Летен и зимски солстициј - Во летен солстициј
(или летна повратна точка) Сонцето ја достигнува својата највисока
положба над небесниот екватор (гледано од северната хемисфера на
Земјата). Тоа е периодот околу 21 јуни, кога на северната полутопка
почнува лето, а на јужната зима. Тогаш, на местата кои се наоѓаат на
северна географска ширина од 23,45 степени, точно на пладне сончевите
зраци паѓаат под агол од 90 степени. На северниот Пол, точно на пладне,
Сонцето се наоѓа на висина од 23,45 степени, а Јужниот Пол е во темница
(во Скопје: 90 – 42 + 23,45 = 71,45 степени).
Нема коментара:
Постави коментар