Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 31. јул 2016.

НЕ Е СЕ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА

НЕ Е СЕ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА
Два Ангели патувале и решиле да застанат и да се одморат кај едно семејство. Семејството било доста богато, но безобразно, така што на Ангелите им дозволиле да преноќат и да се одморат, но не во гостинската соба, туку ги сместиле во мало собче во ладен подрум. Кога почнале да си ги местат постелнините, постариот Ангел на ѕидот видел дупка и ја поправил. Тогаш, младиот Ангел го прашал зошто ја поправа дупката, на што стариот одговорил: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.
Следната ноќ, Ангелите го продолжиле патот и дошле во ново домаќинство, но многу сиромашно. Љубезното семејство, со нив ја поделило својата вечера и им дозволило да преспијат во нивните постели, за да може добро да се одморат од напорното патување. Кога сонцето изгреало утрото, Ангелите ги виделе домаќинот и неговата сопруга, како плачат. Нивната единствена крава, нивниот единствен извор на храна, лежела мртва на нивата. Младиот Ангел, вистински бесен, му се обратил на стариот Ангел: „Како можеше тоа да го дозволиш, првиот домаќин имаше сè, а ти сепак му помогна. Другиот домаќин имаше толку малку и спротивно на тоа, тој не нахрани и ни дозволи да спиеме во неговата постела, а ти дозволи неговата крава да умре?“ Стариот Ангел му одговори: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.„Кога бевме во ладниот подрум забележав дека во онаа дупка на ѕидот се крие злато. Бидејќи домаќинот беше многу лаком и не сакаше да го дели своето богатство, јас ја поправив дупката за да не може никогаш да го види златото“.„Минатата ноќ, кога спиевме во постелата на добриот домаќин, Ангелот на смртта дојде по неговата жена. Јас му ја дадов кравата наместо неа“.

Нема коментара:

Постави коментар