Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

АРОНИЈА



Македонија - ризница на здрава храна
АРОНИЈА
Аронијата е дрвенесто растение кое припаѓа во редот Rosales, фамилија Rosacea, подфамилија - Maloidea или јаболчесто овошје, род Aronia во кој се систематизирани два вида и тоа Aronia arbutifolia - црвена аронија и Aronia melanocarpa - црна аронија. Постои и еден природен хибрид помеѓу двата вида и тоа Aronia h prunifolia - пурпурна аронија. Од сите овие видови за практиката најголемо значење имаат сортите кои водат потекло од црната аронија (Aronia melanocarpa Michx.). Аронијата е повеќе годишна овошна култура која потекнува од Источна Азија (Монголија). Природно најмногу е распространета во земјите од бившиот Советски сојуз, а поголеми површини од производни насади од оваа култура се застапени во Русија, Украина, Скандинавските земји, Полска, Романија, Унгарија, Бугарија, Канада и др. Според градбата на надземниот дел аронијата спаѓа во џбунести растенија.

Џбунот се состои од голем број слабо развиени изданоци (повеќе од 80) со различна старост, кои секоја година излегуваат од коренот и кореновиот врат. Изданоците имаат црвенкасто - кафеава кора со впечатливи ленти цели. Леторастите се тенки, со жолта кафеава боја. Во зависност од бујноста на сортата димензиите на круната од џбунчето достигаат од 2.5 до 3 метри во висина и од 2 до 2.5 метри во ширина. Листовите се кожести, поединечни, со должина на лиската до 6 cm и ширина од 3 до 4 cm. По форма се елиптични, со фини или мали запци. Лиската има сјајно темно зелена горна површина, со светло зелена долна страна и доста наметлива боја во текот на вегетацијата, а како наесен вегетацијата одминува добиваат атрактивна портокалова, винеста до пурпурно луминисцентна црвена боја.

Цветовите се со бела боја и големина до 1.5 cm, собрaни во соцветие во вид на китка со голем број на цветови (повеќе од 20). Тие се хермафродитни, содржат и машки и женски полови органи. Попрашувањето се врши главно преку инсекти.

Плодовите во текот на вегетацијата се зелени, а со созревањето добиваат винесто црвена боја за да при полна зрелост постанат потполно црни. Тие имаат округла форма во вид на бобица, групирани се во соплодија со по 10 до 20 плода. Во зависност од сортата и технологијата на одгледување плодовите постигаат големина од 6 до 10 mm. Според начинот на формирање на плодовите аронијата спаѓа во групата на јаболчесто овошје а според изгледот и цврстината може да се групираат во јагодесто или ситно овошје. Со својот изглед во текот на вегетацијата и наесен пред опаѓањето на листовите џбунчето е доста атрактивно и може да послужи како декоративно растение за разубавување на просторот. Кореновиот систем е јако разгранет и компактен во површинскиот слој, а во подлабоките почвени слоеви коренчињата се слабо разгранети. Корените во хоризонтален правец се распространуваат од 3 до 4 m, а во длабочина достигаат од 60 до 100 cm. Аронијата е култура која што не е могу пробирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцесии па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата потребно е температурна сума над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви. За успешно одгледување на оваа култура и постигнување на оптимални и квалитетни приноси количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 mm, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не е голем пробирач, успева на песокливи но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Поради неј­зи­ната кисе­лост, само црве­ната аро­нија се прак­ти­кува да се козу­мира свежа, биде­јќи е послатка. Можете да замр­знете опре­де­лена коли­чина и потоа да ја кон­су­ми­рате во текот на годи­ната. Нај­многу се кори­сти сушена, за џем, слатко, чаеви, сокови, сирупи, а од неа се прави и вино. Неј­зи­ниот екстракт се кори­сти и како дода­ток на многу јадења, нај­че­сто десерти и во ово­шни јогурти. Во меди­ци­ната има и пого­лема при­мена, поради мно­гу­број­ните леко­вити деј­ствија кои ги има. Спи­со­кот на неј­зи­ната при­мена е многу долг. Се кори­сти за подо­бру­вање на цир­ку­ла­ци­јата, помага при срцеви забо­лу­вања и во пре­вен­ција на дија­бе­тес. Борец е про­тив сите ури­нарни забо­лу­вања и дури е и пое­фи­ка­сна од бру­сни­цата. Се кори­сти за регу­ли­рање на крв­ниот при­ти­сок, за заштита од настинки и гри­пови, за заштита од разни видови на рак и за негово леку­вање, како и за при­звод­ство на добриот холе­сте­рол во орга­ни­змот. Се кори­сти во лекови за диге­стив­ниот систем, за црниот дроб и разни воспа­ле­нија. Таа е една од најпо­зна­тите рас­те­нија за доби­вање на боја. Уште во мина­тото ја кори­стеле и сѐ уште се кори­сти за таа намена. Од неа се добива нај­тем­ната боја што може да се добие од рас­те­нија. Помага во регу­ли­рање на теле­сната тежина. Неј­зи­ните состојки не дозво­лу­ваат скла­ди­рање на масти во орга­ни­змот. Ова рас­те­ние е отпорно на пара­зити, инсекти, зага­ду­вања, боле­сти, суша и ниски темпе­ра­тури. Може да издржи и темпе­ра­тури од дури –45. Обезбедува заштита од УВ зраците и радиоактивното зрачење (што е посебно значајно за сите кои постојано користат компјутер, мобилен телефон, а исто така и ТВ). Има подмладувачки ефект (како за кожата, така и за организмот). Помага при алергии. Го намалува нивото на лачење на хормоните за стрес. Има тоничен ефект врз организмот и тоа: ја зголемува виталноста, помага во надминување на заболувања, скршеници, помага при исцрпување од премногу работа така што ги потттикнува мускулите и коските на регенерација (обновување), а како заокружување на овај ефет е тоа што го подобрува и метаболизмот.

Содржи висока количина на јод и е незаменливо корисна при заболувања кои настануваат како резултат на недостаток на јод.

Нема коментара:

Постави коментар