ЖИВОТ
Еден ден, некој човек со својот син
се шетал во шумата. Одеднаш момчето застанало бидејќи било изморено и
извикало: „Ахх...“Ненадејно се слушнал глас кој доаѓал од планината:
„Ахх...“Момчето било обземено од љубопитноста па прашало: „Кој си ти?“
Ама, одговорот кој го добило, бил: „Кој си ти?“ Ова го налутило, па
повторно извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“ Момчето го
погледнало својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“„Сине“,
рекол таткото, „Внимавај подобро...“
Тогаш таткото викнал: „Ти се
восхитувам! “Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“ Таткото повторно
викнал: „Прекрасен си!“ Гласот рекол: „Прекрасен си!“ - момчето стоело
изненадено, ама сè уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил:
„Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, тоа всушност е живот. Животот
секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела.
Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина,
пружи повеќе добрина. Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај
разбирање и почит.
Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!“
Нема коментара:
Постави коментар