ОД ЛОШО ПОЛОШО
Некогаш одамна, тргнале луѓе на
крстарење со брод. Патувале така извесно време, кога на отворено море ги
зафатила силна бура. Огромните брановите си поигрувале со бродот како
со лушпа од орев. Патниците биле крајно вознемирени, а помошникот на
капетанот со сите сили се трудел да ги смири. Во целата таа напната
ситуација, најмногу се трудел околу еден патник, човек во своите
најдобри години, кого не само што бил вознемирен, туку го фатила паника и
хистерија. Вриштел на цел глас, кукал над својата судбина, плачел, се
тресел од страв и трчал по бродот како без глава. Со своето однесување
уште повеќе ги вознемирил останатите патници и помошникот на крај
незнаејќи што повеќе да прави со него, отишол кај капетанот и му ја
објаснал целата ситуација. Капетанот смирено му рекол дека сам ќе ја
среди ситуацијата. Отишол кај морнарите, им наредил да му облечат
сигурносен елек и им рекол: -Фрлете го в море! Неколку секунди морнарите
го гледале уплашено, но го послушале , му облекле елек и го фрлиле в
море. Се случило уште полошо. Очајно мафтајќи со рацете патникот уште
повеќе почнал да урла на цел глас барајќи помош. Капетанот повторно
издал наредба: -Извлечете го на палуба! Морнарите го извлекле
избезумениот патник, и на големо чудење на сите патници...овој конечно
смирен, се стуткал во еден ќош занемен без да испушти и глас. Помошникот
збунет, го прашал капетанот како знаел дека патникот ќе се смири на тој
начин, а капетанот му одговорил: ЧОВЕКОТ Е НАЈГЛУПАВОТО НЕШТО ОД СИТЕ
ЖИВИ СУШТЕСТВА...НИКОГАШ НЕ ЗНАЕ КОЛКУ Е СРЕЌЕН СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ВО
ПОЛОША СИТУАЦИЈА!!!
Нема коментара:
Постави коментар