Деветтиот месец во годината е септември.
Со овој месец започнува есента и тоа околу 23-от ден во месецот. Во
овој месец се забележува дека деновите стануваат пократки и постудени.
Во астрономијата е важен заради есенската рамноденица, кога Сонцето од
северната се префрла на јужната полутопка и со тоа почнува есента. Името
на месецот потекнува од зборот septem што значи „седми месец“ (во
римско време тој и бил седми месец). При реформата на Цезар на месецот
септември му се додадени два дена, така да месецот имал 31 ден. Во
осмата година п.н.е., при преименувањето на месецот Sextilis во
Augustus, месеците јули, август и септември имале по 31 ден. Сенатот не
можел да си дозволи три месеци по ред да имаат по 31 ден и затоа решиле
на септември да му скратат еден ден. Јули и август биле поштедени затоа
што ги носеле имињата на Јулије Цезар и неговиот посвоен син.
Нема коментара:
Постави коментар