Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 13. април 2012.

Дали знаете дека славата на Никола Тесла им припаднала на другите?


Дали знаете дека славата на Никола Тесла им припаднала на другите?
Разновидните технички иновации Тесла ги произведувал со голема брзина така да голем број од нив не ги патентирал. Прв успеал да воочи многу од природните појави за кои во тоа време не постоела соодветна терминологија. Многу подоцна тие појави го добиле името, но придонесот на Тесла, за истите, паднал во заборав.

  1. Денес многумина сметаат дека откритието на X зраците му припаѓа на Рентген, кој за тоa добил и Нобелова награда. Додека Тесла го опишувал замаглувањето на фотографската плоча во својата лабораторија, самиот Рентген уште не знаел што се тоа X зраци, ниту пак како би можеле да се исползуваат. Кога Рентген објавил дека ги открил X зраците, Тесла му ги испратил своите фотографии, а откривачот на X зраците му одговорил: "Многу интересни фотографии. Бидете љубезни и откријте ми го начинот на кој сте дошле до нив."

  2. Теслината необична светилка со јаглена круничка, со која ги заслепил научниците и студентите во Колумбија, е првот електронски микроскоп. Наелектризираните честички со голема енергија излетуваат праволиниски од мал отвор на круничката и на сферната површина од светилката го покажуваат ликот на микроскопските организми. Заслуга за откритие на електронскиот микроскоп 1939 година му припадна на Владимир Зворукин, иако Теслината светилка со јаглена круничка, која се користела во високовакумската цевка веќе била електронски микроскоп кој зголемувал до милион пати.

  3. На своите предавања во Париз 1892 година Тесла ја опишал својата светилка за молекулското бомбардирање. Светлинското празнење на електрицитетот во вакумските цевки во суштина е зрак од електрони и јони од гасните молекули. Овој патент по 30 години го користи Ернест Лавренц, професор од Калифорнија, кога го конструирал уредот за разбивање на атомот – циклотрон. Во самата градба на циклотронот е употребена Теслина намотка без која овој уред не може да работи.

  4. 1093 година Никола Тесла пријавил патент "Метод на работа и уред за далечинско управување на механизми од далечина" во кој се опишани основните начела на логичкиот елемент AND. Фактот дека современите компјутери и роботи логички одлуки донесуваат со користење на елементите AND и OR го прават Тесла пионер на роботиката и компјутерството.

  5. Своите визии за радар, Тесла прв пат ги спомнува 1900 година во списанието "Century", а 1917 година и во "Electrical Experimenter" ги опишува главните својства на современиот радар кој е произведен дури на почетокот од втората светска војна. Денес се смета дека радарот е изум на англичанецот Роберт Ватсон – Ват иако 35 години пред да се произведе го опишал Тесла.

  6. 1901 година Тесла своите намотки ги ладел со течен воздух, со цел да го намали електричниот отпор. Со тоа станал еден од основоположниците на криоген инженеринг. Оваа постапка почнала да се истражува дури 1970 година во Америка, Русија и Европа во проектите за суперпроводници. Слични постапки се користат и во работата на некои компјутери. Во оваа подрачје Тесла воопшто не се ни спомнува.

  7. Во својата осумдесета година од животот, Тесла објаснува дека електронот по напуштање на електродата со висок напон или во високовакумирани услови, има енергија поголема од вообичаено. Дури по 40 години , тројца американски физичари ги опишуваат слободните електрони, објаснувајќи ги зачудувачките резултати, дека имаат енергија поголема од самиот електрон. Тесла тогаш не знаел за субатомски честички, но и во оваа поле се покажал како единствен и најголем ум на сите времиња.

     Од овие примери можеме да заклучиме дека Тесла ја гледал иднината, а ние во неа живееме.

Нема коментара:

Постави коментар