Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

КОСТЕН


МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
КОСТЕН

    Дрвото на костен било познато во Кина и во Јапонија многу години одамна пред Римската легија да го донесе во Европа. Печени или варени, на повеќето луѓе костените им се омилено јадење. Печени костени се продавале на улиците во Рим во 16 век, исто како што се продаваат и денес кај нас и во многу европски градови. Плодот на костенот е многу хранлив, но тешко сварлив. Во 100 грами костен 2 g масти, 8,1 g растителни влакна, 2 g протеини, 45 g јаглени хидрати. Од минералите најзастапени се натриумот и калиумот, а од витамините C и B 12. За разлика од другите јаткасти плодови, костенот има мал процент масти, високо ниво на скроб и само тој содржи витамин С. Поради високото ниво на скроб, од костенот може да се добие и брашно, кое измешано со жито може да се користи за правење леб и разни печива. За правење слатки, најмногу го користат Италијаните и Французите. Брашното од костенот, лесно се вари и е идеално за исхрана на стари лица и деца. Овие плодови се богати со калиум и фосфор, а содржат калциум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган. Костенот е продукт со висока енергетска вредност. Во 100 g печен костен има  245 калории. Печените за разлика од варените имаат поголема енергетска вредност, содржат повеќе белковини, масти, витамини и двојно повеќе јаглени хидрати. Содржат витамин Е и фитохемикалии, кои не се застапени во сварениот костен. Варениот костен содржи поголемо количество минерални состојки.
 Освен питомиот костен, лековито дејство има и дивиот костен. Тој за разлика од питомиот, не се јаде поради горчливиот вкус. Дивиот костен содржи од 40 % до 60 % скроб, 8 % до 28 % сиров сапонин (escin), околу 9 % шеќер, 8% до 10 % белковини, 2,5 % do 7 % масло, 2 % танин. Се користи за добивање на скроб, од кој со хидролизација и ферментација може да се добие алкохол или млечна киселина. Ако алкохолот се изолира од семето, може да се користи за перење, за нега на косата и за изработка на козметички производи, па дури и како состојка во апаратите за гаснење пожар. Поради лековитите својства, се користи во производство на фармацевтски производи, а првенствено за лекување венозни заболувања - проширени вени, хемороиди, тромбофлебитис.
ЛЕКОВИТОСТ:
Чајот од листот на костенот во народната медицина се употребува за лекување на магарешка кашлица, бронхитис, астма и на сличните тешкотии со дишните органи. Кората од костенот и дрвото се богати со танин (содржат повеќе од 10% танин), па се употребуваат како адстрингенси. 

ПОДГОТВУВАЊЕ ЈАДЕЊА ОД КОСТЕНИ
Костените печени на оган се најпривлечна есенска посластица. Излупените костени може да се варат, пошираат во црвено вино или во млеко, да се динстат на путер за украсување на јадења. Пирето од костени може да се додаде во супи или сосови што се послужуваат со дивеч. Пирето од костени со додавање на шеќер и шлаг се претвора во многу вкусен десерт.
ОБИДЕТЕ СЕ ДА ЗГОТВИТЕ
 КОСТЕН ТОРТА
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 
1 кесичка парфе крем од чоколадо; 600 ml млеко; 2 јајца; 2 belki; 70 g шеќер; 60 g брашно; 20 g нишесте (густин); 20 g какао; 500 g засладено пире од костени; 100 g темно чоколадо - за готвење; 100 ml слатка павлака; 1 лажица рум;
ЗА УКРАСУВАЊЕ:
300 g темно чоколадо; 200 ml слатка павлака; 1 портокал.
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги брашното измешано со густинот и какаото. Додадете го снегот од белките и малку измешајте го. Така подготвено тесто печете го во намастен калап за торти ( 26 cm ) околу 25 min во рерна загреана на  180 °С. За филот зовријте ја павлаката, тргнете ја од ринглата, па додадете ги во неа румот и чоколадото искршено на парчиња. Добро мешајте додека не добиете компактна смеса, па изладете ја. Потоа во неа додадете го пирето од костени и добро измешајте ги. Во висок сад сипајте го млекото. Во млекото додадете ја содржината од кесичката парфе крем и измешајте ги. Смесата матете ја со миксер до саканата густина. Изладеното тесто премачкајте го со филот од костени, а врз него распоредете го парфе кремот и сето тоа добро изладете го.  За глазурата чоколадото искршете го, па на пареа стопете го. Слатката павлака зовријте ја, па додадете ја во стопеното чоколадо. Тргнете го од ринглата и мешајте додека не добиете компактна маса.  Со неа прелијте ја тортата и оставете ја да се стврдне. Украсете ја со чоколадни парчиња и со исечениот портокал.


Прва костенијада во Ново Село - 04.12.2011  Општината Ново Село годинава за прв пат ја организира манифестацијата „Фестивал на смоларскиот костен“, чија цел е промовирање на алтернативниот туризам во овој крај.



Нема коментара:

Постави коментар