Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 3. децембар 2011.

СПАНАЌ

   МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
СПАНАЌ
     Спанаќот е едногодишно растение што влегува во групата зелен листест зеленчук. Во средниот век се продавал свеж или варен, исечкан или во топчиња под називот espinoche, Арапите спанаќот го донеле во Шпанија во 15 век, од каде се проширил во северна и средна Европа, а во 17 век бил исклучително популарен и се подготвувал со шеќер. Спаначот има низа позитивни карактеристики - ја подобрува работата на срцето и мускулите, ги јалне нервите, ги негува кожата, косата и ноктите. Претставува идеална храна за трудниците. Богат е со вода, има ниска калоричност и лесно се вари. Во спанаќот има белковини, јаглехидрати, масти, минерали, витамини, а одличен извор е на фолна киселина, витамините А и Ц, железото, магнезиум, манган. Богат е со рибофлавин, витамин Б6 и Е, калциум и калиум. Освен комплексот витамини и минерали има и диетални влакна. Младиот спанаќ содржи помалку влакна од стариот така што количеството можеда варира. Листовите на спанаќот се со изразито зелена боја, која им дава големо колилество на хлорофил па со право се нарекува "крал на зеленчукот со хлорофил. Минералните елементи дејствуваатповолно на нашиот организам. Магнезиумот е неопходен за работата на мускулите и срцето, калиумот го поттикнува излачувањето на вода од организмот и со тоа ја олеснува рботата на бубрезите и срцето, го намалува крвниот притисок, го поттикнува варењето на храната, односно го чисти организмот. Спанаќот содржи и добра комбинација на витамините од комплексот Б, а тие се важни при метаболизмот на јаглехидрати, ги јакнат нервите, заслужни се за убавата коса и нокти. Витаминот С го засилува имунитетот на организмот, а бета-каротинот е важен антиоксиданс. Значаен извор е на фолна киселина, која игра голема улога во градбата на црвените крвни клетки. Диеталните влакна од спанаќот ја поттикнуваат перисталтиката на цревата, ја намалуваат можноста на запек и го подобруваат излачувањето отпадни работи од организмот. Спанаќот содржи и оксална киселина чии кристали можат да ги затнат бубрежните канали па на луѓето со бубрежни заболувања им се препорачува да го исфрлат од исхраната. Оксални киселини ги има најмногу во гранките на спанаќот, затоа при подготовка треба да се отстранат. Дејствувањето на овие киселини може да се ублажат со млеко или павлака, бидејќи оксалната киселина се сврзува со калциумот од млекото и создава калциумов оксалат кој се излачува од организмот. На пазарите може да се најде стар и млад спанаќ, кои се разликуваат според изгледот на листовите. Младиот спанаќ најчесто има еден лист со светлозелена боја и мазна површина, а стариот е составен од повеќе листови со темно зелена боја и набрана површина. За да се зачуваат што е можно повеќе драгоцените состојки и да се избегне создавањето на штетни соединенија се препорачува: 
- Да се конзумира спанаќ посеан во лето или есен, кој содржи помало количество оксална киселина и нитрати (спанаќот одгледан на сонце содржи помалку нитрати и оксална киселина отколку оној во сенка).
- Да се подготвува на пареа.
- Да се фрли водата во која се варел, бидејќи е заситена со нитрати.
- Да се подготвува секогаш непосредно пред конзумирањето зошто еднаш термички обработениот спанаќ не смее да се загрева (поради создавањето нитрати).
Како се подготвува спанаќот?
На спанаќот извадете му ги цврстите и жилави делови на стебленцето, а потоа добро измијте го за да ги отстраните земјата и песокот. Свежите листови потопете ги во сед со зовриена вода и варете ги околу пет минути. Можете да го подготвувате на пареа и на решетка под која врие вода (од 6 до 8 минути). Младите листови од спанаќот можете кусо да ди пржите во маслиново масло или путер. По варењето на пареа, спанаќот потопете го во ладна вода да се излади и да ја зачува убавата боја. Потоа добро исушете го и истиснете вишокот течност. Спанаќот исечкајте го и послужете го како додаток со месо или употребете го како добар додаток за подготовка на сос или супа, како фил за пита или палачаики. Можете да го зачините со пипер, лук, да му додадете сланина или потпечени коцки леб. Свежиот млад спанаќ можете да го користите во салата со зачини, маслиново масло и лимонов сок.
Ви предлагам да зготвите: 
Пита од спанаќ
Потребни состојки:
1 чаша јогурт
4 јајца
2 филџани масло за јадење
15 лажици брашно
1 печиво за печење
1 кафена лажичка сол
1/2 kg спанаќ

Подготовка: 
Исчистете го спанаќот, измијте го добро и исечкајте го како за секоја пита. Во брашното додадете ги сите останати состојки, добро измесете или измешајте и на крајот додајте го спанаќот. Подгответе едно тавче со тоа што ќе го премачкате со путер и потоа ставете ја смесата во него. Брзо до рерна, вклучете ја, ставете ја питата и печете 15 до 20 минути на умерена температура 150 или 200 C степени, зависи колку добро и брзо ви пече рерната. Сервирајте на маса со кисело млеко или јогурт, кој како сака. На здравје!
Чорба од спанаќ
Потребно:
500 g спанаќ
1 главица кромид
2 цешниња лук
6 лажици масло
1 l топла вода, сол и пипер

Подготовка: 
Спанаќот се вари во вода со сол 5 min. Се цеди и се сече ситно. Кромидот и лукот се пржат во масло. Се додаба спанаќот и се запржува. Потоа се додава водата во која се варел спанаќот, солта и црниот пипер и сето се вари на тивок оган уште 15 минути.
Салата од спанаќ
Потребно:
• 2–3 главици виолетов кромид, ситно исечкан
• 600 g спанаќ
• 100 g јагоди
• 40 g суви боровинки
•85 g лешници, крупно насечкани за сос
• ½ голема шолја маслиново масло
• 2 големи лажици оцет
• 2 мали лажици сенф
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица морска сол
• бибер, свежо измелен

ПОДГОТОВКА
За да го подготвите сосот, потребно е да имате мал сад (тегла) и капак кој добро се затвора. Ги комбинирате маслиновото масло, оцетот, сенфот, шеќерот, солта и биберот. Затворете го убаво садот и добро протресете го. Оставете го на страна.

Во сад со средна големина, ставете го кромидот и прекријте го со студена вода. Оставете да отстои барем 30 минути. Добро исцедете го и ставете го на хартиени крпи или салфетки. Во мал сад измешајте ги боровинките со 2 големи лажици од сосот за салата. Оставете ги да отстојат 20 минути или најдобро до сервирањето на салатата.
На крај, во голем сад ставете ги спанаќот (може и малку да го проварите ако сакате), кромидот и јагодите. Сосот протресете го уште еднаш и полијте го врз салатата. Убаво измешајте и потоа попрскајте со боровинки и лешници.
СОВЕТ ПЛУС: сосот може да го подготвите еден ден однапред и да го ставите во фрижидер. Треба да го извадите од фрижидер два часа пред сервирањето. Кромидот и боровинките најдобро е да се подготват 4 часа пред сервирањето.
Потпечен спанаќ со јајца
Потребно: 
1 kg спанаќ
1 главица кромид
4 јајца
црвен пипер
сол

Подготовка:
Исчистете го спанаќот и измијте го. Кромидот ситно сечкан испржете го и во него ставете малку црвен пипер, посолете по вкус. Оваа смеса ставете ја во тавче, долејте мапку вода и ставете да се пече. Кога ќе биде напола печено, преку спанаќот скршете ги јајцата. Претходно направете вдлабнатина во спанаќот за да може јајцата да останат цели или изматете ги и прелијте го спанаќот. Вратете го тавчето во рерна и печете го уште десетина минути.

Нема коментара:

Постави коментар