Македонија - ризница на здрава храна
ГРОЗЈЕ |
Денес се одгледуваат голем број видови грозје, од
кои 12 се основа за производство на најголем дел од вината во светот. Грозјето
може да го поделиме на десертно и винско грозје, а во тие рамки на црно и бело
грозје. Cabernet Sauvignon, Merlot, Nebbiolo, Pinot, Syrah и Sangiovese се
најпознати сорти црно грозје. Од белото грозје ќе ги издвоиме Chardonnay,
Traminec, Rizling, Semillon. Грозјето се користи како индустриска суровина за
производство на сок, вино, вински оцет, коњак и други пијалоци. Од семките на
грозјето се произведува ароматизирано масло. Грозјето е многу вкусно и здраво
овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за
чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на
масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за
варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии.
Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали.
Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно
хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е
важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на
слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги
и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство. Поради
разните антиоксидаси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство
против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите. Црното грозје (и сите
други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и
стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека
грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува
против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја
спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести. Белото грозје има многу слична енергетска
вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно
е со феноли во споредба со црното грозје. Црното грозје би требало да се јаде
поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа
изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го
намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“
холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести.
Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно
влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од
мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на
срцевиот мускул.
СУВО ГРОЗЈЕ
Од
одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни
влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите.
Истражувањата покажуваат дека сувото грозје помага во ублажувањето на голем
број на тегоби.
Сувото грозје поволно делува на срцето и мозокот, содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул и штити од срцев удар.
Сувото грозје превентивно делува против ракот. Помага во спречувањето на малигните заболувања, па дури може и да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.
Сувото грозје ги одржува здрави забите. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина. Сувото грозје е извор на енергија и помага при губиток на килограмите, се препорачува како ужина меѓу главните оброци, бидејќи брзо не заситува. Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ни помогне полесно да го издржиме физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе не засити и нема да чувствуваме глад. Сувото грозје ја подобрува работата на цревата, се покажало како идеален лек за проблемите со органите на варење. Ја подобрува работата на цревата и го забрзува нивното празнење, па е природен лек против запекот и сличните болести, кои го зафаќаат системот за варење. Сувото грозје помага при напнатост и нервоза, може да ни помогне да ја намалиме напнатоста и нервозата.
Сувото грозје има антивирусно дејство, состојките во сувото грозје имаат и антивирусно дејство. Тие го зајакнуваат природниот имунитет на организмот и му овозмозуваат поефикасно да се бори против вирусите и другите микроорганизми, се покажало особено ефикасно при инфекции со полиовирусот и херпес симплекс вирусот.

Вински
оцет
Винсиот оцет лади и стега, го смирува
проливот и крварењето. Од вински оцет се приготвуваат облоги за разни
заболувања. Повременото миење на целото тело со смеса од оцет и вода ја чисти
кожата и ги отвара порите, ја подобрува циркулацијаата, а со тоа организмот
станува поотпорен на разни болести и штетни влијанија од надворешната средина.
Нема коментара:
Постави коментар