Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 23. новембар 2011.

Марија Склодовска Кири

Марија Склодовска Кири

Марија Склодовска е родена на 7. ноември 1876 година во Варшава во фамилија на професори по математика и физика. Во Варшава завршила гимназија, а 1891 година заминала во Париз за да го продолжи своето образование. Студиите ги завршила во1895 година кода се здобила со диплома професор по математика и физика. Таа година се сретнала со францускиот научник Пјер Кири и стапила со него во брак. Кон крајот на 1897 год. Марија Кири започнала да се занимава со проучување на урановите руди. Веќе по неколку месеци таа објавила публикација во списанието “Comptes Rendus”, во која што ја известува научната јавност дека во ураниумовата руда, освен уран, има уште еден елемент кој е уште порадиоактивен од уранот. Пјер Кири, веднаш по откривањето на Марија, го свртува и своето внимание кон нови проблеми. Тие заедно ги откриле радиоактивните елементи: полониум и   радиум. Работејќи макотрпно, во примитивни услови, повеќе од 4 години, тие успеале од ураниумовата руда да издвојат само 1 грам радиум. За овие свои заслуги, тие двајцата, заедно со Бекерел, во 1903 година ја добиваат Нобеловата награда за физика. Физиолошкото дејство на радиумот, кое Марија и Пјер Кири го почуствувале на себе, не еднаш добивајќи рани на рацете, укажувало дека тој елемент може да има значајна примена во медицината. По откритието, Пјер Кири станал член на Француската академија на науките, но набргу по тоа , на 19 април 1906 год. тој трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа на улиците на Париз. На 13 мај истата година Марија Кири станала прва жена професор на познатата Сорбона. Таа прва во светот ги започнала предавањата за радиоактивноста, а како истражувач продолжила со работата врз радиоактивноста. Во 1911 година Марија Кири повторно станала лауреат на Нобеловата награда, овој пат за хемија. Така таа станува прв научник со две Нобелови награди. Во 1914 година во Париз е основан институт за радиумот, каде што Марија работела. Подоцна тука работела и нејзината ќерка Ирена, како и зетот Жолио. Освен двете Нобелови награди, Марија Кири има добиено и многу други признанија: 8 различни награди што се доделуваат на најголеми научници и 16 такви медали. Таа станала почесен доктор на науки на 19 светски познати институции, а 83 научни друштва од различни земји ја избрале за почесен член. Триесетгодишната работа на радиумот без користење какви и да било средства, се одразиле на здравјето на Марија Кири. По долгогодишна болест од тешка анемија, на 4. јули 1934 година, Марија починала. Оваа тажна 1934  година во науката е исто така многу значајна по една од двете ќерки на Марија, Ирена. Ирена со нејзиниот сопруг Фредерик Жолио истата година откриле вештачката радиоактивност.
        

ТУТУН


ТУТУН



Кога Колумбо во 1492 год. Дошол на американскиот остров Куба, нашол Индијанци како пушат завиткани лисја тутун, токму онака како денеска постапуваат пушачите на пури. Други истражувачи од тоа време опишуваат дека американските дивјаци вовлекуваат чад од лулиња, а го испуштаат низ уста и нос, па со тоа се опијануваат. Од тоа се гледа дека пушењето е многу стар обичај во тие краишта. Американските Индијанци не оделе ни на лов, ни во војна без тутун. Тутунот се употребувал при верските и при закопните свечености исто како и при државничките работи. За домородците тутунот бил свето растение, добиено непосредно од самите богови. Кога непријателот ќе му подаде на непријателот луле на мирот запалено, тогаш тоа значело дека непријателството ќе го снема како што се изгубил чадот од лулето на помирувањето. Но домородците не само што пушеле тутунов лист, туку го џвакале и шмркале. Така ја гаснеле жедта и гладот на бојните полиња. Првите семки тутун во Европа ги донесол еден шпански  истражувач. Француски пратеник во Лисабон, Никот ги насадил и тие убаво пораснале. По него тутунот од ботаничарите го добил научното име Никотин. Се раскажува дека готвачот на пратеникот со преврска од тутунов лист му ја излекувал раната на раката. Тоа било доволно Никот да поверува во лековитоста на тутунот. Веднаш семето го испратил во Париз во кралскиот двор. Француската кралица Катерина Медичи која оттогаш со тутун го лекувала својот сопруг Фрањо II и тоа поттикнало многумина тутунот да го сметаат за особено лековито растение. Во едно лекарско дело од 1565 год. Пишува дека тутунот ги растерува болката и уморот, ја чисти устата и главата, ги ублажува забоболките и ждригањето, чува од колера, ги растерува вошките, лекува краста,отоци, рани и носи сон.

Тутунот по својата лековитост стана толку прочуен што научниците од седумнаесеттиот век расправаа за тоа дали е подобар студен или топол, влажен или сув. Го препорачуваа како средство за дезинфекција, како лек против каменот во бубрезите, против водена болест, црвите, астмата, епилепсијата, главоболката, болестите на градите и мозокот, крварењето и др. Некои други пишувале дека тутунот ги зголемува добрината и умот на човекот. Набргу тутунот го освои Стариот свет. Кога тутунот се рашири низ целата Европа, дојде и до први забрани на пушењето. Англискиот крал Јаков I во 1604 година строго го забрани пушењето. Сиромашниот народ што бил фатен да пуши или да шмрка тутун, бил тепан, а благородниците ги стрижеа и боси ги протерувале од Лондон. Кралот напишал книга против пушењето, џвакањето и шмркањето на тутун во која вели дека тој обичај грд за окото, одвратен за носот, штетен за желудникот, опасен за градите, го затапува мозокот, а смрдливиот тутунски чад сосема личи на задушлива пареа од ѓаволскиот пекол. Од тутунот човекот се пијани и станува луд. Кој пуши тој не може да се откаже од пушењето, значи маѓепсан е. Ако во вас, граѓани, има срам,оставете го пушењето.И во други земји започнала хајка на пушачите. Рускиор цар во 1633 година го забрани садењето, продавањето и пушењето на тутунот. Кој што се огрешел од таа заповед му го сечеле носот, му откинувале од усната, го протерувале и го прогонувале во Сибир. Турскиот султан Мурат IV најстрого го забранил пушењето. За да покаже колку е тоа грда навика, заповедал на еден Турчин да му се протне луле низ носот, а потоа го шетале низ улиците. Војниците што пушеле ги казнувал со бесење до некој прометен пат. Во борбата против употребата на тутунот влегле и црковните власти. Во 1624 година папата Инокенти VIII го проколнал секој што шмркал тутун во црква. Таа забрана во 1690 година ја повторил и неговиот наследник, а била симната дури во 1724 година, кога на папскиот престол дошол Бенедикт XIII голем љубител на шмркањето. Покрај сите забрани и казни употребата на тутунот се повеќе се ширела. По мажите почнале де пушат и жените. Тие особено го прифатиле шмркањето. Бидејќи забраните и казните не помагале, а на државните управи им биле потребни пари, тогаш тие самите го превзеле продавањето на тутунот. Прво Англичаните, а по нив Португалците, Венецијанците и други. Го откупувале тутунот од оние што го саделе и им го продавале на потрошувачите. Така тутунот станал најважниот извор на приходи. Денес на сите државни управи носи милијарди.


ШТО ЗНАЕ ДЕНЕС НАУКАТА ЗА ТУТУНОТ?

Со научни испитување е докажано дека тутунот воопшто не е лековито растение. Напротив, најдено е дека содржи неколку отровни супстанци. Во некои видови на тутун има и до 6% никотин. Тоа е извонредно силен отров. Доволно е да се земаат 30 – 60 милиграми никотин па да предизвика смрт. Толку никотин има во една помала пура или пет цигари. Човекот отруен од никотин прво чувствува потиштеност, а потоа настанува парализа на некои нерви. Крвните садови прво се стегнуваат, а потоа се прошируваат. Од никотинот се стеснуваат зениците, се стеснуваат цревата, а се лачи многу плунка и пот. Никотинот предизвикува пролив и го воспалува жекудникот, штетно дејствува на срцето и крвотокот. Докажано е дека пушачите почесто заболуваат од болести на органире за дишење, срцето, крвните садови, како и од најтешкото заболување – карциномот. По подолго и изобилно пушење доаѓа до нервни и душевни растројства. Ниедно средство за уживање не се проширило толку брзо како пушењето. Денес тоа го заробило преку половината од човештвото. Жртви на кралот на насладатастанале и многу жени. Иако моќта на навиките до сега била посилна од сите забрани, казни и од разумот, да се надеваме дека научните откритија во врска со карциномот и со сите страшни последици од пушењењто ќе не спасат од големи трошоци, тешки заболувања  и маченичка смрт.

петак, 11. новембар 2011.

ИЗВОР (молитва над молитвите)

ИЗВОР

Господи, 
Дај мирно да примам
се она што ќе го донесе денешниот ден.
Како и тоа
потполно да се предадам на твојата света волја.
Упатувај ме и помагај ми
секој час во текот на овој ден.
Какви вести и да чујам
научи ме мирно да ги примам
и со цврсто уверување
дека се станува со твојата света волја.
Управвај со моите мисли и чувства
во сите мои дела и зборови.
Не позволи во сите непредвидени случаи 
да заборавам дека се доаѓа од тебе. 
Научи ме правилно да се однесувам
спрема своите родители и спрема ближните.
Никого да не налутам, ниту да ожалостам.
Господи
Дај ми сили
да го поднесам заморот на денешниот ден
како и се она што ќе се слчи
во тект на денот.
Ти управвај со мојата волја.
И научи ме да се молам,
да верувам,
да се надевам,
да истрпувам,
да проштевам
и да љубам. 

(молитва со која започнуваше секој работен ден во далечната 1998 или 1999 година - не се сеќавам точно, тогаш  ја научив и е дефинитивно најубавата молитва)


Оценување по физика и хемија



Оценување по физика и хемија





Оценување е процес на прибирање и интерпретирање информации за учење и постигнувања на учениците.

Оценување на учењето и постигнувањата на учениците по предметите физика и хемија се применува според стандардите во наставните програми по овие предмети во предметна настава изготвени од БРО. Тие произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на овие науки. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на овие науки.

1. Стандардите претставуваат прифатени описи на нивоата на квалитет и квантитет на знаењата што се очекува учениците да ги постигнат на крајот на определен период (наставна година; наставен циклус) на образованието.

2. Стандардите претставуваат конкретизирање и диференцирање на постигнувањата на учениците по нивоа. Тоа овозможува објективно и валидно гледање на нивните постигнувања и го олеснува нивното мерење, вреднување и оценување.

3. Нивоа на знаења и способности:
I    ниво – помнење
II   ниво – разбирање
III  применување
IV  анализа, синтеза, вреднување

Формативно оценување во текот на наставата.
1. Во формативното оценување ги користиме следните  
    методи (техники):
- разговори наставник / ученик
- презентации
- повратна информација (усна или писмена);
- набљудување и следење на активностите на ученикот за  
  време на часовите ;
- домашни задачи;
- експерименти;
- портфолио. . . .

2. Инструменти за следење и проверување на постигнувањата на учениците: вежби, чек листа; холистичка листа; аналитичка листа; анкета за самооценување.

Сумативно оценување на тримесечие, прво полугодие и на крајот од учебната година.
1. Критериуми за оценување на постигнувањата на учениците изготвени од БРО:
- za ocenka dovolen dva - nad 50% do 70% na I i II nivo i do 10% od III nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 26% do 39% od nastavnata programa.

-za ocenka dobar 3 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 10% do 50% na III nivo i do 10% na IV na nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 39% do 63 % od nastavnata programa.

-za ocenka mnogu dobar 4 - nad 70% do 90% na I i II nivo i nad 50% do75% na III nivo i nad 10% do 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno od 63% do 76 % od nastavnata programa.
-za ocenka odli~en 5 - nad 90% na I i II nivo i nad 70% na III nivo i nad 40% na IV nivo na znaewe i sposobnosti, odnosno nad 76 % od nastavnata programa.

2.Нивоа на знаења
Тип 1 задачи
Тип 2 задачи
Тип 3 задачи
-основни детали и процеси
- релативно лесни
-посложени идеи и процеси
-заклучуање на нешто што не е толку очигледно
- потешки
-знаење што го надминува поучуваното
-оргинално заклучување или примена
-тешки

3. Видови знаења:
  • декларативно знаење ( знаење на информации): основни поими, факти: искази со примери/предвидување; оргинални заклучоци.
  • Процедурално знаење (ментални процедури): правила, процедури, одлуки, решавање проблем, истражување.

4. Во сумативното оценување ги користиме следните методи 
    (техники):
  • есејски прашања,
  • усни одговори на поставени прашања,
  • усни презентации,
  • тестови ( најчесто тематски),
  • демонстрации. 

5. За изведување на сумативната оценка за една тема треба:
- примена на методите на оценување,
- утврдување на поени за секој метод,
- интерпретација на поените,
- формирање на оценка,
- известување за оценката.


6. За потребите на сумативното оценување треба да се  
    подготви табела на спецификација со:
- застапеноста на нивоа на знаења ( типови задачи, вид на 
  знаење) во конкретната тема;
- методите за утврдување, мерење на применетите нивоа на 
  знаења.
Декларативно-информации    ментални процедури          % на
                                                                                        застапеност

Тип 1
Тип2
Тип 3
Тип 1
Тип 2
Тип 3

% на застапеност
40
30
10
10
5
5

Објективни тестови
35
15
3
2


55
Проблемски прашања

15
5
10
2
3
35
Усни одговори


2
3
3
2
10

7. Изведување на сумативна оценка од оценките за повеќе независни теми. Пред да се пресметува просекот, треба да се пондерираат оценките според важноста / застапеноста на конкретните теми.



тема
уделот на темата
во проценти %
добиена оценка
пондирање
сумирање
Тела, супстанци, физички величини и мерења
30
3
3 х 0,30
0,9
Движње и сили
30
4
4 х 0,30
1,2
Енергија
20
3
3 х 0,20
0,6
Бнатрешна енергија
20
4
4 х 0, 20
0,8

100


3,50


8. Описното оценување е аналитичко оценување на постигнувањата на учениците: расчленување на делови, утврдување на еден или повеќе показатели кои ги поврзуваме со вредносни критериуми.

1. Описно и бројчано оценување на постигнувањата на      
     учениците во седмо одделение преку:
- дијагностичко проверување и оценување ( во почетокот од  
  учебната година) со примена на диагностички тестови,  
  усни прашања, решавање на задачи.
- формативно оценување во текот на наставата за 
  формирање на повратна информација за постигнувања на 
  учениците.
- микросумативно оценувања на крајот од секое тримесечје, 
  врз основа на сознанијата од формативното оценување од 
  чиишто резултати се оформуваат тримесечните 
  вреднувања за постигнувањата на учениците.
- сумативно бројчано оценување е глобано оценување на 
  постигнувањата на учениците на крајот од прво полугодие 
  и на крајот од учебната година.


Што сум научила од моите учители


Што сум научила од моите учители, 
Љубо Петковски (професор на ПМФ) и
Симеонка Гучева (советник по физика - БРО)
од пред триесетина години, но применлво и денес:

ЦЕЛИ НА НАСТАВНИТЕ ЧАСОВИ ВО НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ФИЗИКА ШТО СЕ ИЗУЧУВААТ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Наставата по физика со своите специфичности и карактеристики во воспитно – образовниот процес се разликува од наставата по другите наставни предмети што е условено од структурта и концепцијата на наставните програми и природата на законите и појавите кои физиката ги проучува. Нејзините цели и задачи се сложени, а се состојат во тоа на учениците да им се овозможи точно и целосно да ги разберат и сфатат природните појави и закони како и нивната практична примена. Тоа ќе може да се постигне само ако ученикот правилно ги согледа, открије и сфати тие закони и во врска со нив донесе правилни заклучоци. Затоа наставата по физика треба да се организира така што учениците ќе можат сами да дојдат до сознанијата за законите и појавите и да ги усвојат методите со чија помош се доаѓа до тие сознанија. Природнте закони и појави не може правилно да се сфатат ако непосредно и експериментално не се доживеат. Во непосредниот контакт со разни предмети, направи, апарати, мерни инструменти и самостојно изведување на демонстрации може да се сватат односите меѓу природата и техниката. Низ овие непосредни контакти со природата и техниката и со сопствено истражување на поедни појави и апарати, учениците ќе можат да заклучат дека при секоја физичка работа е потребно и умствено размислување кое придонесува да се дојде до значајни заклучоци и резултати. Работата со апарати и материјали при изведувањето на демонстрации и лабораториски вежби овозможува да се стекнат извесни искуства во учењето преку размислвање со што се постигнува подобро да се помнат факти и податоци. Исто така низ тој процес на работа со апаратура, набљудување, предвидување, примена на податоци, формулирање и донесување на заклучоци учениците стекнуваат искства кои во врска со тоа треба да ги имаат. Тие искуства учениците ќе ги стекнат ако заедно со нив наставникот го планира нивното стекнување. При оваа планирање наставникот води сметка за правилно поставвање на целите на часот – образовните, фнкционалните, воспитните кои се доста слични за секој наставен час, па може да ги дефинираме заеднички и како такви да ги применваме:
Образовни цели: Учениците за дадените содржини да стекнат знаења со нужна длабочина, воопштеност, конкретност, нивното зацврстување и применливост.
Функционални цели: Воопштување, конкретизација, апстракција, воочување, идентификација, споредување, моделирање, формирање на претстави, откривање на причинско- последичните врски и односи, активирање, дифеенцијација, умеење и др.
Воспитни цели: Кај учениците да се формира и развива тенденција соодветните промени во природата да ги објаснуваат со законите и постапките. Да се развива позитивен став кон науката и научните сознанија и откритија како основа за објаснување на појавите во природата и за човекот како носител на тие откритија. Да се развива однос кон науката како носител на прогресот и подобрување на животот. Да се развива љубов кон истражуачката работа и користење на достигнувањата од тие истражувања.
                Планирање има битно значење, зошто ако е добро изготвено, учениците ќе имаат чувство дека тие сами го откриле начинот на кој ќе ги откријат и докажат своите мислења и ставови. Затоа при оваа планирање секогаш треба да се внимава на приодот и да се тргнува од искуствата на учениците. Поради тоа неопходно е прво да се провери какво и колкаво искуство и познавање имаат учениците во врска со некоја појава или предмет кој на часот треба да се обработува како наставна содржина, а потоа пред нив да се стави проблемот, по можност, врз база на прашања кои во текот на разговорот ќе ги поставуваат учениците. Во наставата по природните науки учениците трба секогаш да се насочуваат така да можат да го сватат единството меѓу теоријата и практиката, како физичките закони се применуваат во техниката, изградбата и усовршуањето на индустријата и др. Основа за физичките теории и научното мислење на учениците им се дават веќе со тоа што ги навикнуваме правилно да ги сфаќаат и именуват одрдени појави и величини. Така на пример, секојдневно во животот слушаат за електична енергија, но тие трба да знаат што е електрична енергија, како настанва, како се применва и како и каде се искористуваат нејзините дејства Истото тоа го правиме и со другите физички појави и величини. Демонстрациите по физика имаат големо воспитно – образовно значење и тие се едни од најзнзчајните средства и методи за испитување на природата. Секогаш можат да се најдат постапки и срдства кои може да послужат како повод за изведувње на демонстрации во наставата. Врз основа на демонстрациите учениците добиваат потврда или негација на своите мислења, сознанија и доживувања. Освен тоа при самостојно изведувње на демонстрациите тие стекнуваат навики за самостојна работа, одговорност во работата, соработка со другите и др.
Успешно изведена демонстрација кај ученикот создава самодоверба и сигурност во себе, а неуспехот го тера и натаму да врши испитувања се додека не дојде до вистинско решение на поставената задача. Бидејќи демонстрацијата има истражувачки карактер неопходно е таа да биде проследена со теории, а тоа значи дека не е доволно само набудување и мерење туку треба да се донесат и одредени заклучоци и решенија. Начинот и методот ки ќе се користат при изведувањето на заклучоците ќе зависат од содржината и условите на проблемот што се решава. Ако при неговото решавање се тргнува од општите принципи и закони и со нивна помош се објаснуваат поединечните слчаи се користи дедуктивна метода, додека кога врз база на набљудување и испитвање на посебни поедини слчаи од демнстрирањето се изведува анализа и општи заклчоци се применува индуктивна метода. И во наставата и во наката овие два методи најчесто се испреплетуваат, бидејќи тие се само дел од одинствениот процес на научни истражуања. Дедуктивнта метода може да се примени и во случај кога учениците до заклучок доаѓаат и без демонстација само со размислување. На пример, врз база на познат закон можат да дојдат до констатација дали нивното мислење може да се потврди со тој закон. Тоа важи за учениците кои веќе имаат стекнато доволно искуство врз основа на кое донесуваат одредени заклучоци. Неопходно е подолго време да се задржуваме на елементите кои меѓусебно треба да се поврзат, а сознанијата стекнати со набљудувањето и мерењата во демонстрацијата да се искажуваат со дефиниции. Посебно се значајни истражувањата и лабораториските вежби во кои се користат здобиените знаења, се опишуваат и толкуваат појавите, се носат заклучоци, се средуваат добиените резултати, се претставуваат графички и се презентираат. По поставените цели следуваат и задачи на наставните часови кои исто така воглавном се заеднички за голем број часови. Главната задача на наставните часови по физика е да се постигнат (остварат) поставените цели и ако сме го постигнале тоа, часот можеме да го сметаме за успешен.

среда, 9. новембар 2011.

Дневник на искуства во ПЕП учењето


1. Лично видување за филозофија и целите на наставата поврзани  со    филозофијата на ПЕП   или со целите на компонентите на ПЕП


Промени во областа на науката и техниката условуваат промени во воспитно – образовниот систем. Образовниот систем се прилагодува кон новите иновации, а вработените во образованието (особено наставниците) превземаат нови одговорни улоги и задачи. Создавањето на нови улоги и задачи наметнуваат потреба за професионален развој, процес за постојано унапредување на знаења, вештини, способности и развивање на наставнички компетенции. Стручното усовршување се одвива континуирано, а во последните години се случува преку семинари организирани од УСАИД (проект за основно образование – ПЕП). Овој начин на неформално образование,ги поттикнува наставниците на индивидуално учење,стекнување на различни знаења, вештини, ставови, вредности и активности кои се комплементарни на формалното образование. Денес наставникот не е само извор на знаење, туку и организатор на работа, мотиватор и иницијатор на ученичките активности, а тој самиот треба да е мотивиран, одговорен, комуникативен, подготвен и отворен за постојано усовршување и професионално напредување. ПЕП, денешната настава ја претвори во голем предизвик, не само за ученикот, туку и за наставникот.
2. МАТЕРЈАЛИ
3. ПРИМЕРИ ОД НАГЛЕДНИ ЧАСОВИ
4. ИНСТРУМЕНТИ
5. ОЦЕНЕТИ ИЗРАБОТКИ
6.ВИДЕОМАТЕРИЈАЛИ:

 7. САМОРЕФЛЕКСИЈА

     Најтешката тема за дискусија, за секој човек, па и за сите учесници во наставниот процес (наставници, ученици, родители, советници, министри итн.) е саморефлексијата. Саморефлексија е вештина која треба сите да ја совладаме , за да можеме да напредуваме, да ги надоместиме недостатоците и пропустите, да ги негуваме и одржуваме добрите (јаките) страни. За суштинските промени во образованието потребна е и духовна саморефлексија на сите учесници во наставниот процес. Доколку не се случи тоа, саморефлексија ќе премине во фатаморгана и никој нема да има полза ниту ќе биде свесен за потребите од развојните промени, ќе тапкаме во место.
Мојот план за професионален развој e даден во моето портфолио сместено во елемент 13, но би сакала да имам можност да дебатирам на тема саморефлексијa со сите учесници во наставниот процес и сигурна сум дека таквите дебати би биле многу полезни за сите, особено за образованието.
8.ФОТОГРАФИИ 








12.  СТУДИИ НА СЛУЧАЈ
13. ДНЕВНИК ЗА УЧЕЊЕ


Паскал Сотировски

Портрет на Паскал Сотировски

                             (1927 - 2003)
       Паскал Сотировски, најсветлата светилка, што свети со светлина на Сонцето на оваа македонско небо.
  Роден е на 23. 11. 1927 год. во Врбен, Гостивар. Основното училиште го започнал во родното место, три класа гимназија во Горни Милановац, а учителската школа во  Белград.  Потоа работел како учител во Бела Црква во училиште за деца од Македонија. 1956 год. дипломирал физика на ПМФ и од тогаш работел како професор по физика во гимназијата "Јосип Броз Тито", се до 1960 год. По назначувањето  за асистент по астрофизика на природно - математичкиот факултет во Скопје, 1961 год. испратен е на специјализација по астрофизика на Сорбона, Париз. Дипломирал астрофизика 1964 год., а 1971 год. ја одбранил докторската дисертација од областа на физиката на Сонцето. После оваа Сотировски станал член на Францскиот Национален Центар за научни истражувања. Членувал и во Одделение за соларна планетарна астрономија на Франција, а 1991 е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав. Имал свој кабинет во опсерваторијата во МЕДОН, Париз. Неговите трудови се објавувале во сите научни списанија ширум светот. Тој бил научник со интернационална репутација, држел предавања во Америка, Јапонија, Русија, Индија, а зборувал неколку јазици - француски, англиски, руски и германски.