КОЛАЧИЊА
Девојката чекаше авион во чекалницата
на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга
како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и
кутија со некои колачи. Седна во чекалницата за да не ја вознемирува
никој. До неа беше столицата со колачите, а понатаму еден господин кој
читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде
едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита
книгата. Во себе си помисли: "види молим те", да имам само малку повеќе
хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и
човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само
едно колаче. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега.
Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето
парче. Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги
зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога
малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше
никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори
книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде
кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната. Во тој момент ѝ
стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му
припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се
почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање,
без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното
негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ
беа повредени чувствата и гордоста. Колку пати во нашиот живот сме изеле
туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до
погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ
ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни
изгледа на прв поглед !
Нема коментара:
Постави коментар