонија и 33 на територијата на Република Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Колешкиот водопад

Колешкиот водопад кој се наоѓа на планината Беласица, еден од ретките во Македонија, восхитува во секое годишно време - лете ќе ве освежи, а зиме ќе ве зачуди со својата замрзната убавина! Сега, до него може да се стигне лесно и брзо, благодарение на патеката што ја изградија жителите на селото Колешино. Селото Колешино се наоѓа во близината на Ново Село, Струмичко. До него води асфалтен пат, преку Ново Село.

ВОДОЧА – Манастир Св. Леонтиј


На излезот од селото Водоча, на само четири километри северозападно од Струмица, се издигаат куполите на црквата Свети Леонтиј, древното седиште на Струмичките митрополити. Водочкиот манастир за прв пат се спомнува во повелбите на византискиот цар Василиј Втори во 1018 годна кога била уништена Самуиловата држава и биле ослепени 14000 војници од Самуиловиот ред. Поради оваа вадење на очи, селото го добило името Водоча.




Манастирот Св. Богородица - Вељуса е изграден во средниот век, во византискиот период, на оддалеченост од 7 км западно од Струмица во с. Вељуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември стар и 4 декември нов стил). Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија , туку и на Балканот.


Нема коментара:

Постави коментар