Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 11. новембар 2011.

Што сум научила од моите учители


Што сум научила од моите учители, 
Љубо Петковски (професор на ПМФ) и
Симеонка Гучева (советник по физика - БРО)
од пред триесетина години, но применлво и денес:

ЦЕЛИ НА НАСТАВНИТЕ ЧАСОВИ ВО НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ФИЗИКА ШТО СЕ ИЗУЧУВААТ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Наставата по физика со своите специфичности и карактеристики во воспитно – образовниот процес се разликува од наставата по другите наставни предмети што е условено од структурта и концепцијата на наставните програми и природата на законите и појавите кои физиката ги проучува. Нејзините цели и задачи се сложени, а се состојат во тоа на учениците да им се овозможи точно и целосно да ги разберат и сфатат природните појави и закони како и нивната практична примена. Тоа ќе може да се постигне само ако ученикот правилно ги согледа, открије и сфати тие закони и во врска со нив донесе правилни заклучоци. Затоа наставата по физика треба да се организира така што учениците ќе можат сами да дојдат до сознанијата за законите и појавите и да ги усвојат методите со чија помош се доаѓа до тие сознанија. Природнте закони и појави не може правилно да се сфатат ако непосредно и експериментално не се доживеат. Во непосредниот контакт со разни предмети, направи, апарати, мерни инструменти и самостојно изведување на демонстрации може да се сватат односите меѓу природата и техниката. Низ овие непосредни контакти со природата и техниката и со сопствено истражување на поедни појави и апарати, учениците ќе можат да заклучат дека при секоја физичка работа е потребно и умствено размислување кое придонесува да се дојде до значајни заклучоци и резултати. Работата со апарати и материјали при изведувањето на демонстрации и лабораториски вежби овозможува да се стекнат извесни искуства во учењето преку размислвање со што се постигнува подобро да се помнат факти и податоци. Исто така низ тој процес на работа со апаратура, набљудување, предвидување, примена на податоци, формулирање и донесување на заклучоци учениците стекнуваат искства кои во врска со тоа треба да ги имаат. Тие искуства учениците ќе ги стекнат ако заедно со нив наставникот го планира нивното стекнување. При оваа планирање наставникот води сметка за правилно поставвање на целите на часот – образовните, фнкционалните, воспитните кои се доста слични за секој наставен час, па може да ги дефинираме заеднички и како такви да ги применваме:
Образовни цели: Учениците за дадените содржини да стекнат знаења со нужна длабочина, воопштеност, конкретност, нивното зацврстување и применливост.
Функционални цели: Воопштување, конкретизација, апстракција, воочување, идентификација, споредување, моделирање, формирање на претстави, откривање на причинско- последичните врски и односи, активирање, дифеенцијација, умеење и др.
Воспитни цели: Кај учениците да се формира и развива тенденција соодветните промени во природата да ги објаснуваат со законите и постапките. Да се развива позитивен став кон науката и научните сознанија и откритија како основа за објаснување на појавите во природата и за човекот како носител на тие откритија. Да се развива однос кон науката како носител на прогресот и подобрување на животот. Да се развива љубов кон истражуачката работа и користење на достигнувањата од тие истражувања.
                Планирање има битно значење, зошто ако е добро изготвено, учениците ќе имаат чувство дека тие сами го откриле начинот на кој ќе ги откријат и докажат своите мислења и ставови. Затоа при оваа планирање секогаш треба да се внимава на приодот и да се тргнува од искуствата на учениците. Поради тоа неопходно е прво да се провери какво и колкаво искуство и познавање имаат учениците во врска со некоја појава или предмет кој на часот треба да се обработува како наставна содржина, а потоа пред нив да се стави проблемот, по можност, врз база на прашања кои во текот на разговорот ќе ги поставуваат учениците. Во наставата по природните науки учениците трба секогаш да се насочуваат така да можат да го сватат единството меѓу теоријата и практиката, како физичките закони се применуваат во техниката, изградбата и усовршуањето на индустријата и др. Основа за физичките теории и научното мислење на учениците им се дават веќе со тоа што ги навикнуваме правилно да ги сфаќаат и именуват одрдени појави и величини. Така на пример, секојдневно во животот слушаат за електична енергија, но тие трба да знаат што е електрична енергија, како настанва, како се применва и како и каде се искористуваат нејзините дејства Истото тоа го правиме и со другите физички појави и величини. Демонстрациите по физика имаат големо воспитно – образовно значење и тие се едни од најзнзчајните средства и методи за испитување на природата. Секогаш можат да се најдат постапки и срдства кои може да послужат како повод за изведувње на демонстрации во наставата. Врз основа на демонстрациите учениците добиваат потврда или негација на своите мислења, сознанија и доживувања. Освен тоа при самостојно изведувње на демонстрациите тие стекнуваат навики за самостојна работа, одговорност во работата, соработка со другите и др.
Успешно изведена демонстрација кај ученикот создава самодоверба и сигурност во себе, а неуспехот го тера и натаму да врши испитувања се додека не дојде до вистинско решение на поставената задача. Бидејќи демонстрацијата има истражувачки карактер неопходно е таа да биде проследена со теории, а тоа значи дека не е доволно само набудување и мерење туку треба да се донесат и одредени заклучоци и решенија. Начинот и методот ки ќе се користат при изведувањето на заклучоците ќе зависат од содржината и условите на проблемот што се решава. Ако при неговото решавање се тргнува од општите принципи и закони и со нивна помош се објаснуваат поединечните слчаи се користи дедуктивна метода, додека кога врз база на набљудување и испитвање на посебни поедини слчаи од демнстрирањето се изведува анализа и општи заклчоци се применува индуктивна метода. И во наставата и во наката овие два методи најчесто се испреплетуваат, бидејќи тие се само дел од одинствениот процес на научни истражуања. Дедуктивнта метода може да се примени и во случај кога учениците до заклучок доаѓаат и без демонстација само со размислување. На пример, врз база на познат закон можат да дојдат до констатација дали нивното мислење може да се потврди со тој закон. Тоа важи за учениците кои веќе имаат стекнато доволно искуство врз основа на кое донесуваат одредени заклучоци. Неопходно е подолго време да се задржуваме на елементите кои меѓусебно треба да се поврзат, а сознанијата стекнати со набљудувањето и мерењата во демонстрацијата да се искажуваат со дефиниции. Посебно се значајни истражувањата и лабораториските вежби во кои се користат здобиените знаења, се опишуваат и толкуваат појавите, се носат заклучоци, се средуваат добиените резултати, се претставуваат графички и се презентираат. По поставените цели следуваат и задачи на наставните часови кои исто така воглавном се заеднички за голем број часови. Главната задача на наставните часови по физика е да се постигнат (остварат) поставените цели и ако сме го постигнале тоа, часот можеме да го сметаме за успешен.

Нема коментара:

Постави коментар