Innovative teaching for climate solutions
Сценарио на тема:
The Role of the Carbon
Act in the Fight Against Climate Change
Улогата на Законот за
јаглеродот во борбата против климатските промени.
Ова е
еден од оние образовни проекти кои покажуваат дека наставата може да биде многу
повеќе од усвојување знаења од учебниците. Преку ова наставно сценарио,
учениците на возраст од 10 до 14 години имаат можност да ја истражуваат
поврзаноста меѓу климатските промени, емисиите на CO₂
и значењето на законските мерки за заштита на животната средина.
Посебно
внимание е посветено на активното учество на учениците преку истражување,
дебати, тимска работа и креативни активности. Тие ги споредуваат пристапите на
различни земји, дискутираат за влијанието на еколошките закони врз општеството
и економијата и предлагаат сопствени идеи за намалување на емисиите и загадувањето.
Голема
вредност на моето завршно сценарио
е примената на дигитални алатки како Padlet, Sway и Wakelet, кои ја прават
наставата поинтерактивна и им овозможуваат на учениците креативно да ја
пренесуваат еколошката порака. Преку интеграцијата на природните науки,
екологијата, дигиталните компетенции и критичкото размислување, учениците
развиваат свест за сопствената улога и одговорност во заштитата на планетата.
Секое наставно сценарио од сите чесници е прекрасен пример
како знаењето може да се претвори во свесност, идеи и конкретни иницијативи.
Пораката е едноставна, но многу важна: заштитата
на животната средина започнува со информирани, одговорни и активни млади луѓе.

Нема коментара:
Постави коментар