МУДРИОТ ПЕС
Еден
стар овчарски пес бркал зајаци низ шумата, кога во еден момент
забeлежал дека е предлабоко во шумата и се има изгубено. Се нашол покрај
еден куп коски, кога слушнал чекори на диво животно. Леопард кој полека
му се приближувал.
Што ќе правам сега – помислил во себе
... и тогаш бргу дофатил една од коските кои биле покрај него и момент
пред да го види леопардот, рекол на глас:
- Баш е вкусен овој леопард, кога би можел да најдам уште еден.
Откако го слушнал ова леопардот, се повлекол и преплашен избегал во шумата.
Меѓутоа, сето тоа го гледал еден
мајмун седејќи на една гранка и решил да го издаде стариот пес на
леопардот. Скокајки од дрво на дрво побрзал кај леопардот да му ја
соопшти измамата.
Гледајќи како брза мајмунот, стариот
пес се посомневал во неговите намери и решил да го следи. Видел како му
објаснува на леопардот во што е финтата, а леопардот почнал да испушта
лути звуци поради начинот на кој бил насамарен ... и секако тргнал во
одмазда.
Стариот пес, сфаќајќи дека леопардот повторно тргнува кон него, само се свртел и мирно го следел секој чекор на леопардот.
Кога му се доближил доволно за да
може да го слушне, стариот пес, свртен со грб кон леопардот рекол на
глас: - Аман каде е оној мајмун до сега, уште пред еден час го пратив да
ми донесе леопард и уште го нема...
Прва поука: Не се задевај со стар пес, знаењето и мудроста се стекнуваат низ годините.
Втора поука: Што и да направите, секогаш ќе се најде некој мајмун во околината кој ќе биде сведок на тоа.
Нема коментара:
Постави коментар