GLOBE vo Makedonija
( вo OU "Dimitar Miladinov" )
Современато учење не се сведува само на знаење туку и на разбирање. Тоа го постигнуваме со работа на разни воннаставни и проектни активности. Нашите проекти се во вид на самостоен истражувачки труд преку кој се оспособуваме да користиме литература, набљудуваме појави, изведуваме заклучоци и решаваме проблеми. На овој поинтересен начин се запознаваме со научните откритија, го осознаваме непознатото и го продлабочуваме сопственото знаење. Се здобиваме со вештини кои ни овозможуваат да го препознаеме и да го решиме проблемот, да соработуваме и да комуницираме. Секој проект е поврзан со специфични знаења кои ги повторуваме и применуваме, а на тој начин ги научуваме сo разбирање. Еден од тие проекти е проектот ГЛОБЕ.
Тоа не е само училишен проект, туку проект од пошироко значење.
Со извршување на проектните активности учениците научуваат повеќе, стануваат повешти, развиваат еколошка свест, создаваат пријателства ширум светот, се оспособуваат за работа со нови технологии.
ГЛОБЕ училиштата имаат полза од вакви проекти (остваруваат контакти со други училишта од земјата и од светот, создаваат добар имиџ), како и локалната средина (може да ги искористи податоците за решавање на некој проблем), медиуми (интересни теми за образовни содржини), а и државата (транспарентна политика и можност за подобра меѓународна позиција).
ГЛОБЕ (Global Learning and Observation to Benefit the
Environment – учење и набљудување во корист
на животната средина)
Нашето училиште веќе 14 години е вклучено во проектот ГЛОБЕ – глобално набљудување и учење во корист на животната средина.
Тоа е светска научна и образовна програма што ја координира работата на учениците, наставниците и научниците од целиот свет во проучувањето и разбирањето на глобалната животна средина.
Тоа е светска научна и образовна програма што ја координира работата на учениците, наставниците и научниците од целиот свет во проучувањето и разбирањето на глобалната животна средина.
Со моите ученици (учениците од ОУ "Димитар Миладинов") ја мериме температурата на воздухот (минимална, максимална, моментална),температурата на почвата, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок и количеството на врнежи. Собраните податоци преку интернет ги внесуваме во единствената Светска база на податоци. Секое ГЛОБЕ училиште е регистрирано со име и координати на серверот и имаат своја лозинка.
Мерејќи и забележувајќи ги важните карактеристики на животната средина во истражувачкото подрачје на училиштето, се запознаваме и на непосреден начин го доживуваме нашето опкружување, ги запознаваме научните методи за мерење, прикажување и толкување на податоци. Од овој проект создадовме многу одделенски потпроекти на тема екологија и еколошка етика со кои станавме познати во Македонија и надвор од Македонија.
Резултатите од извршените мерења се внесуваат преку интернет мрежата на интернет страницата на GLOBE серверот (www.globe.gov) Секое GLOBE училиште си има свое корисничко име и лозинка. Еден од основните податоци што го бара GLOBE серверот при внесување на резултати е и локацијата на мерното место која се утврдува со уредот GPS-Глобален систем за позиционирање. При внесувањето на податоци во протоколот за атмосфера се бара или има неколку опции за видот на инструментот што е искористен при мерењата. Потребно е да се назначи соодветниот вид или единица за мерење. Доколку имаме некое неусогласување или неточност податоците нема да ни бидат прифатени.
За извршување на задачите од овој проект, покрај метеоролошката куќичка, мерните инструменти, компјутер и интернет, потребни ни се хамери, хартии во боја, лепаци, принтер, боја за принтер и други канцелариски метеријали да можеме да изработуваме материјали за промоција на самиот проект. Поради недостиг од овие материјали многу малку се знае за нашата работа во нашата средина, но сепак опстојуваме без ничија помош и до сега внесовме над 11000 податоци.
По извршените мерења ја отвораме интернет страницата на ГЛОБЕ серверот: www.globe.gov и го испишуваме корисничкото име и лозинката. Го отвораме подрачјето за кое сакаме да внесеме податоци и ги внесуваме.
Нашите ученици во неколку наврати бараа докази за климатските промени во Македонија. Ги споредуваа температурите во исти периоди од годините и дојдоа до значајни резултати. Во 2009 година, дојдовме до заклучок:
"ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА?
Од мерењата заклучивме:Температурите во некои периоди од годината енормно се зголемуваат, а во некои периоди од годината опаѓаат, така што има минимална разлика во вредностите на средни годишни температури. Такво колебање на температурите влијае на климата во Македонија и таа се менува. Немаме веќе остри студени зими ниту пак жешки лета."
Во 2010 година заклучивме:
"Апсолутно годишно колебање на температурата на воздухот во последните 2 години е се со помала вредност. Во 2008 година изнесуваше 51°C, како и во 2009 година 51 °C. ( Тоа е разлика од апсолутна годишна максимална и апсолутна годишна минимална температура. )
Во педесетите и шеесетите години апсолутното колебање на температурите изнесувало и до 70 °C.
Ова е само показ дека климата во Македонија навистина се менува. Немаме веќе остри зими и жешки лета. Завладеа умерената клима.
Доказ за промената на климата се и растенијата кои некогаш не можеле да опстојат на нашата почва, а денес се одгледуваат успешно и со се поголеми приноси. Тоа се маслинките, кивито, бананите, лимоните, кикирики и други јужни овошја."
Оваа година ја истражувавме влажноста на воздухот и ја споредувавме со изминатите години.
Средната влажност на восдухот во 2008 год. изнесувала 67 %, а во 2009 год. 71% (значи поголема влажност на воздухот имавме во 2009 год. за 4%), 2010 година средната влажност изнесувала 72 % (значи се зголемува).
Карактеристично за 2008 година е тоа што дождовите врнеле најчесто во доцните попладневни часови, додека во 2009 и 2010 година дождовите врнеле во утринските часови.
Затоа на нашиот график за 2009 и 2010 година имаме двојно повеќе денови со влажност од 100%.
Сите наши мерења можете да ги видите на:
Од ГЛОБЕ се создаде ЕНО (глобално виртуелно училиште)
Со ГЛОБЕ се чувствуваме како "изгубени", секој ден во исто време мериме, внесуваме податоци и толку. Немаме на друго место да покажеме колку сме биле вредни освен на натпреварите организирани од Народна техника, област метеорологија. Единствена убава работа што произлезе од ГЛОБЕ е ЕНО еколошко виртуелно училиште со седиште во Финска, чии членови сме веќе петта година.
Со ЕНО имаме добра соработка со 120 земји од светот.
Два пати во годината со нашите пријатели ширум светот садиме дрвја и организираме еко кампањи.
Убаво е кога имаш со некого да ги споделиш плодовите од твојата работа. Дел од сработеното како ЕНО училиште можете да видите на:
Сакаме проектот ГЛОБЕ да заживее и да се поддржи како што се поддржува во другите земји, на пример Хрватска.
Иако работиме како и тие, дури имаме измерено и внесено многу повеќе податоци од многуте основни училишта ширум светот, нашиот труд не можеме да го споделиме и споредиме со други училишта.
Другите држави секоја година организираат ГЛОБЕ смотри и натпревари на кои презентираат се што сработиле во текот на годината.
Што прават ГЛОБЕ училишта во Хрватска можете да видите на:
Користена литература:
Прирачник за спроведување на GLOBE програмата;
Интернет - www.globe.gov
трудови од нашите соученици.GLOBE in Macedonia
Our country became a member of GLOBE(Global learning and observations for benefit the enviroment ) on 24 August 1998, by initiative and coordination of Ministry of the environment and planning. Our students ( the students of OU” Dimitar Miladinov” ) are measuring the temperature of the air (minimal, maximal and current),the temperature of the ground, the humidity of the air, the atmospheric pressure, the amount of rainfall and the cloudness. The collected data, by the Internet are imported in the only World’s base of data. Until now we have imported more than 11 000 data.
Our previous students couple of times were looking for proofs for the climate changes in Macedonia. They were comparing temperatures in the same time of the year and they found out something very important.
Our previous students couple of times were looking for proofs for the climate changes in Macedonia. They were comparing temperatures in the same time of the year and they found out something very important.
My classmate Tea in 2009 wrote:
“WHAT’S HAPPENING IN MACEDONIA?’’
From my measurements I found out:
The temperatures in some periods from the year increase enormously, and in other periods they decrease, so there is a minimal difference in values on the average annual temperatures. That kind of the temperatures affect on the climate in Macedonia and it changes. We don’t have anymore harsh cold winters or hot summers.’’
On the similar project worked and Emilija in 2010 and she wrote:
On the similar project worked and Emilija in 2010 and she wrote:
“The annual fluctuations of the air temperature in the last 2 years are with smaller values. In 2008 it was 51°C, just like in 2009 when it was 51°C (That’s the difference of the annual absolute maximum and annual absolute minimum temperature).
In the 50s and 60s the fluctuations of the temperature amounted to 70°C. This is just a proof that the climate in Macedonia really changes. We don’t have anymore harsh winters and hot summers. It took over the moderate climate.
Proof of changing climate are and plants that couldn’t survive on our soil/ground before, but today they are successfully grown and with bigger yields. Those are: olives, kiwi, bananas, lemons, peanuts and other southern fruits.
This year we explore the humidity of the air and we compare that with the last years’.
This year we explore the humidity of the air and we compare that with the last years’.
The average humidity in 2008 amounted to 67 %, in 2009 amounted to 71% (that means that we had higher humidity in 2009 for 4 %), in 2010 the average humidity amounted to 72% (so it increases). Typical for 2008 is that the rainfalls were usually in the late afternoon, while in 2009 and 2010 the rains were in the morning.
That’s why our graph for 2009 and 2010 has twice as many days with humidity of 100%
school “Dimitar Miladinov”
Macedonia
Aida Petrovska
Нема коментара:
Постави коментар