Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

уторак, 17. јул 2012.

ВРЕДНА МРАВКА

ВРЕДНА МРАВКА

Си живеела еднаш една среќна и вредна мравка која секој ден доаѓала рано наутро, прва на работа. Цел ден работела вредно, била весела ведра и додека работела си потпевнувала весели песнички. Таа била среќна додека работела и нејзините резултати биле одлични. Но, работела без насоки, затоа што немала шеф. Затоа господинот стршлен, директорот на фирмата, одлучил дека таквата ситуација не може да потрае и ја вработил буба марата, која имала големо искуство во управувањето.
Првата грижа на буба марата била да организира следење на доаѓањето и заминувањето од работа на мравката. За таа цел вовела систем за евиденција на доаѓање и напуштање на работното место. Поради зголемениот обем на работа околу документацијата вработиле и секретарка која што подготвувала документи и извештаи.
Пајакот, кој бил поставен на таа функција, веднаш воспоставил систем на архивирање и станал одговорен и за преземање на телефонските повици.
Во меѓувреме среќната мравка само си работела и си работела..... Директорот стршлен бил воодушевен од извештаите што ги добивал од буба марата и наскоро посакал споредбени студии со графикони и анализи на трендовите на развој.
Поради зголемениот обем на работа неопходно било да вработат и крт кој директно би му помагал на директорот, па затоа веднаш му купиле нов компјутер и печатач.
Набргу среќната мравка почнала да се жали на таа административна војска со која морала да се бори. Директорот увидел дека е потребно веднаш да се реагира.
Креирал ново работно место, шеф на службата, кој директно би ја надгледувал среќната и вредна мравка. На новото работно место го вработил штурецот кој веднаш по доаѓањето го сменил целокупниот мебел во канцеларијата и си набавил соодветно обликувана столица и нов компјутер со ЛЦД екран.
Бидејќи пораснал бројот на компјутери, морало да се купи и да се инсталира мрежен сервер.
Новиот шеф на службата сфатил дека итно му е потребен помошник (кој му бил помошник и во претходната фирма) за подготвување на стратешки нацрт за управување и пресметки во фирмата.
Во позадината на целата приказна мравката била сè помалку среќна и сè помалку продуктивна.
Шефот, штурецот со воодушевување заклучил дека треба да се изготви студија за социјалното расположение и задоволството на вработените во фирмата.
Кога директорот, стршлен ги погледнал бројките, сфатил дека фирмата во која работела среќната и вредна мравка, повеќе не е рентабилна како порано и длабоко се замислил.
Изнајмил елитен советник, господинот буф, кој требало да направи детална ревизија на фирмата и да предложи решение за подобрување на рентабилноста, за фирмата да работи рентабилно како порано.
Господинот буф по тримесечно детално анализирање на односите во фирмата, на директорот му го предал следниот извештај: „Во фирмата има премногу вработени!“.
Директорот стршлен ја прифатил стручната анализа и веднаш ја отпуштил мравката.

Поука

Никогаш немојте да бидете среќна и вредна мравка. Многу повеќе се исплатува да се биде неспособен и ништо да не се работи. Неспособните немаат потреба од сопствен надзорник.

Ако покрај сè сте продуктивни, немојте да покажете дека сте весели додека работите, бидејќи за тоа нема оправдување.

Ако сепак сакате да сте вредна мравка, отворете сопствена фирма и така нема да морате да работите за стршленот, бубамарата, пајакот, кртот, штурецот и бувот.

За жал, целата приказна се темели на научни истражувања кои велат дека повеќето луѓе сепак тежнеат кон паразитски живот.
МОДЕРНА ВЕРЗИЈА - ШТУРЕЦОТ И МРАВКАТА
Било пролет и мравката си работела во нивата. Поминал штурецот со џип и со две згодни риби.
- Мравко, ај со нас ќе одиме на планина да се журкаме.
- Не можам, ќе дојде зимата ќе мора нешто да јадам.
Дошла есен и мравката пак си била во нивата. Пак поминал штурецот со џип и со две други згодни риби.
- Мравко, ај со нас ќе одиме некаде на топло да се бањаме, ќе се зезаме, женски, пиво, журки...
- Не можам, еве работам, еве ја зимата, ќе мора нешто да се јаде.
Дошло зима, мравката си седела во својот топол дом, си грицкала семки и гледала телевизија. Кога на вратата тропнал штурецот во скијачко одело и со две други риби.
- Мравко, ај со нас на скијање.
- А бе не можам... одете вие... ама ако го сретнете оној писателот Лафонтен, кажете му дека ќе му .... ....., каже те му дека никогаш нема да му простам.

ПОУКА:
За премногу работа награда можете да добиете само во басните на Ла Фонтен.

1 коментар:

  1. Жан де Лафонтен (француски: Jean de La Fontaine; 8 јули 1621 - Париз, 13 април 1695) бил француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни.Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет,раскажувач, романсиер и комедиограф. Се родил во градчето Шато, а школувал во родното место и во Париз. На 20-годишна возраст стапил во братството на орторијанците со намера да стане духовно лице. По една година се откажал од таа намера и се запишал на правниот факултет во Париз. По завршувањето на студиите бил примен за адвокат во парискиот Парламент. Ни оваа професија не му се допаднала, па се насoчил кон античките писатели и писателите од ренесансата.

    ОдговориИзбриши