Портрет на Паскал Сотировски
(1927 - 2003)
Паскал Сотировски, најсветлата светилка, што свети со светлина на Сонцето на оваа македонско небо.
Роден е на 23. 11. 1927 год. во Врбен, Гостивар. Основното училиште го започнал во родното место, три класа гимназија во Горни Милановац, а учителската школа во Белград. Потоа работел како учител во Бела Црква во училиште за деца од Македонија. 1956 год. дипломирал физика на ПМФ и од тогаш работел како професор по физика во гимназијата "Јосип Броз Тито", се до 1960 год. По назначувањето за асистент по астрофизика на природно - математичкиот факултет во Скопје, 1961 год. испратен е на специјализација по астрофизика на Сорбона, Париз. Дипломирал астрофизика 1964 год., а 1971 год. ја одбранил докторската дисертација од областа на физиката на Сонцето. После оваа Сотировски станал член на Францскиот Национален Центар за научни истражувања. Членувал и во Одделение за соларна планетарна астрономија на Франција, а 1991 е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав. Имал свој кабинет во опсерваторијата во МЕДОН, Париз. Неговите трудови се објавувале во сите научни списанија ширум светот. Тој бил научник со интернационална репутација, држел предавања во Америка, Јапонија, Русија, Индија, а зборувал неколку јазици - француски, англиски, руски и германски.
Нема коментара:
Постави коментар