МАМА
Си беше едно дете кое се припремаше да дојде на свет.
Еден ден тоа го запраша Бога: ,,
Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку
ситен и немоќен, како ќе живеам таму? ´´
Бог му одговори: ,, Од сите ангели ти
избрав еден само за тебе. Тој ќе те чека и чува. Секој ден ќе ти пее и
ќе ти се смее. Така што ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш
среќен´´,, Добро, а како ќе ги разберам кога нешто ќе ми кажат кога не
го знам нивниот јазик?`` запраша детето.
,, Ангелот ќе ти ги кажува најубавите
и најслатките зборови кои ќе можеш да ги чуеш во светот и така што
внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш´´
,,Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе,кој ќе ме штити од нив?´´загрижено продолжи детето.
Бог се насмевна и рече: ,, Твојот ангел ќе те штити за било што, па макар и по цена на неговиот живот.´´
Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: ,, Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.
´´На тоа Бог му одговори: ,, Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.´´
Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до него.
Детето сфати дека мора да оди и го
постави последното прашање: ,, Господе кога веќе морам да одам, кажи ми
како се вика мојот ангел? ´´
Господ му одговори со голема насмевка: ,, Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА ´´
Нема коментара:
Постави коментар